КАФЕ ПАУЗА

Tag: бунт

  • Музички стихови: Ние – Заз (On Ira – Zaz)

    Музички стихови: Ние – Заз (On Ira – Zaz)

    Не само што песните на Заз секогаш се со лесен и заразен ритам, туку имаат и одлични текстови кои претставуваат мирен и тивок бунт против ирационалноста на денешното општество. Стиховите кои таа ги пее секогаш изобилуваат со космополитизам и се осврнуваат на убавата страна на опкружувањето.rnrnВо продолжение следуваат стиховите од нејзиниот хит „Ние“ (On Ira) и видеото од песната во кои ги воспева различностите на овој свет. Прочитајте ја, видете ја и слушнете ја разиграната и харизматична Французинка како ви ја сервира убавата страна на животот.Музички стихови: Ние – Заз (On Ira – Zaz)Некои ќе го наслушнуваат Харлем на работ на Менхетнrnнекои ќе прават чај крај пазарите во Аманrnнекои ќе пливаат во водите на Сенегалrnа некои ќе го гледаат Бомбај како блеска под Бенгалскиот оганrnrnНекои ќе се обидат да го дофатат небото над Кјотоrnнекои ќе го почувствуваат биењето на срцето на Рио де Жанеироrnнекои ќе го свртат погледот кон таванот на Сикстинската капелаrnа некои ќе наздравуваат во Кафе ПушкинrnrnО, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваатrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот а јас сум пената што ја создава моретоrnrnНекои ќе речат дека поетите немаат националностrnнекои ќе направат веселба во чест на пар хероиrnнекои ќе знаат дека децата се чувари на душатаrnи дека има онолку кралици колку што има и жениrnrnНекои ќе речат дека запознавањето нови луѓе е најубавото патувањеrnнекои ќе сфатат дека го заслужуваат само она што го споделуваатrnнекои ќе слушаат музика од далечни земјиrnи ќе го дадат најдоброто од себеrnrnО, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваатrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава моретоrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава моретоrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најпознати пирати во историјата

