Ако ви се допаѓа, не пишувајте ѝ само за да видите дали ќе ви одговори. Секако дека ќе го направи тоа, затоа што и вие ѝ се допаѓате. Таа само чека на вас да направите нешто. Ако ви се допаѓа, не праќајте ѝ само слики од нешто што ве потсетува на неа. Земете го телефонот и кажете ѝ дека ви недостасува и дека мислите на неа. Не следете ја само на социјалните мрежи и не насмевнувајте ѝ се секогаш кога таа прва ќе ве погледне. Таа е заинтересирана за вас и сака да биде дел од вашиот живот.rnrn
rnrnАко ви се допаѓа, не давајте ѝ само „скржави“ комплименти, туку кажете ѝ дека е најубавата личност што ја знаете. Не мислете дека лајковите или коментарите на социјалните мрежи ќе ѝ кажат колку сте заинтересирани за неа, затоа што таа не смета дека тоа е вистинскиот начин. Вие не можете да го видите изразот на нејзиното лице кога вашето име ќе се појави на екранот. Не можете да ја видите нејзината насмевка, ниту пак да слушнете како чука нејзиното срце секогаш кога ќе ѝ се приближите. Не ги слушате песните кои таа ги слуша, а ја потсетуваат на вас.rnrnАко ви се допаѓа, направете нешто околу тоа. Одведете ја на вечера, а не само на кафе. Кажете ѝ нешто пред некој друг да го стори тоа, затоа што не може да чека цела вечност. Не може да продолжува да се надева дека вие се чувствувате на ист начин како и таа. Ако ви се допаѓа, спречете ја да живее во минатото. Живејте сега. Ако сакате да биде дел од вашата иднина, направете нешто за да го остварите ова. Ако ви се допаѓа, почитувајте ја и не лажете ја, туку изразете ги своите чувства. Секогаш кога ќе ве погледне, таа се прашува: „Зошто тој не вели ништо?“ и тоа постојано ѝ го крши срцето. Таа сѐ анализира детално во нејзиниот ум. Љубовта не е еднонасочна работа. Направете нешто околу тоа. Не ѝ е важно кој друг покажува интерес за неа, таа само сака тоа да бидете вие.rnrn
rnrnВие сте во секоја мисла што поминува низ нејзиниот ум во напорниот ден. Вие сте сѐ за неа. И да, тоа ќе биде комплицирано, но треба да го направите овој чекор. Затоа што на другата страна од овој страв, може да се наоѓа љубовта која цело време сте ја барале. Вие не ја слушате како зборува со нејзините пријатели, а ако сте го направиле тоа, тогаш сигурно сте слушнале колку многу ве сака и колку многу би сакала да направите нешто. Таа e исплашена исто колку и вие. Но ве сака и чека истото да го покажете и вие. Затоа, ако ви се допаѓа – кажете ѝ го тоа, пред некој друг да ѝ каже многу работи кои таа би сакала да бидат изговорени од вас.
Tag: чекор
-

Ако таа ви се допаѓа, направете нешто околу тоа!
-

3 пречки кои ви застануваат на патот кон остварувањето на сништата
Колкумина од вас не можат да се одлучат на првиот чекор што треба да го направат за остварување на некоја поставена цел? А, знаете дека по тој прв чекор следат уште многу други. Постигнувањето успеси подразбира многу работа. Тоа може да значи дека ќе треба да смените одредени работи во вашиот живот и речиси е неизбежно да се избегнат тешкотиите и непријатните моменти.rnrn
rnrnНо, кога ќе се фокусирате на големата слика – вашиот живот од соништата, вашата визија – работата ќе стане помалку напорна. Кога ќе ја стекнете визијата за она што сакате да го постигнете, следен чекор е да ги прифатите овие три алатки во вашиот ум, кои ќе ви помогнат побрзо да дојдете до вашата цел. Доколку не ги сфатите на време, тогаш може да останете заглавени единствено во вашиот сон.rn1. Самосвесност
rn
rnrnДали се познавате доволно себеси? Дали сте запознаени со своите способности, со своите слабости, со своите навики? Самосвесноста е клучна за остварување на сите цели. Вие сте главниот менаџер на вашиот живот. Покренете ги вашите силни страни и отстранете ги или намалете ги слабостите. Дали имате тенденција да ги одложувате работите или пак, можеби му дозволувате на стравот да завладее со патот до вашиот успех? Дали самите си се блокирате? Сменете ги вашите навики. Откријте на кој начин тоа можете најлесно да го постигнете и почнете со работа, прво на себеси, а потоа впуштете се во остварување на вашите животни сништа.rn„Да се биде свесен за себеси не е отсуство на грешки, туку можност истите да се научат и поправат.“ – Даниел Чидијак
