КАФЕ ПАУЗА

Tag: Чешка

  • 5 евтини дестинации за патување во 2023 година

    5 евтини дестинации за патување во 2023 година

    Сигурно сте го забележале фактот дека луѓето патуваат повеќе од кога било досега. Една од причините за тоа е и пандемијата која го погоди целиот свет, па не е ништо чудно што луѓето се желни за нови патувања и откривање нови места. Туристичките агенции веќе работат со полн капацитет, а сè што треба да направите е да го изберете посакуваниот термин и место, бидејќи речиси секој викенд има нови дестинации. Во продолжение прочитајте кои земји ги издвоивме како достапни и евтини дестинации за патување во 2023 година.rn

    Турција

    rnРепублика Турција е евроазиска земја која се наоѓа во југоисточниот дел на Европа и југозападниот дел на Азија (Мала Азија). Задолжително посетете го Истанбул, прекрасната турска престолнина. Ќе бидете воодушевени од културата, храната и турското кафе, а крстарењето со брод по Босфор ќе ви понуди прекрасен поглед кон градот.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Бугарија

    rnБугарија е една од најевтините дестинации во Европа и секој нејзин дел е посебен за истражување. Задолжително посетете го главниот град Софија, но и други мали градови каде што можете да ги истражувате знаменитостите и културата.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Романија

    rnРоманија е земја во Југоисточна, делумно во Централна Европа која се карактеризира со разновиден пејзаж, од ридови и планини до плажи. Она што е исклучително привлечно за оваа земја е националната кујна и затоа мора да пробате некои од нивните локални јадења.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Чешка

    rnЧешка, официјално Чешка Република, е земја во Централна Европа, која се граничи со Полска на североисток, Словачка на југоисток, Австрија на југ и Германија на запад и северозапад. Главен град на Чешка е Прага, кој се нарекува и Златен град и град на сто кули. Посетете го Стариот град и Карловиот мост, како и музејот Кафка. Чешка е првата земја во светот според количината на консумирање пиво по жител годишно. Затоа, не пропуштајте да го пробате нивното пиво!rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrn

    Унгарија

    rnУнгарија и нејзиниот главен град Будимпешта се дел од дестинациите што мора да ги видите барем еднаш во животот. Се одликуваат со прекрасен пејзаж, локална храна, архитектура… Освен тоа, оваа земја е посебно позната по фактот дека овде се наоѓа езерото Балатон, најголемото во Централна Европа. Во зависност од тоа како патувате, можете да најдете хостели во кои можете многу евтино да преноќите.rnrn5 евтини дестинации за патување во 2023 годинаrnrnОткако прочитавте за нашиот избор на евтини дестинации за патување во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

    Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

    Скај 721 е највисокиот пешачки мост во светот. Бројката 721 се однесува на должината на мостот кој се наоѓа во селото Долни Морава во Чешка.rnrnКаде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?rnrnМостот е широк само 1,2 метри, а на највисоката точка се издига до 95 метри. Затоа, нека не ве чуди фактот дека не е наменет за оние кои се плашат од височина.rnrnКаде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?rnrnОсвен тоа, мостот е опкружен со прекрасна природа и нуди спектакуларен поглед кон планината Кралицки Снежник.rnВо непосредна близина на мостот се наоѓа видиковец, висок 55 метри, а тука е и патеката позната како Bridge of Time (Мостот на времето), каде се наведени историските атракции во овој крај.rnrnСкај 721 ја доби титулата највисок пешачки мост, а досегашниот рекордер беше мостот Баглун Парбат, долг 567 метри на реката Кали Гандаки во Непал.rnrnМостот ќе биде официјално отворен за јавноста во мај оваа година.rnrnОткако прочитавте каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 стари европски мостови треба да ги видите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Цермат, Швајцарија

    rnПоголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Рејкјавик, Исланд

    rnЗа многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Абиско, Шведска

    rnДоколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Халштат, Австрија

    rnХалштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Прага, Чешка

    rnВо Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrnrnДоколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и  за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • Оваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна порака

    Оваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна порака

    За многумина од нас, верувањето во духови остана во детството и заврши. Сепак, мистериите за животот и смртта предизвикуваат љубопитност, па дури и „најзрелите“ меѓу нас не можат да одолеат на морничавите приказни и мистичните дестинации. Доказ за тоа е малиот град Луково во Чешка.rnrnСтанува збор за старата напуштена црква Св. Џорџ од 14-тиот век која преживеала војни и многу пожари. Последен пат била во употреба во 1968 година, кога дел од таванот се расипал и паднал за време на погреб, плашејќи го локалното население до тој степен што тие престанале да одат во црква.rnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОставена сама на себе и природата, црквата пропаднала и неколкупати многу вандали земале скапоцености од неа и оставиле графити зад себе. Навидум друга заборавена зграда со многу трева, трошна фасада и мрачен изглед. Меѓутоа, ако се искачите и погледнете низ прозорецот, ве чека уште пострашна сцена.rnrnЧовечките фигури облечени во бело платно седат неподвижни, но нивните лица не се видливи затоа што не постојат. Влегувањето во црквата придружено со крцкање на подовите и чувството како некој да ве гледа, остави многу посетители пред вратата кои се премногу исплашени да влезат.rnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnИако сцената е застрашувачка, таа е „само“ уметнички проект на Џејкоб Хадрава, кој ја постави својата изложба тука за да го врати животот на напуштената црква. Со цел подобро да ги имитираат човечките тела, силуетите ги користеа вистински луѓе, а специјалното слабо осветлување навечер дава дополнително страшна глетка.rnrnАвторот сакал да ги претстави душите на Германците кои живееле на овие простори пред Втората светска војна и на тој начин да ги потсети луѓето на историјата на местото и црквата.rnrnНеговата постојана изложба започна да привлекува се повеќе посетители и постои надеж дека донациите ќе помогнат во обновата на црквата. Единственото прашање што останува е дали потенцијалното обновување на црквата ќе го наруши тоа автентично, плашливо искуство.rnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnОваа напуштена црква каде што сите виделе духови крие моќна поракаrnrnПрочитајте за овој медитерански град кој е единственото место во светот каде што растат овие необични рози.

  • Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

    Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

    Во денешно време постојат многу разни видови спа-центри, кои нудат услуги благодарение на кои вашата кожа и тело ќе станат поздрави и поубави. Доколку сте запознаени со третманите базирани на природни состојки, време е да чуете за нешто ново – спа-третман со пиво. На љубителите на пиво, сигурно ќе им се допадне оваа идеја.rnrn(1) Спа-третман кој е рај за сите љубители на пивоrnrnВеќе неколку години, третманот со пиво се популаризира во Европа и Америка, за кој експертите тврдат дека може да го подобри вашето здравје. Низ европските држави, а особено во Чешка и Германија посетителите на спа-центрите одат за да се брцнат во када полна со медицинско пиво. Големите метални кади или буриња се исполнети со минерална вода, пиво, хмељ и квасец.rnrnСпа-центар кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пивоrnrnОвој третман води потекло од античките Римјани и и зад него има научно објаснување. Пивото мора да биде загреано на температура од точно 34 степени Целзиусови, којашто помага да излезат токсините низ порите. Хмељот ја ексфолира кожата, а пивскиот квасец го храни телото со витамини. Третманот исто така може да помогне во борбата против акните, да ја намали тензијата во мускулите, да ги згрее зглобовите и да го подобри имунолошкиот систем.rnrnСпа-центар кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пивоrnrnСе прашувате какво е чувството да се капете во пиво? Можеби е малку чудно кога ќе сфатите дека вашето тело е опкружено со пивски меурчиња, но истовремено може да биде и забавно, бидејќи додека се релаксирате можете и бесплатно да пиете пиво.rnrnСпа-третман кој е рај за сите љубители на пиво rnrnПиварницата Чодовар во Чешка нуди 20-минутно капење во нивното специјално подготвено светло пиво. Потоа, ве виткаат во удобно волнено ќебе, во кое се одморате. Во хотелот „Bahenec“ во Чешка пак, прво одите во сауна, потоа се потопувате во буре со пиво со вртежи, околу кое има кригли и пиво на точење, а потоа легнувате во кревет со слама во кој треба да дремнете. Во австрискиот хотел „Moorhof’s“, се капете во светло пиво со 2% алкохол, направено од локалната пиварница „Schnaitl“. После капењето, ве виткаат во крут бел чаршав и ве легнуваат во куп топло сено од луцерка.rnrnСпа-третман кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кои земји се пие највеќе пиво?

