КАФЕ ПАУЗА

Tag: честитка

  • Направете „дождовна“ честитка

    Направете „дождовна“ честитка

    Еве една супер идеја за честитка што можете да ја направите сами за нечиј роденден кој е токму овој месец или по некој друг повод кој е во овој период. Покажете им ја и на вашите дечиња, па и тие нека се обидат да ја направат за своите другарчиња, баби или дедовци.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Колажна хартија
    • rn 011

    • Ножички
    • rn 011

    • Лепак
    • rn 011

    • Маркери
    • rn 011

    • Водени бои
    • rn

    rnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Постапка:

    rnЗемете бел лист хартија кој ќе ви биде честитка и превиткајте го на два еднакви дела. Потоа, земете еден од колажните листови во боја и свиткајте го како хармоника, па соберете го и свиткајте го на пола и залепете го на средината од честитката, како на сликата. Потоа, под хартијата која ја залепивте (а која претставува чадор) нацртајте му рачка на чадорот и девојче или момче кое го држи чадорот.rnrnМожете дополнително да ја украсите вашата честитка и да додадете капки дожд, суви лисја и друго според вашата желба и креативност.rnrnЗа уште поинтересна честитка, на ликот кој го држи чадорот, може да му залепите пластични очи.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrnrnСе чувствувате креативно? Сакате да изработите уште нешто? Погледнете ја оваа прекрасна декоративна кутија со лалиња која може да биде одличен подарок со личен печат.

  • Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?

    Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?

    Сите ги сакаме празниците, сите сакаме да добиваме подароци, но и да ги радуваме нашите најблиски со подароци и честитки. Овој забавен тест ќе ви покаже што кажува за вас вашиот стил на новогодишни и божиќни честитки. Одберете ја честитката која би сакале да ја испратите или добиете, кликнете на неа и видете што кажува за вас како личности.rnrn[column col=”1/3″]1-zabaven-test-shto-kazhuva-vashata-omilena-praznichna-chestitka-za-vas-www.kafepauza.mk_[/column]rnrn[column col=”1/3″]Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?[/column]rnrn[column col=”1/3″]Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?[/column]rnrn[column col=”1/3″]Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?[/column]rnrn[column col=”1/3″]Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?[/column]rnrn[column col=”1/3″]Забавен тест: Што кажува вашата омилена празнична честитка за вас?[/column]rnrn

  • Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Сигурно ви е познато изговарањето Sretan Božić на српско-хрватски, Feliz Navidad на шпански или Joyeux Noël на француски јазик, но дали можете да им посакате Среќен Божиќ на вашите најблиски на некој друг јазик?rnrnИнтересно е како нехристијанските општества ја интегрираат оваа честитка во нивната култура. Така на пример, нема вистински еквивалент на „Среќен Божиќ“ во јапонскиот јазик, па затоа Јапонците решиле речиси целосно да ја преземат англиската варијанта, па нивната честитка гласи Merii Kurisumasu.rnrnСлушнете како се пишува и изговара празничната честитка на 24 различни јазици и обидете се да запомните некоја, за ги изненадите блиските.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малечко девојче со слатка роденденска порака за нејзиниот татко

    Малечко девојче со слатка роденденска порака за нејзиниот татко

    Малечката Александриjа со сигурност ќе му го подари најубавиот подарок на својот татко за овој роденден. Видеото во кое таа кажува колку многу и зошто го сака е вистински интернет хит, па за само неколку дена е погледнато околу 335.000 пати.Малечко девојче со слатка роденденска порака за нејзиниот таткоВо едноминутното видео таа ги носи дресовите од омилените спортски тимови на нејзиниот татко и гласно навива за нив.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти

    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти

    Слатките торти понекогаш може да донесат и горчливо искрени пораки, но барем и понатаму се вкусни. Погледнете како некои луѓе се осмелуваат да им честитаат роденден, годишнина, бременост или едноставно да им соопштат некоја важна новост на блиските.rnrn