    10-те најпознати пирати во историјата

    Знаете ли како најозлогласените пирати во историјата, се впуштиле во разбојништво по морињата и океаните? Дел од нив, биле од богати и угледни семејства…10-те најпознати пирати во историјата1. Ен Бони е меѓу најпознатите жени-пирати. Родена е во ирската провинција Корк и е вонбрачно дете на адвокат и слугинка. Ен уште како малечка се разликувала од другите деца, нејзиниот живот бил необичен и турбулентен. Во еден момент, татко ù одлучил да ја напуштат Ирска и да се преселат во Северна Америка, каде Ен се запознала со нејзиниот иден сопруг, сиромашниот морнар и пират, Џејмс Бони. Ен го напушта богатиот живот, се мажи за Џејмс и заедно заминуваат на Бахамите. Но, нивниот брак завршува, кога опасната и убава Ен го сретнува познатиот пират, Калико Џек и одлучува да избега со него…rnrnПознато е дека се борела облечена како машко и одлично управувала со пиштол. Во една од борбите, сите пирати на бродот на Калико биле фатени и осудени на смрт. Смртната казна на Ен била неколку пати одложувана, заради нејзината бременост. Се претпоставува дека таа воопшто и не била спроведена, дека нејзиниот моќен татко излобирал да ја ослободат и да ù креираат нов идентитет.10-те најпознати пирати во историјата2. Црната брада е најголемата пиратска легенда во историјата, иако неговите подвизи се едни од најкратките и траеле околу 15 месеци. Не се знае ништо за неговото потекло, се претпоставува само дека е од Бристол. Бил гусар во британска служба за време на војната за шпанското кралство. Кога таа завршила, тој останал без работа, и како и многу други во тоа време, преминал во пиратството.rnrnСе приклучил на екипажот на не толку познатиот Бенџамин Хорниголд. Многу брзо се стекнал со пиратско искуство и кон крајот на 1717 година, тој веќе имал сопствен брод, кој се викал „Одмаздата на кралицата Ана“. Бродот бил вооружен со 40 топови и не можела да го победи ниту една воена флота. Со многубројните разбојништва, Црната брада за помалку од една година станал легенда.rnrnТој е симбол за крвожедно чудовиште, кое ги тероризира морињата, сее смрт и има безброј ограбени бродови. Црната брада никогаш не бил фатен и осуден.10-те најпознати пирати во историјата3. Стид Бонет е познат како пират-џентлмен. Откако се распаднал неговиот брак, Бонет одлучил да го напушти удобниот живот на Барбадос и да започне со пиратството. И покрај тоа што немал никакво искуство како морнар, тој купил брод, го нарекол „Одмазда“ и тргнал во поход.rnrnНа пат до Хондурас, на отворено море се сретнал со Црната брада. Со оглед на неколку пати поголемиот екипаж кој го поседувал Црната брада, на Бонет не му преостанало ништо друго, освен да се предаде. По извесно време моќниот пират решил да го ослободи и да му го врати бродот. Но, неговите луѓе го прогласиле за неспособен капетан, го напуштиле и останале со Црната брада.rnrnПодоцна Бонет бил фатен и осуден на смртна казна, но властите одлучиле да го помилуваат. Ова за Бонет не било доволно да се откаже од пиратството, го сменил идентитетот, го преименувал бродот и продолжил со ваквиот начин на живот. И по вторпат бил фатен и заедно со 30-члениот екипаж осуден на бесилка. Овој пат, немало кој да го помилува.10-те најпознати пирати во историјата4. Чанг По Цај бил син на рибар од Хонг Конг. Тој на 15-годишна возраст бил киднапиран од пирати и посвоен од киднаперите, кои подоцна и ги наследил. Тој живеел како пират за време на династијата Чинг. Се претпоставува дека поседувал 600 бродови и имал преку 50.000 следбеници. Во 1810 година, Чанг По го напуштил овој живот и ù се приклучил на императорската флота Чинг, каде како капетан го поминал остатокот од својот живот. За него се шпекулира дека има големо скриено богатство, кое се наоѓа во пештерата именувана по него, лоцирана на островот Cheung Chau.10-те најпознати пирати во историјата5. Едвард Ингланд – Неговото вистинско име е Едвард Сигар. Тој бил пират од 1717 до 1720 година. Ограбувал бродови во Индискиот океан, во близина на африканскиот брег. Да живее како пират бил принуден од страна на капетанот Кристофер Винтер, кој го киднапирал и го направил дел од својот екипаж. Едвард подоцна ја презел командата врз украдениот брод „Ројал Џејмс“, кој го преименувал во „Бисер“. Но, неговиот четврт господар го исфрлил од бродот, заедно со уште двајца членови на екипажот. Умрел молејќи за храна, кон крајот на 1720 година.10-те најпознати