    Во кои земји се пие највеќе пиво?

    Мислевте дека Германците се најголеми пивопијци во светот? Епа не се. На прво место се наоѓаат Чесите со 156,9 литри испиени пива во текот на една година по жител. Друг забавен факт е дека помеѓу првите 10 земји, само Австралија не е од европскиот континент. На здравје пивото Европејци. 🙂 Погледнете ги десетте земји во кои се консумира најмногу пиво.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

    Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња

    Чешкиот бар „Vytopna“, згодните келнерки ги заменил со вовчиња-играчки. Инсталирал високотехнолошки модел на железничка пруга, во должина од 400 метри. Жедните гости ги послужуваат програмирани вовчиња, чии вагони се натоварени со нарачките. За да стигнат до нив и да им ги однесат пијалаците, тие минуваат низ тунели, градови и шуми. Инсталацијата е комплетна, идејата автентична, а резултатот фасцинантен. Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчиња
    rn

    „Возовите се направени да испуштаат најразлични звуци. Персоналот знае точно колава е нивната брзина и ја регулира уште пред да ги натовари пијачките и да ги испорача до гостите. Претходно, електронски ги подесува вовчињата, во кој дел од шанкот тие да застанат. Сосема е лесно да се работи со нив“, вели менаџерот на барот, Томас Цекава.

    rn Чешки бар во кој наместо келнери ве служат вовчињаПреку следното видео погледнете како функционира новиот високотехнолошки систем на чешкиот бар:rn

    rn

    rnОваа необична инвестиција е вредна речиси 700.000 американски долари. Па, ако некогаш ве води патот во Прага, вреди да го посетите овој оригинален бар, каде пијачките никогаш не доцнат :-).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnПрага можете да ја сретнете под различни синоними: Градот со 100-те врвови, Срцето на Европа, Мајка на градовите. Но, дали сте знаеле дека овој град е познат и како Златна Прага?rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnЕдна теорија поврзана со името Златна Прага, вели дека овој епитет ѝ е додаден за време на владеењето на чешкиот крал Чарлс IV, кога кулите на Прашкиот Замок биле покриени со злато.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnДруга теорија за Златна Прага е поврзана со владеењето на Рудолф II, кој ангажирал алхемичари за да ги претворат обичните метали во златни.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Дали сте знаеле дека во Прага, Чешка постои ѕид посветен на големиот Џон Ленон? Овој некогаш обичен ѕид, во 80-тите години од минатиот век почнал да се преплавува со графити, пораки и стихови од песни на Битлси, па оттогаш претставува свето место за неговите фанови.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnВо 1988 година ѕидот претставувал место за искажување револт против режимот на Густав Хусак. Ова искажување на незадоволството подоцна довело до судир помеѓу стотици студенти и полицијата на „Карловиот мост“. Подоцна ова движење на младите студенти, од страна на властите иронично било наречено „Ленонизам“, претставувајќи ги овие млади луѓе како  алкохоличари, ментално заостанати, социопати и агенти на западниот капитализам.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnСкоро сите посетители на ова место оставаат своја порака на ѕидот. Сепак, 90% од пораките не се поврзани само со Ленон, туку со  Битлси воопшто. Тажно е само тоа што ѕидот постојано се обновува и старите пораки веќе не се видливи. Сепак, луѓето секогаш смислуваат нешто креативно кое останува да инспирира, а многумина се навраќаат за да се потсетат и да ги видат новите работи.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон Ленонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.