rn
2. Вашиот начин на размислување и верување
rn
rnrnМногу често, мислата дека не сме способни за одредена работа, нè држи на едно место или пак нè уназадува. Веруваме дека не можеме да оствариме некаква цел, дури и без да се обидеме. Можеби имате прекрасна претстава за тоа како треба да изгледа вашиот живот, но доколку не верувате во себе, нема да направите никаков напредок. Начинот на којшто размислуваме и вербата во себеси е најважната работа за постигнување успех. Тие се суштинските карактеристики кои ве тераат да одите напред и покрај непријатностите и разочарувањата. Научете го мозокот да размислува на успех и верувајте со сето срце дека тоа и го заслужувате.rn„Нашиот најголем страв не е дека не сме соодветни. Нашиот најголем страв е дека сме претерано моќни. Она што не најмногу нè плаши е светлината, а не темнината.“ – Мариен Вилијамсон
rn
3. Вашето дејствување
rn
rnrnКога имате идеа или одредена цел во вашиот ум, мора веднаш да ги претворите во акција. Преку дејствувањето го постигнуваме успехот, а прогресот е најдобрата мотивација. Патувањето до целта е најделотворно доколку секој ден преземате акција. На тој начин секојдневно си давате причина да бидете горди на она што сте го постигнале. Никогаш не го потценувајте малиот чекор што води кон вистинската цел. Не паѓајте во замката на премногу размислување и премногу планирање на многу далечни патеки. Фокусирајте се на следниот чекор и на ништо друго.rn„Иднината ви зависи од она што го правите денес.“ – Махатма Ганди
-

7 моќни реченици кои успешните луѓе постојано си ги говорат
Секој успех е заснован врз дела, но секое дело почнува со идеи и размислувања. Понекогаш успехот почнува така што знаеме што е важно за нас – што би требало да правиме секој ден, за да останеме на вистинскиот пат кон постигнувањето на своите сништа. Многу е важно да мислиме на убави нешта, кои ќе нè полнат со позитивна енергија, а пречките кои ни излегуваат на патот кон успехот да ги решаваме со леснотија и да ги гледаме како предизвици.rnrn
rnЗатоа, паметните и успешни луѓе си ги повторуваат овие реченици секој ден:rn1. „Еј, па тоа и не беше толку лошо“
rnСтравот што најмногу нè парализира е стравот од непознатото. Кога ќе се соочиме со непознатото, тогаш молскавично и возбудено си велиме „Не можам да верувам дека го сторив тоа!“. Затоа треба постојано да правиме нешто „страшно“, без оглед дали тоа ќе биде од физичка или емотивна природа. Соочувајќи се со стравот, стекнуваме самодоверба и одлучност да ги решаваме тековните проблеми во животот.rn
2. „Не можам сè да завршам денеска, но ќе направам мал чекор нанапред“
rnИмате планови, цели, идеи. Но, всушност немате ништо сè додека не почнете активно да работите околу вашите замисли. Најдобро би било да изберете еден план, една цел или една идеја. И, едноставно да почнете. Направете само еден мал чекор, а секој следен потоа ќе биде полесен.rn
3. „Не ме плаши туѓото мислење“
rnКога го живеете животот онака како што сакате, под полна пареа, тогаш не би требало да се грижите што мислат другите за вас. Ако навистина сакате да започнете свој бизнис, а другите мислат дека тоа е лудост, не обрнувајте внимание на туѓите зборови, туку слушајте ги своите инстинкти. Изберете една работа којашто не сте ја пробале досега затоа што сте се грижеле што ќе помислат или што ќе речат останатите, и сторете го тоа.rn
4. „Не сум совршен/а и тоа е сосема во ред“
rnНавистина, многу често се соочуваме со моменти во кои првиот впечаток е најважен и кога имаме неколку минути да заблескаме. Во тие моменти совршеноста е единствениот прифатлив исход. Но, да бидеме реални – ниту една личност не е совршена. Даваме сè што можеме за да бидеме најдобрата верзија од себе, а околината, роднините и клиентите ќе ни кажат што е она што треба да го подобриме, за да бидеме речиси совршени.rnrn
rn5. „Требаше тоа подобро да го направам“
rnУспешните луѓе не очекуваат да бидат совршени, но сметаат дека секогаш можат подобро. Навечер, кога одмарате, размислувајте за тоа како сте го поминале денот. Мислете си на она што било добро, потоа помислете и на нештата што не сте ги завршиле баш најдобро, за да можете следниот пат да се подобрите. Преземете одговорност и ветете си дека ќе вложите многу повеќе.rn
