КАФЕ ПАУЗА

Tag: бумеранг

  • Тест: Изберете бумеранг и откријте што е тоа што набргу ќе се врати во вашиот живот!

    Тест: Изберете бумеранг и откријте што е тоа што набргу ќе се врати во вашиот живот!

    Сè во животот се враќа и на крајот секој го добива она што го заслужува. Направете го овој тест и откријте што е тоа што набргу ќе ви се врати.rnrnТест: Изберете бумеранг и откријте што е тоа што набргу ќе се врати во вашиот живот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бумеранг бр. 1″ active=”false”]Многу луѓе ја искористија вашата добрина на многу начини, а тоа ви го отежна животот. Сепак, време е да бидете наградени за вашата добрина. Со други зборови, време е да го добиете она што заслужувате, односно среќа. Ви претстојат многу среќни денови овој период.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бумеранг бр. 2″ active=”false”]Одамна престанавте да верувате дека вреди да се биде љубезен бидејќи многупати досега бевте искористувани поради вашата љубезност и добрина. Но, набргу ќе бидете наградени за сета ваша добрина. Ве очекува голема промена која ќе ви го подобри животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бумеранг бр. 3″ active=”false”]Досега правевте многу повеќе добри отколку лоши дела. Но, направивте една грешка во минатото чија лекција сепак навремено ја научивте. Меѓу другото, во наредниот период ќе ви се исполни една од вашите големи желби како награда за вашите добри дела.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бумеранг бр. 4″ active=”false”]Отсекогаш сте се однесувале внимателно и промислено. Сепак, во вашето срце сè уште постои топлина. Набргу ќе сфатите дека добрината секогаш се исплаќа на крајот. Ќе ви се остварат желбите и вие ќе уживате во вашите среќни моменти. Единственото нешто што не смеете да го заборавите е да правите добри дела.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете порака од моќниот шаман.rnrnИзвор: atma.hr

  • 30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

    30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

    Сигурно многупати сте слушнале дека и позитивната и негативната енергија што ја испраќате ќе ви се врати како бумеранг. Но, постојат и други, помалку познати закони на кармата. Можеби не сте чуле за нив, но кога ќе ги прочитате, ќе сфатите дека функционираат и дека можете да ги почувствувате.rnrn30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работиrnrn1. Вистинската радост доаѓа само како резултат на напор, работа, трпеливост и жртвување.rnrn2. Слободата доаѓа заедно со одговорноста.rnrn3. Енергијата и љубовта што ги вложувате во врската, сигурно ќе ви се вратат. Можеби не преку личноста што ја сакате, но универзумот ќе најде начини да ви ги врати.rnrn4. Она што ѝ го давате на некоја друга личност, вие всушност му го давате на целото човештво.rnrn5. Она што го вложувате во вашата работа, го вложувате и во човештвото.rnrn6. Вредноста на вашата работа лежи во енергијата и во подготвеноста да се потрудите.rnrn7. Ќе страдате сè додека не ја научите лекцијата што треба да ја научите. Кога ќе ја научите лекцијата, ќе имате алат во вашите раце што ќе ви помогне да го прекинете циклусот на страдање.rnrn8. Ако живеете во минатото или во иднината, ја пропуштате сегашноста.rnrn9. Придржувањето до старите навики и начини на размислување го спречува личниот развој.rnrn10. Ќе ја научите лекцијата кога вашите зборови, мисли и дела ќе се усогласуваат со неа.rnrn11. Вашата личност ќе згасне и ќе се удави во негативност ако заборавите да се фокусирате на моралот и на духовноста.rnrn12. Алчноста и мирот не можат да опстанат заедно.rnrn13. Малите дела силно се рефлектираат во универзумот. Бидете свесни за секое ваше дело, колку и да ви изгледа безначајно.rnrn14. За да постигнете нешто големо и значајно, прво мора да постигнете нешто мало.rnrn15. Ништо нема да заврши пред да преземете нешто. Колку и да е мал првиот чекор, тој секогаш е најважен.rnrn16. Вашите љубов, енергија, напорна работа и инспирација му носат нешто убаво на целиот свет, а универзумот ќе ве награди за тоа.rnrn17. За да растете и да напредувате, мора да бидете подготвени за промени.rnrn18. Учете од вашето минато и дајте сè од себе во сегашноста. Тоа е единствениот клуч за светла иднина.rnrn19. Само вие сте одговорни за вашата среќа. Никој друг.rnrn20. Сите сме дел од нашето опкружување. Нашата енергија има силно влијание врз пријателите, врз партнерот и врз семејството, без разлика дали е позитивна или негативна.rnrn21. На крајот, секогаш стануваме она што криеме во себе.rnrn22. Кога ќе го сретнеме непријателот, не смееме да го промениме нашето однесување и да ги заборавиме законите на кармата.rnrn23. Кога ќе сретнеме некој „полош“ од нас, не смееме да заборавиме на личните недостатоци.rnrn24. Она што одбивате да го прифатите, мора да се развие и да стане поинтензивно за повеќе да влијае на вашиот живот.rnrn25. Вашата награда е пропорционална со вашите напори.rnrn26. Промената доаѓа однатре. Не треба да очекуваме другите луѓе да променат нешто во нас. Само ние ја имаме таа моќ.rnrn27. Не можеме да ги промениме другите луѓе. Можеме да се промениме само ние самите.rnrn28. Надворешните промени започнуваат со внатрешните.rnrn29. Ако се предадете себеси, ја губите можноста да живеете вистински живот.rnrn30. Промените што сакаме да ги видиме во светот, прво мора да ги промениме кај нас. Тоа можеме да го постигнеме со зборови, мисли и дела.rnrnПрочитајте ги и овие 7 работи што не сте ги знаеле за кармата.

  • Доброто со добро се враќа

    Доброто со добро се враќа

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnКога последен пат помогнавте на некој изнемоштен старец да ја премине улицата? Му подадовте ли рака на детето кое падна пред вас? И понудивте ли помош на бабичката која едвај ги носеше торбите или можеби го поделивте вашиот сендвич со бездомникот кој го затекнавте како бара храна во контејнер?rnrnДоброто со добро се враќаrnrnРетки се оние кои ќе кимнат со главата додека го читаат ова. Но, тоа не значи дека сме себични и сурови, туку невнимателни. Денеска сите некаде брзаме и не им обрнуваме внимание на овие ситни работи, кои нам ќе ни одземат незначително малку време, а некому сигурно ќе му го разубават денот. Со ваквите мали и несебични гестови, можеби ќе мотивираме и некој друг да го стори истото.rnrnДоброто со добро се враќаrnrnПогледнете како љубезноста се пренесува од еден на друг и ни се враќа како бумеранг, преку ова кусо видео на добротворната организација „Life Vest Inside“.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.