КАФЕ ПАУЗА

Tag: бунар

  • Поучна приказна што ќе ви ги отвори очите: Разликата меѓу совршеноста и несовршеноста

    Поучна приказна што ќе ви ги отвори очите: Разликата меѓу совршеноста и несовршеноста

    Еднаш одамна постоеле два бунара кои се наоѓале на меѓусебна оддалеченост од десетици метри. Понекогаш тие се погледнувале, но биле многу различни, па не разговарале. rnrnПоучна приказна за два бунариrnrnПрвиот бунар бил совршен, а другиот малку напукнат. Првиот ја задржувал водата, а другиот не. Првиот бил чист и понекогаш му се приближувал некој инсект или птица, но тоа ретко се случувало. Сепак, иако бил осамен, тој се гордеел со својата совршеност. Вториот бил опкружен со трева и грмушки. Околу него се собирале бројни инсекти и птици кои пиеле вода од неговите пукнатини. Не бил совршен, но бил многу среќен бидејќи постојано бил опколен со живи суштества.rnrnПоука: Имаме потреба да веруваме во совршенство, но треба да имаме и храброст да бидеме несовршени. Живееме во свет во кој совршеноста се поврзува со поимите „први“, „моќни“, „во центарот на вниманието“… Оној кој ги шири своите раце најчесто нема голема кариера, ниту е посебно успешен, но се среќава со многу луѓе кои може да ги прегрне.

  • Поучна приказна: Лисицата и јарецот

    Поучна приказна: Лисицата и јарецот

    Еднаш една лисица лутала во темнината. За несреќа, таа паднала во бунар, но дури и покрај своите најдобри обиди сепак не успеала да излезе од таму. Токму затоа и морала да почека до наредното утро со цел да ѝ се отвори нова можност за бегство.rnrnПоучна приказна: Лисицата и јарецотrnrnСледниот ден, еден јарец поминувал по истиот пат. Тој погледнал во бунарот и ја забележал лисицата. „Што правиш тука?“ – ја прашал. Итрата лисица одговорила: „Се симнав да се напијам малку вода. Оваа е најдобрата која некогаш сум ја пробала. Дојди ако сакаш да се увериш.“ Без воопшто да размислува, јарецот скокнал во бунарот, ја изгасил својата жед и почнал да бара излез. Но, исто како лисицата, така и тој се нашол во беспомошна ситуација.rnrnВо тој момент лисицата предложила, „Имам идеја, застани цврсто на твоите нозе, јас ќе се качам врз твојата глава и ќе излезам надвор, а потоа ќе ти помогнам и на тебе. Јарецот бил доволно невин да не ја сфати вистинската намера на лисицата, па токму затоа и ѝ помогнал.rnrnДодека се оддалечувала од бунарот, лисицата рекла, „Да беше доволно интелигентен, никогаш немаше да влезеш во бунарот без прво да побараш излез.“rnrnПоука: Гледајте пред да скокнете. Не влегувајте слепо во сè на што ќе налетате.

  • Овој слон копал 11 часа без прекин. Причината ќе ви го скрши срцето

    Овој слон копал 11 часа без прекин. Причината ќе ви го скрши срцето

    Секое живо суштество има внатрешен инстинкт кога станува збор за заштита на своите деца. Токму тоа ни го покажува и оваа мајка слон која поминала 11 часа во непрекинато копање со цел да го спаси своето дете слонче кое пропаднало во бунар. Додека малото било во бунарот, таа се обидела буквално на сите начини да го извлече од дупката, започнувајќи од копање, па сè до употреба на нејзината сурла за повлекување.rnrn(1) Овој слон копал 11 часа без прекин. Причината ќе ви го скрши срцетоrnrnСекоја мајка би сторила сè што е во нејзина моќ за да му помогне на своето дете. Но, за жал мајката слон само ги влошила нештата така што случајно турнала кал од ѕидовите на бунарот, закопувајќи го своето мало бебе уште повеќе. Среќа жителите на околните села во областа Чатра, Индија ја забележале ситуацијата и помогнале при спасување на малото слонче.rnrn(2) Овој слон копал 11 часа без прекин. Причината ќе ви го скрши срцетоrnrnПогледнете го и видеото од оваа упорна и силна мајка, која без разлика на ситуацијата ниту еднаш не помислила да се откаже од своето мало слонче…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Царот и бунарот