пирати во историјата6. Вилијам Кид се претпоставува дека е роден во Шкотска, во 1645 година. Најпрво започнал како ловец на пирати. Му било предложено да стане легален гусар, кој ќе работи во име на државата. Но, Кид тоа го злоупотребил, почнал да напаѓа буквално сè, без да ги почитува правилата.rnrnНа бродот се подготвувал бунт против неговото насилно однесување, но Кид дознал за ваквите намери на екипажот и го убил предводникот на бунтот, Вилијам Мур. Со тоа ги исплашил останатите на бродот и ги спречил да му се спротивстават.rnrnИако, законите во 17 век, им давале голема слобода на морнарските капетани да употребуваат насилство врз екипажот, со цел тој да биде послушен, сепак, не дозволувале убиство. Кид тоа добро го знаел, но намерно го кршел законот. Напаѓал и бродови на моќна трговска организација, која подоцна, од англискиот парламент побарала Кид да биде прогласен за пират. Властите не можеле да ù се спротивстават на компанијата и го реализирале нејзиното барање.10-те најпознати пирати во историјата7. Томас Тју e познат како пиратот од Роуд Ајленд. Најверојатно е роден во Англија, а подоцна заедно со неговите родители, емигрирал во колониите во Роуд Ајленд. Во 1692 година, Тју се преселува на Бермудите. На крај завршува на островот Мадагаскар, во Индискиот Океан, односно на популарното седиште на пиратите во тоа време.rnrnИ тој бил англиски гусар, кој подоцна станал пират. Имал само две пиратски патувања. На првото, заробил брод во Црвеното Море, на патот од Индија кон Отоманската империја. Бродот носел злато и сребро во вредност од 100.000 фунти. Тју починал на второто патување, во битка во која се обидел да го преземе бродот „Могул“ на султанот Фатех Мухамед.10-те најпознати пирати во историјата8. Ховел Дејвис бил капетан на четирите брода, „Кадоган“, „Бук“, „Св. Џејмс“ и „Ровер“. Тој е добро познат во историјата, иако неговата пиратска кариера траела само 11 месеци. Велшкиот капетан, меѓу другото, останал запаметен и по земањето на популарниот пират Бартоломеј Робертс, да му служи како навигатор.rnrnДејвис станал пират кога бродот со робови „Кадоган“, во кој бил помошник капетан, бил заробен од страна на познатиот Едвард Ингланд. Одлучил да му се приклучи на Ингланд, кој подоцна му ја предал командата врз „Кадоган“.rnrnЗа разлика од другите пирати, тој не користел сила, туку се служел со измама и трикови. Еден од неговите најголеми подвизи е киднапирањето на командант на кралско-африканска компанија, за кој успеал да земе висок откуп. Го измамил дека е легитимен гусар, го поканил на вечера и го заробил.rnrnДејвис починал на 19 јуни 1719 година. Бил застрелан, кога се обидел да киднапира гувернер на португалски остров.10-те најпознати пирати во историјата9. Бартоломеј РобертсНеговото вистинско им е Џон Робертс и е меѓу најуспешните пирати во златното доба на пиратството. Се проценува дека заробил 470 бродови. Велшкиот пират ги тероризирал морињата меѓу Америка и Западна Африка, од 1719 до 1722 година.rnrnПознато е дека започнал да плови од 13-годишна возраст, а станал пират на околу 40 години. Бил нападнат од страна на двата пиратски брода, „Ројал Ровер“ и „Ројал Џејмс“, предводени од Ховел Дејвис. Тогаш Дејвис ги открил неговите способности како навигатор и го зел во својот екипаж. Подоцна, по смртта на Дејвис, Бартоломеј станал капетан на бродот „Ројал Ровер“. Починал во една од битките, во февруари, 1722 година.10-те најпознати пирати во историјата10. Чарлс Вејн е англиски гусар, кој станал пират во 1716 година. Тој е познат по тоа што запленувал само англиски и француски бродови. Својата база ја поставил на Бахамите.  Покрај со непријателите, Вејн бил суров и со својот екипаж. Ги мамел и им го земал делот од пленот.rnrnВо февруари, 1718 година, бил фатен од страна на Винсент Пирс, командант на „ХМС-Феникс“, но бил помилуван и ослободен, по што повторно му се вратил на пиратството. Успеал да избега од очите на кралската флота, која го надгледувала после помилувањето, но кога се вратил на бродот, екипажот едногласно одлучил тој повеќе да не биде командант.rnrnИ покрај сè, Вејн не се откажал од овој начин на живот, успеал одново да се искачи на врвот на пиратсвото, со напади и преземања на многу големи бродови. После долга и агресивна пиратска кариера, тој бил повторно фатен и егзекутиран во 1721 година, во Јамајка.10-те најпознати пирати во историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

    Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

    Малечката Рајли е многу паметно девојче, кое ја разбира апсурдноста на стереотипите. Вознемирено мавајќи се по главата, таа се прашува зошто сите девојчиња во продавниците за детски играчки секогаш купуваат принцези, а момчињата суперхерои. Според неа, производителите на овие играчки сакаат да ги измамат девојчињата да купуваат само розови играчки, наместо да сакаат да си играат и со машките играчки, кои ги има во повеќе бои.rnrnМало девојче се бунтува против машко-женските стереотипиrnrnТаа испраќа важна порака до производителите: престанете да форсирате розови играчки за девојчињата. Тие ги сакаат и другите бои. Плус, некои девојчиња сакаат суперхерои исто колку што сакаат принцези, ако не и повеќе. Погледнете за што станува збор. :)rnrn

  • Млади во револт (Youth in Revolt)

    Млади во револт (Youth in Revolt)

    Филм за младоста, љубовта и бунтувањето rnrnМлади во револт (Youth in Revolt)Улоги: Мајкл Сера, Порша Даблдеј, Џин Смарт, Зак ГалифианакисrnrnРежисер: Мигел АртетаrnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВреметраење: 90 мин.rnrnПремиера: 8 јануари 2010rnrnЈазик: англиски, францускиrnrnМузика: Џон СвихартrnrnНаша оценка: 8/10 rnrn_________________________________________________________________________________rnСо младоста оди храброста, а за љубовта како дел од животот, сме најхрабри да се бориме додека сме млади. Тогаш сме и најподготвени бесрамно и бесконечно да се обидуваме додека го добиеме она што го сакаме. „Млади во револт“ е тинејџерска приказна за едно момче со смотан изглед кое безнадежно се заљубува во прекрасна, самоуверена и слободоумна девојка. Очекуваното сценарио добива целосен пресврт и гледачот ќе остане пријатно изненаден од она што ќе го пресретне на екранот по првата третина од времетраењето на филмот. Шармантни улоги, некласичен развој на класично започната љубовна приказна и изоставување на клишеа го одликуваат овој исклучително освежувачки, младешки филм.rn__________________________________________________________________________________rn

    rn

    Приказна: Ник Твисп се заљубува во Шини додека е на одмор. Таа, најпрво задевајќи го и провоцирајќи го самоуверено, за кратко му ја возвраќа љубовта. Но, Ник мора да се врати дома, а Шини не е девојка која би го чекала по секоја цена. Затоа, тој ја открива својата бунтовна страна од која произлегува Франсоа, горделив, самоуверен младич со впечатлив имиџ. Последиците од ваквата промена, односно појавата на втората личност на Ник се непредвидливи, бунтовни, уништувачки и смешни.rn.

    rn

    rn

    Кинематографија: Сцените во филмот се пријатни и светли. Добро се балансирани драматичните, статични сцени со динамичните и ведри моменти, така што на овој филм не би можеле да задремете. Глумата на Мајкл Сера е фантастична. Она што тој го вади од себе за двете паралелни улоги – чувствително, неискусно и несигурно момче наспроти самоуверен, бунтовен и горделив младич – прави истовремено да се разнежиме, воодушевуваме и слатко да се изнасмееме.rn.

    rnrn

    rn

    Естел Твисп (мајката на Ник): „Ми требаат тие пари за издржување деца за да јадам.“rnНик Твисп: „Нели би требало да ти требаат тие пари за издржување деца за да го издржуваш детето?“

    rn

    rn

    Кога и како да го гледате? Како и секоја комедија, и оваа оди одлично со друштво и пуканки, но со оглед на љубовната приказна, веројатно најдобар избор би ви бил вашиот партнер или некого кого сакате да го омекнете пред да преминете на акција. Филмот гледајте го навечер или во длабоките попладневни часови, во зависност од тоа колку опуштено се чувствувате со друштвото кое ќе го изберете за гледање.

    rnrnrn.rn

    rn

    Ник Твисп: „Сакам да ти го скокоткам папокот… однатре.“

    rn

    rn

    Интересни податоци: Џастин Лонг, кој ја игра улогата на постариот брат на Шини во филмот, во реалниот живот бил во врска со нејзината вистинска постара сестра.

    rnrn

    Слични филмови: „Земја на авантурите“, „Супер лошо“, „Џуно“

    rnrn