6. „Ќе ги почитувам луѓето чијашто работа не се вреднува доволно“
rnНекои професии бараат повеќе напор, отколку вештини. Доставувањето пакети, намирници, проверката на клиенти и чистењето се задачи кои сами по себе се релативно лесни, но разликата е во вложениот напор. Затоа потрудете се да понудите нешто повеќе од едно обично „благодарам“ на луѓето кои ги извршуваат овие задачи. Насмевнете им се. Погледнете го тој човек в очи. Разменете неколку љубезни зборови. Верувајте, веднаш ќе ви биде вратено со иста мера и можеби ќе добиете пријател/познаник за цел живот.rn
7.„Ако ништо друго, секогаш можам да работам повеќе“
rnМожеби немате доволно искуство, ниту доволно контакти во светот на бизнисот, а не сте ниту особено талентирани во одредена област, но не заборавајте, секогаш можете да работите повеќе. Па, дури и да ги имате сите горенаведени особини, работата се подразбира. А, уште понапорната работа ќе може да го надополни она во што заостанувате. Дури и кога ви се чини дека сè е против вас, вложениот труд и истрајноста можат да бидат ваши предности. Тоа се предности со кои никогаш нема да бидете губитник, туку добитник.rnrn

-

20 знаци дека сте подготвени да стапите во брак
Дали се сомневате во вашата подготвеност на овој голем чекор? Побарајте ги овие знаци, ако овие нешта важат за вас, тогаш сте подготвени.rnrn
rn1. Се чувствувате добро за себе, и тогаш кога вашиот партнер не е со вас
rnЕдноставно на чисто сте со себе, слободни сте во своја кожа, со или без вашиот партнер.rnrn
rn2. Кога ги слушате пријателите/ките како раскажуваат за нивните состаноци, не чувствувате дека пропуштате нешто
rnНапротив, мило ви е што го имате вашиот партнер.rn
3. Точно знаете што барате во вашиот/ата иден/на сопруг/а
rnКои карактерни особини треба да ги поседува, што треба а што не треба да прави.rnrn
rn4. Одржувате блиски пријателства
rnНе сте сами, одржувате долги и топли пријателски односи. Секогаш може да си најдете друштво настрана од вашиот партнер.rn
5. Сфаќате дека не сè треба да се врти околу вас
rnЗнаете да заборавите на себичноста и да се жртвувате за друга личност, нешто што можеби не сте можеле да го направите пред неколку години.rn
6. Сè почесто ги забележувате свршеничките прстени по излозите и на рацете на другите девојки
rnМожеби бидејќи по малку сте опседнати со облици и модели? :)rn
7. Кога ќе помислите на вашата иднина, го гледате и вашиот партнер
rnКога мечтаете за иднината и кога правите планови, едноставно тој/таа е дел од нив.rnrn
rn8. Со вашиот партнер отворено зборувате за пари
rnМоже слободно да му/ѝ кажете во каква „каша“ сте, или дека сте добиле ненадеен прилив на пари. Едноставно не се ограничувате што треба да му/ѝ кажете а што не, слободни сте и нема што да криете.rn
9. Сте зборувале за брак
rnМожеби не директно за брак меѓу вас двајца, но сè почесто зборувате општо за бракот, за заеднички живот, деца и сл.rnrn
rn10. Вашите емоции се поврзани
rnКога тој/таа е лут/а, и вие сте, кога е среќен/на и вие ја чувствувате среќата.rn
11. Сте ги споделиле вашите несигурности, сомнежи, и сте дозволиле да бидете ранливи пред него/неа
rnПонекогаш сте хаос во движење, тоа го видел вашиот партнер и сепак е покрај вас.rnrn
rn12. Тој/таа е вашата личност во итни случаи
rnШто и да ви се случи, прво ќе го/ја побарате него/неа.rn
13. Кога ќе чуете добри вести, тој/таа е првата личност на која ѝ се јавувате да ја споделите радоста
rnНа што вашата мајка се лути понекогаш.rnrn
rn14. Буквално не ни помислувате на тоа да се вратите во некоја од вашите претходни врски
rnМолам, во тој хаос? Не, фала.rn
15. Не чувате омраза и негативни чувства
rnАко нешто згрешил/а, му/ѝ кажувате, го решавате проблемот и продолжувате понатаму. Не чувате во себе негативни чувства и замерки.rnrn
rn16. Не се грижите што тој/таа прави кога вие не сте со него/неа
rnНе сте љубоморни, а дури и да сте малку му/ѝ верувате. Може слободно да ви каже дека е на кафе со пријателите и други личности кои не ги познавате, и вие само да му/ѝ посакате убав помин без ронка грижа.rn