    Поучна приказна: Царот и бунарот

    Некој моќен волшебник, кој сакал да уништи едно царство, истурил волшебна течност во бунарот од кој пиеле вода сите поданици. Секој што ќе ја пробал, полудувал.rnrnПоучна приказна: царот и бунаротrnrnДо утредента сите жители на царството се напиле вода и полуделе, освен царот и неговото семејство, кои имале посебен бунар само за нив и до кој волшебникот не успеал да стигне. Загрижен, царот се обидел да го држи населението под контрола, воведувајќи цела низа безбедносни и хигиенски мерки; меѓутоа, и жандармите и надзорниците пиеле од затруената вода, па затоа им се чинело дека царевите одлуки немаат никаква смисла и решиле да не ги спроведуваат.rnrnКога жителите на царството дознале за новите закони, помислиле дека полудел нивниот владетел и почнал да издава бесмислени наредби. Разбеснета толпа го опколила дворецот и побарала од царот да се откаже од круната.rnrnЦарот, очаен, бил готов да се откаже од тронот, но кралицата го спречила со зборовите: „Ајде и ние сега веднаш да појдеме до бунарот и да се напиеме вода. Така ќе станеме исти како нив.“rnrnТака и направиле: царот и царицата се напиле од водата на лудоста и веднаш почнале да зборуваат бесмислици. Нивните поданици в мигот се покајале: сега, кога царот зборува толку мудро, зошто да не го остават и натаму да управува со земјата?rnrnИ така царството продолжило да живее во мир, иако неговите жители се однесувале сосем поинаку од своите соседи, а царот управувал со земјата сè до крајот на својот живот.rnrn(Извадок од „Вероника реши да умре“ од Пауло Коелјо)rnrnПоука: Никој не е луд и сите се луди. Лудите се секогаш во малцинство. Мнозинството ги смета за луди оние што размислуваат поинаку, мислејќи дека тие се нормални само затоа што сите размислуваат и прават на ист начин. Во моментот кога лудиот ќе ја прифати филозофијата на мнозинството и ќе се претвори во просечен човек, тогаш тој станува нормален.rnrnПрочитајте „Што е нормално денес“ според Коелјо, извадок од неговиот роман „Победникот останува сам“. Нека ве инспирира да ја преиспитате својата лудост и нормалност.

  • Загатка: Жаба во бунар

    Загатка: Жаба во бунар

    Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.rnrnПрвиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?rnrnЗагатка: жаба во бунарrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Помош:” active=”false”]Првичната мисла можеби не е точна.[/toggle_item]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Потребни ѝ се 28 дена. На 28-от ден ќе скокне три метри и ќе излезе, така што вечерта нема пак да се излизга надолу.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

  • Поучна приказна: Магарето и бунарот

    Поучна приказна: Магарето и бунарот

    Еден ден магарето паднало во бунар. Тоа жално плачело со часови додека селанецот се обидувал да смисли што да направи.rnrnПоучна приказна: Магарето и бунаротrnrnКонечно, бидејќи магарето било старо, а бунарот секако требало да се покрие, тој решил дека не вреди да се мачи да го вади јадното животно. Ги поканил сите негови соседи да дојдат да му помогнат. Тие сите земале лопата в рака и почнале да фрлаат земја во бунарот.rnrnНајпрво, кога магарето сфатило што се случува, се утепало од плачење. Потоа, за живо чудо, стивнало. Мудрото животинче смислило план.rnrnСо секое нафрлање земја врз неговиот грб, магарето ќе ја протресело и ќе се качело нагоре врз насобраниот куп. Конечно купот станал толку висок што магарето можело да исчекори од бунарот и веднаш среќно си заминало.rnrnПоука: Животот ќе ти нафрли секакво ѓубре на грбот. За да излезеш од бунарот, трикот е да се истресеш од ѓубрето и да се искачиш еден чекор нагоре. Можеме да излезе и од најдлабокиот бунар, несопирајќи се и никогаш неоткажувајќи се.rnrnСамо истреси се и искачи се нагоре!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

    Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

    Ова спектакуларно чудо на природата е наречено Бунарот на Тор и се наоѓа на ‘ртот Перпетуа во американската сојузна држава Орегон. Тоа всушност, е една огромна фонтана со солена вода која црпи енергија од Пацификот, за да може да исфрла бранови големи по неколку метри.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrnДо бунарот може да се пристапи само од северната страна, затоа што од другите е опкружен со океанот. Штом стигне до него, водата се спушта брзо низ неговите стрмни и остри карпести ѕидови, чекајќи можност повторно да излезе надвор.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrnИако е премногу опасно човек да се доближи до Бунарот на Тор, сепак неговата убавина е премногу атрактивна за фотографите да го пропуштат. Огромните бранови и прекрасните зајдисонца се голем предизвик за нив, но свесни се дека во исто време се многу опасни.rnrnМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrn rn

    „Големите бранови влегуваат во дупката, ја исполнуваат со вода и шумолат, пред пак да излезат од неа. Тоа не се случува со секој бран, тоа зависи од тајмингот и големината на бранот. Претпоставувам дека дупката е длабока околу шест метри и дека ако некој падне во неа нема никакви шанси да преживее,“ ги пренесува своите впечатоци фотографот Дарен Вајт.

    rnМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бунарот на вештерката

    Бунарот на вештерката

    „Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.rnrnБунарот на вештеркатаrnrnВистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештерки :). Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.rnrnБунарот на вештеркатаrnrnБунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.rnrn

    Бунарот на вештерката
    „Бунарот на вештерката“ кога нема прелевање на вода
    rnrnНо, бунарот не кипи после секој посилен дожд. Последен пат тоа се случило во април, 2010, а претпоследен пат во 2008, по пауза од 3 години.rnrnБунарот на вештеркатаrnrn„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.rnrnБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.