    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Донесуваш лоши одлуки кога си пијан.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Не ти е гајле за никого освен за себеси.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Среќен роденден Џејсон. Иако ти не направи ништо за мојот, сепак те сакам.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Здраво со еден десерт во момент кога месецот и денот нумерички се совпаѓаат со твоето исфрлање од матка
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Извини што мислев дека си женско
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Ако ништо друго, барем си убава
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Честитки за тинејџерската бременост
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Честито за сексот
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Среќна 3-годишнина! Зошто уште не си ме запросил?
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Фала за сета „тешка работа“ што ја заврши. Можеш да си ја ставиш тортава во резимето.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Жал ми е што спиев со мајка ти
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Погоди кој е геј
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Извини што ти го ставив во газ
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Се надеваме дека нема да успееш. Ти си веќе мртов за нас.
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Правиш мојот пенис да се чувствува одлично
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Е*и се Џејмс
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Стар си и имаш мал пенис!
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Не ми е гајле за ништо, сакам само чоколадо и M&M бонбони!
    rnrn
    Горчливо искрени пораки испишани на вкусни торти
    Изгуби се од тука
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Искомпонирајте уникатна музичка честитка за вашите пријатели

    Искомпонирајте уникатна музичка честитка за вашите пријатели

    Во период кога од сите страни фрчат новогодишни честитки, полнејќи ги поштенските, но многу повеќе електронските сандачиња, треба да смислите навистина креативен начин на посакување среќни празници за да се истакнете меѓу останатите.rnrnIncredibox ви нуди одлична можност за тоа. Тоа е сервис кој вклучува предефинирани музички ритми, мелодии, испеани исечоци и ефекти, кои имате можност да ги миксате како сакате и скоро секогаш ќе добиете одличен резултат. Ликовите се моментално во новогодишно расположение, со црвени капи, па вашето музичко дело и одлично ќе изгледа и со сигурност ќе ги расположи вашите пријатели. И не само тоа, тек кога тие ќе се заиграат, на креативноста и забавата нема да може да ѝ дојде крај.

    Искомпонирајте уникатна музичка честитка за вашите пријатели
    Клик на сликата и почнете да компонирате!
    Алатката е многу лесна за управување: влечете ги саканите звуци, додавајте нови, отстранувајте ги оние кои не се вклопуваат во вашата композиција, паузирајте ги и повторно вклучувајте ги, а кога добро ќе се извежбате, стиснете го копчето Rec и храбро снимете ја вашата уникатна новогодишна честитка. На крајот посветете ја и испратете ја по имејл или пак развеселете ги сите ваши пријатели на социјалните мрежи споделувајќи го делото директно на вашите профили.rnrnЕве како звучи најдобрата музичка композиција креирана на Incredibox:rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?

    Прекрасно е чувството кога подарувате некому нешто, но и кога добивате подарок од некого, особено ако станува збор за личност која ви е многу блиска и драга. Подарокот секогаш треба да биде подарен со намера, односно зад него да стои некаква мисла. Може да го давате со цел да ја искажете љубовта која ја чувствувате, да кажете колку личноста ви значи, да се извините или да барате простување.rnrnСпоред едно истражување во Америка, две третини од жените сакаат да им биде подарена љубовна честитка, но помалку од петтина од мажите го прават тоа. Мажите многу често за своите девојки или сопруги избираат погрешни подароци или ги даваат со погрешна намера. Кога и зошто се случува тоа?rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnГледаат подароците да бидат скапи – Во денешно време како луѓето да се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе пари на нешто. Во ред, парите се важни, но не се единствената работа која е важна. Подарокот не мора да чини многу ниту да има етикета од позната марка. Ако парите се пресуден фактор според кој одбирате подарок ќе постигнете спротивен ефект.rnrnЗабораваат на малите работи – Под подарок не се подразбира само скап накит и парфеми, подарок е вашето внимание и картичка на која ќе пишува „Те сакам“. Жените сакаат цвеќе и картички, а мажите најчесто не ги купуваат.rnrnЗа подарокот не мора да има повод – Не мора да го чекате нејзиниот роденден или да чекате да дојде Божиќ за да ѝ подарите нешто. Кога подарокот е неочекуван станува уште посладок.rnrnНе посветуваат внимание на тоа каква личност е таа – Многумина го подаруваат она што најчесто се подарува во филмовите или она што нивните другари им го подаруваат на своите девојки. Можеби има некои универзални подароци, но секоја девојка е посебна, па третирајте ја како таква! За да ѝ подарите нешто треба да знаете каква е таа како личност, што ѝ се допаѓа а што не, дали преферира бели или црвени рози и дали воопшто сака цвеќиња или повеќе би се израдувала на плишано мече.rnrnШто е тоа што жените го сакаат а мажите не го купуваат?rnrnВистина е дека жените сакаат добри парфеми, убав накит, модерна облека, ако го негираме ова најверојатно би излажале. Но би се зачудиле колку девојките го ценат вниманието кое сте им го посветиле давајќи им малечки подароци како цвеќе, љубовни честитки, чоколадни тортички… Подарокот е знак на внимание, искажување љубов, израз на вашето мислење за неа. Кога еднаш ќе тргнете со помислата дека купувањето подарок е рутина која ви ја наметнува општеството, па затоа мора да ја направите (нели сите купуваат подароци), или кога ќе помислите дека мора да ѝ купите нешто за да ја задржите, токму тоа е моментот кога романтиката и љубовта избледуваат.

  • Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

    Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnЗаборавете на обичната и досадна роденденска честитка. Кога баба Маргарет и дедо Боб му посакуваат роденден на својот внук, тие тоа го прават со стил. Неповторливото дуо оваа година се одлучи за џез песна наречена „Блуз за 18 годишниот роденден“. И покрај тоа што има неколку необични стихови како „ти си сега маж… каква пица ќе одбереш“, сепак песната е многу интересна и само после едно слушање веднаш ќе ја засакате. Дедо добро се снаоѓа со клавирот и изненадува со неговиот неверојатен глас, додека пак баба… па, таа танцува одлично.rnНезаборавна роденденска честитка од баба и дедо НелсонСекако песната нема да биде целосна доколку нема некаков вид мудар совет. „Размислувај повеќе за тоа што ќе го правиш, а помалку за тоа што нема да го правиш“, пее дедо Боб. Како што доаѓа крајот на видеото, има многу интересен коментар од баба Маргарет. Таа вели: Ох, ова ќе биде лошо.“ И покрај тоа што Џош бил малку засрамен од оваа уникатна роденденска честитка, баба и дедо Нелсон за кратко време станаа голем хит на Јутјуб и си го пронајдоа своето место во срцата на сите оние кои ги гледаа. Дедо Боб дефинитивно беше во право за една работа, роденденот на Џош се појави на вестите.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ангелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празници

    Ангелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празници

    Петте беспрекорни убавици и овојпат не заборавија да нè поздрават со слатка и заводлива новогодишна честитка. Со празнично видео, во кое тие се обидуваат да ја испеат песната „Jingle Bells“, ни посакуваат среќни празници.Ангелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празнициИако, ова не им оди многу добро на сите пет, нивните обиди се слатки, а нивната појава, провокативна, како и секогаш. Па, среќни празници!Ангелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празнициАнгелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празнициАнгелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празнициАнгелите на Victoria’s secret ни посакуваат среќни празнициrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историјата на новогодишните честитки

    Историјата на новогодишните честитки

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnДали некогаш сте се запрашале каде и кога се настанати првите новогодишни честитки? Кој ја испратил првата новогодишна честитка и што имало на неа?Историјата на новогодишните честиткиПрвата новогодишна честитка настанала и била испратена во Англија во 1843 година. Џон Калкот Хорсли ја испечатил за неговиот пријател, Сер Хенри Кол, кој всушност му ја дал идејата.rnrnСер Хенри Кол, богат англиски бизнисмен, сакал да има картичка, која ќе може гордо да им ја испрати на своите пријатели и соработници за да им посака Среќен Божиќ. На картичката било претставено типично англиско семејство кое ужива во празниците и им помага на сиромашните, што било значаен дел од викторијанскиот божиќен дух. Илјадници копии од картичката биле испечатени и се продавале по цена од еден шилинг. Ова е првата новогодишна честитка што се печатела и се продавала низ широката народна маса. Историјата на новогодишните честиткиЕве уште неколку интересни факти поврзани со новогодишните честитки:rn

      rn011

    • Во 1846, 1.000 честитки со истиот мотив како првата создадена новогодишна честитка, биле продадени по цена од еден шилинг во Ризницата на Феликс Самерли (под кој псевдоним всушност се крие Сер Хенри Кол) на улицата Бонд.
    • rn011

    • Поштарите во викторијанска Англија, меѓу народот биле познати како „robins“ (црвеношијки), заради нивната униформа во црвена боја.
    • rn011

    • Најчестиот мотив на викторијанските честитки бил поштар што носи Божиќна пошта.
    • rn011

    • Во 19- от век, Британската поштенска служба имала обичај да ги испраќа честитките на Божиќното утро.
    • rn011

    • Првата Божиќна поштенска марка настанала во Канада, во 1898.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.