17. Сте помислиле што би било кога би живееле заедно
rnИ не само тоа, сте помислиле дека всушност би сакале да живеете заедно.rn
18. Сте зборувале за тоа колку деца би сакале
rnИ двајцата сакате ист или приближно ист број деца.rnrn
rn19. Не се ни сомневате за неговите/нејзините чувства за вас
rnЗнаете дека е луд/а по вас.rn
20. Дури и ако не би ја имале венчавката од вашите соништа, сепак би стапиле во брак со него/неа
rnПа воопшто и да нема свадбена церемонија, кому му е грижа?rnrn

-

Кој хороскопски знак има најубав од?
Биковите имаат силен и одмерен од, додека Раковите се движат отмено и секогаш можете да ги препознаете по чекорот.rnrn
rnОвен
rnОвните се родени борци, често имаат доминантен став во друштвото, а нивната одлучност е видлива и по начинот на кој одат. Со малку арогантно држење и подигната глава, Овните често не забележуваат што се случува околу нив додека одат бидејќи се занесени во своите мисли. Заради тоа лесно се судруваат со други или се залетуваат во ѕидови, иако ни тогаш „не се тие криви“.rn
Бик
rnПо својата природа Биковите се големи практичари, па тие секогаш го избираат најубавиот и најдобриот пат. Тие сакаат да одат, иако тоа не може лесно да се забележи од нивното долготрајно и по малку бавно чекорење. Сепак, нивниот од не е ни малку несигурен, туку силен и одмерен.rn
Близнаци
rnКако што се агилни и брзи, таков е и нивниот од. Секогаш брзаат, делуваат нервозно, и во секунда можат да го сменат правецот или насоката. Не знаат да одат право. Нив најважно им е да дојдат до целта, а не како ќе пристигнат до неа.rn
Рак
rnРакот се движи отмено, со многу стил, како да доаѓа од кралскиот двор. Со тоа промислено движење ја крие својата внатрешна нервоза.rn
Лав
rnВложува доста енергија да делува самоуверено и атрактивно, а со одењето исто така сака да остави трага зад себе. Ако помисли дека некој го гледа, ќе го забави чекорот и по малку ќе почне да се прчи. Она што е интересно е дека Лавовите се едни од најбавните пешачки патници во хороскопот, иако се способни да истрчаат најбрзо.rn
Девица
rnСталоженоста е фасада за припадниците на овој знак, а така најчесто оди секоја вистинска девица. Притоа изгледаат како да ги одмеруваат чекорите и одат без цел, иако тоа не е така. Девицата ќе брза единствено ако доцни.rn
Вага
rnВагата оди како на модна писта. Сака сите да се вртат по неа, ако не заради друго, барем заради начинот на кој оди. Лесно е да ја препознаете бидејќи и машките и женските припадници на овој знак делуваат како да не брзаат, набљудувајќи ги сите луѓе околу себе и застанувајќи пред секој излог.rn
Скорпија
rnСекогаш одат со подигната глава, но не обрнуваат премногу внимание на нивната околина. Не дека не ја доживуваат, туку не сакаат да му придаваат значење на некој кој тоа не го заслужува. Имаат долг чекор и за нив со сигурност може да се каже дека се прваци во брзото одење.rn
Стрелец
rnАко се во добра фаза, ќе потскокнуваат од среќа додека се движат по улица, но доколку ги совладале некои тешки мисли тие нема да го забават темпото туку само ќе ја наведнат главата и ќе си бидат во некој свој свет. Најчесто брзаат бидејќи имаат испланирано уште 10 работи кои мора да ги завршат.rn
Јарец
rnЈарецот не престанува да гледа околу себе. Иако припадниците на овој знак на прв поглед делуваат бавно, ако го набљудувате нивниот од ќе се изненадите. Тие одат бидејќи мораат за да стигнат од точката А до точката Б, а ретко се шетаат за да се опуштат. Нивните чекори се прецизни, а најмногу внимание посветуваат на забележување на сите луѓе кои се наоѓаат околу нив.rn
Водолија
rnИмаат многу брзи рефлекси, но несмасни се. Така, тие први ќе паднат од скалите, но ќе се сопнат и на рамен пат. Постојано одат, но секогаш со различна брзина, а чекорите им се најчесто кратки.rn
Риби
rnФантазерските Риби обожаваат да одат, тоа е нивниот најдобар начин на опуштање. Сепак, нешто во нивниот чекор ги издвојува од другите. Ако внимателно ги набљудувате, ќе забележите дека нивните стапала секогаш се многу близу. Тие ситни чекори создаваат впечаток на од на сирена, како да им се нозете меѓусебно поврзани.
-

И најдолгото патување започнува со еден чекор
„Правете ги тешките работи додека се лесни и големите работи додека се мали. Патувањето од илјада милји започнува со еден чекор.“ – Лао Це
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 верувања на успешните луѓе
Навидум успешните кариеристи ви изгледаат дека успеале само поради нивните врски или презимето кое го носат. Но напротив, воопшто не мора да биде така. Најголем дел од вистински успешните личности стигнале до таму токму поради нивните верувања и ставови. Ова се верувањата на успешните луѓе кои можат да ви послужат како пример.rnrn
rn1. Заборави на судбината и фокусирај се на она што го сакаш
rn
„Понекогаш животот те удира со цигла по глава. Не губете верба. Убеден сум дека единственото нешто што ме мотивираше за понатаму беше тоа што го сакав она што го работев. Мора да го најдеш она што го сакаш.“ – Стив Џобс
rnДоколку сакате да бидете успешни заборавете на изговори од типот не ми е судено. Чекорете по патот за кој чувствувате страст, а доколку нема таков, направете го сами. Многумина би се откажале кога нештата ќе згуснат, префрлајќи ја вината на судбината.rnrnСтив Џобс беше отпуштен од сопствената компанија па сепак не се откажа. Да, лоши работи се случуваат во сечиј живот, но она во што успешните личности се цврсто убедени е дека секогаш треба да продолжиш напред, правејќи го она што го сакаш и вложувајќи ја сета страст.rn
2. Неуспехот е само првиот чекор од процесот на учење
rnПомислете на сите успешни луѓе што ги знаете. Дали секој од нив успеал при првиот обид? Опра Винфри била отпуштена од нејзината прва работа во телевизија, а Волт Дизни добил отказ од уредничкото место во едно списание бидејќи наводно немал добри идеи. Ретко кој успева од прва, и никој не поминува во животот без падови и разочарувања. Така што, кога нареден пат ќе доживеете неуспех, кренете ја главата и речете си, сега имам една добра лекција, и продолжете понатаму.rn
3. Никогаш не се сомневаj во сопствените способности
rn
„Без разлика дали мислите дека можете или не, во право сте.“ – Хенри Форд
rnНеретко другите ќе ве обесхрабрат, намерно или не. Но секогаш одржувајте цврста верба во себеси. Сè зависи од вас самите. Ако цврсто решите дека сте способни да постигнете нешто, токму тоа ќе се случи. Да, дури и најголемите умови некогаш искусиле несигурност, но сè додека го правите нештото со страст и со верба во себе, вие сте на вистинскиот пат.rn
4. Одбери да продолжиш дури и тогаш кога ништо не оди како што треба
rn
„Нашите избори, многу повеќе од нашите способности, покажуваат кои сме навистина.“ – Џ. К. Роулинг
rnАвторката на серијалот за младиот волшебник Хари Потер, Џ. К. Роулинг, не добила зелено светло веднаш, дури се соочила со остри критики и многу затворени врати на издавачките куќи. Со оглед на тоа што одбрала да продолжи и да не се откаже, таа денес е првиот автор милијардер.rn
5. Ако си генијалец не значи дека ќе бидеш успешен
rn
„Паднав на некои испити, а мојот пријател ги положи сите. Сега тој е инженер во Мајкрософт а јас сум сопственикот.“ – Бил Гејтс
rn
6. Ако навистина сакаш нешто, ќе најдеш начин да го добиеш
rnОној кој не сака бара изговори, додека пак оној кој сака наоѓа начини.rn
7. Секогаш биди подготвен да ризикуваш
rn
„Не се плаши да се откажеш од доброто за да го достигнеш одличното.“ – Џон Д. Рокфелер
rnНикој никогаш нема да знае сигурно дали ризикот ќе се исплати. Останува на оние кои целат високо да се обидат. Бидете спремни да преземете логични ризици, бидејќи без да излезете од безбедната зона никогаш нема да го искусите успехот.rn
8. Знај во што се впушташ
rn
„Ако не можеш да го објасниш на едноставен начин, тогаш не го разбираш доволно добро.“ – Алберт Ајнштајн
rnНикогаш не се впуштајте во целосно непозната темна зона. Ако сакате да влезете во некаков бизнис, на пример, информирајте се, научете како оперира, што се бара на пазарот, запознајте ја конкуренцијата, и сл. Не се впуштајте во нешто сосем непознато верувајќи дека некако магично работите ќе си дојдат на место. Неинформираноста никогаш никому не му донела успех.rn
9. Биди љубезен, а не себичен
rnМногумина создаваат сосем погрешна слика за тоа како да се постигне успех – биди себичен, гази сè пред себе, грижи се само за сопствените потреби. Иако во животот неретко ќе сретнеме луѓе кои ќе одбијат да ни бидат од помош, не значи дека треба да изгубиме верба во човештвото. Оној кој вистински вреди и кој е вистински успешен во животот, секогаш е тука за своите најблиски и е грижлив за другите. Љубезноста секогаш ја победува себичноста, бидејќи колку повеќе даваш толку повеќе добиваш. Сигурно сте чуле дека отворената рака секогаш може да добие нешто, но затворената никогаш не добива ништо.rn
10. Не чекај, создавај
rn
„Лифтот до успехот не работи. Ќе мора да тргнете по скалите… чекор по чекор.“ – Џо Жерард
rnНикогаш нема да дојде совршеното време кога сè магично ќе си доаѓа на место. Ако не се фатите за работа, никогаш нема да стекнете искуство. Да, на почетокот може да направите многу грешки, но греши само оној кој работи. Никој нема да ви го понуди совршеното работно место веднаш по завршувањето на вашето образование. Но кога ќе почнете со нешто не-толку-совршено, ќе стекнете познанства, пријатели, искуство, ќе се пронајдете себеси, и на крајот ќе излезе дека сте создале нешто прекрасно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

3 едноставни правила кои можат да ви го променат животот
Животот не секогаш е толку комплициран колку што ние луѓето милуваме да го комплицираме. Ова се три едноставни, но клучни правила за животот:rnrn1. Ако не се стремите кон она што го сакате, никогаш нема да го имате.rnrn2. Ако никогаш не прашате, одговорот секогаш ќе биде „не“.rnrn3. Ако не го направите првиот чекор, засекогаш ќе останете на истото место.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?
Новата година како нов почеток ја користиме за задолжително да донесеме нова одлука и да си поставиме нова цел во животот. Од Нова година ќе ги откажам цигарите, конечно ќе го завршам магистерскиот труд, ќе најдам работа, ќе бидам поодговорна личност, ќе почнам да штедам… и што уште не. Но колку често тие новогодишни одлуки се исполнуваат? Колку често знаеме вистински и цврсто да стоиме зад тоа што сме го рекле?rnrn
rnrnНовогодишните одлуки се познати по тоа што речиси никогаш не се исполнуваат. Зошто е така? Поради недостаток на мотивација, поради тоа што одеднаш изгледаат премногу тешки и големи за да се исполнат или затоа што не ги сфаќаме вистински сериозно?rnrnСепак, постојат 5 чекори кои водат до сигурно исполнување на зацртаните цели. Кои се тие и зошто е важно да ги следиме?rnrnЧекор 1: Вашата новогодишна одлука треба да биде сразмерна со нештата кои најмногу ги вреднувате во животот
rnВредностите во животот се тие кои го диктираат вашето однесување, вашите сфаќања, ве мотивираат и ве насочуваат. Најголемата грешка која ја правиме при поставувањето новогодишни одлуки е нивната несоодветност со нашите најголеми вредности.rnrnДа ја земеме за пример најчесто поставуваната новогодишна одлука – ќе водам здрав начин на живот, ќе вежбам и ќе бидам во топ форма. Звучи прекрасно, сте ја поставиле како цел и порано, но зошто не се исполнила? Можеби сте обрнале многу повеќе внимание на други аспекти во животот отколку на здравата исхрана, редовното вежбање и тренирање? Ќе речете дека сте зафатени и дека работата ве преокупира и токму тоа е моментот кога вашата одлука се разминува со основните вредности кои ги имате.rnrn
rnrnПробајте да изградите мост помеѓу двете страни, да ги поврзете. На пример гледајте на физичкиот тренинг како нешто што ви е неопходно за да успеете во вашата кариера. Кога сте во фит форма, тренирате и живеете здраво, вие водите организиран начин на живот и имате повеќе енергија за исполнување на работните обврски.rnrnКлучно е да не ја оставите вашата одлука да мирува „сама“ туку да ја поврзете со другите цели, вредности и навики кои ги имате во секојдневниот живот.rnrnЧекор 2: Едноставно запишете ја на парче хартија
rnМногу истражувања покажале дека запишувањето на вашите цели води кон остварување на истите, па затоа неретко оваа техника се користи во многу терапии за самопомош. rnrnЗапишувањето на вашата цел е на некој начин физичка поврзаност на вашите мисли со поставената цел. По автоматизам се насочувате кон поставената цел и најважно од сè, имате јасна претстава за она што го сакате.rnrn
rnrnЧекор 3: Креирајте прецизен план
rnКога уште на почетокот себеси ќе си дадете опција дека може да не успеете и дека тоа е во ред, тогаш веројатноста е голема дека навистина нема да успеете. Неуспехот не смее да ви биде опција. Секогаш кога вистински ќе се посветите на нешто во животот, сфаќајќи го сериозно, одите кон успех.rnrnНаправете точен план, запишувајќи го секој ваш чекор. Што, кога и како ќе преземете за чекор напред кон постигнување на целта? Секогаш кога ќе пречкртате една ставка како извршена, самите ќе се мотивирате за повеќе и понапред.rnrnДоколку вашата цел е нешто за што не можете да изработите план (како на пример откажувањето на цигарите), тогаш направете ментален план во вашите мисли. Што би ви помогнало? Можеби за почеток скратување на една цигара помалку дневно, замена на тоа задоволство со друго или наоѓање хоби кое ќе ви ги оттргне мислите?rnrn
rnrnЧекор 4: Опкружете се со личности кои ќе ве поддржат
rnrnМоже тоа да бидат луѓе кои имаат иста или слична цел како вас. На пример доколку сакате да бидете физички поактивни и да намалите некое кило, тогаш веројатно добро ќе ви годи друштвото на други членови од теретаната кои сериозно се движат напред кон својата цел.rnrnИсто, поддршка може да најдете кај близок пријател, роднина, брат или сестра. Обратете се кај личноста за која знаете дека ќе ве разбере и со која делите слични интереси и сфаќања за животот.rnrn
rnrnЧекор 5: Преземете го првиот чекор
rnrnНајтешко е да го направите првиот чекор. Откако ќе го сторите тоа веќе сте во игра. Затоа првиот чекор нека биде лесен и мотивирачки. Истиот ќе ве понесе на едно ново ниво кон остварување на донесената одлука. rnrnСекогаш бидете мотивирани помислувајќи на придобивките кои ќе ги имате доколку ја исполните зацртаната цел. Како ќе се чувствувате? Што ќе се промени во вашиот живот?rnrnДругото останува на вас. Со среќа!rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Имајте ги на ум овие неколку совети. Не мора веднаш да започнете со овој голем чекор во вашиот живот. Одморете се некое време, разговарајте со најблиските и размислете добро што очекувате од себе и каде се гледате за неколку години од денес…rnrnСекако не заборавајте дека неуспехот е дел од животот – а вашата работа е никогаш да не се откажувате. Анализирајте го секој ваш потег и бидете отворени да ги согледате грешките кои ги правите, бидејќи само на тој начин можете да ги надминете. Исто така идејата да имате резервен план никако не може да ви наштети. Баш напротив, во одредени моменти може да биде совршен излез од лоша ситуација.rnrnИ за крај не заборавајте да уживате во животот. Хенри Дејвид Торо еднаш рекол: