КАФЕ ПАУЗА

Tag: бројки

  • 4 важни бројки кои откриваат дали треба да ослабите (а не се вашите килограми!)

    4 важни бројки кои откриваат дали треба да ослабите (а не се вашите килограми!)

    Мислите дека килограмите се најважната бројка според која одредуваме дали сме здрави и во форма? Грешите! Не дозволувајте бројката на вагата да ве обесхрабри бидејќи постојат четири други фактори кои се многу поважни од килограмите кога зборуваме за здравјето. Тие ќе ви откријат дали сте во форма, дали треба да ослабите, и ако да, како да ослабите. Престанете да се мерите на вагата и обрнете внимание на следниве четири нешта…rnrnrn

    1. Обем на струкот

    rnАко ви се насобира масно ткиво во пределот кај стомакот, тогаш сте изложени на поголем ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Опсегот на струкот треба да се израчуна така што ќе го обвиткате метрото точно над коската од колкот, односно некаде на висина на папокот. Кај здравите жени, обемот на струкот не смее да биде поголем од 90 сантиметри.rn

    2. Број на отчукувања на срцето во мирување

    rnСтавете два прста на пулсот, на зглобот или на вратот, и избројте колкупати вашето срце отчукува во една минута. Бројката треба да биде некаде помеѓу 60 и 100 отчукувања. Ако таа е под 60, тогаш укажува на подобро физичко здравје, но ако е над 100 – тогаш вашето тело ви кажува дека не сте доволно активни и срцето мора да работи понапорно за да ги одржува сите функции.rn

    3. Процент на поткожно масно ткиво

    rnЗа разлика од индексот на телесна маса, процентот на поткожно масно ткиво ја открива количината на вишок маснотии одвоени од мускулната маса. Здравиот процент на поткожно масно ткиво кај жените изнесува од 20 до 32 проценти. Овој процент се пресметува со помош на биоелектрична импеданција, метод во којшто преку метални електроди се испраќа слаб електричен сигнал низ телото, додека личноста стои на платформа за пресметување.rn

    4. Базален метаболичен ритам

    rnБазалниот метаболичен ритам ги зема предвид вашата висина, тежина, пол и ниво на телесна активност со цел да пресмета просечен број калории кои се согоруваат додека одмарате. Оваа бројка може да ви помогне да одредите колку најмалку калории треба да внесувате на дневно ниво доколку сакате да ослабите.rnrnПогледнете ги и овие славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење.

  • Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

    Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

    Дали во последно време сте почнале да забележувате трицифрени броеви кои не можете да ги игнорирате? Дали тоа ви се случува повеќе пати дневно? Тоа не е случајно! Трицифрените броеви сакаат да ви пренесат значајна порака или да ве разбудат. Вашите водичи и ангели чувари на тој начин се обидуваат да ви помогнат.rnrnДали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!rnrnДоколку во последно време ви се случуваат промени, незгоди или поминувате низ тежок период, немојте да се грижите. На тој начин се расчистуваат оние делови од вашиот живот кои не ви користат. Доколку ви се случуваат позитивни промени, тоа значи дека сте на вистинскиот пат.rnrnСега е време да ослободите од сето она што ве спречувало да го искористите вашиот потенцијал. Кога ќе заглавите во старите уверувања, мора да ги прифатите, признаете и да ги согледате такви какви што се. Треба да им дадете љубов и да се ослободите од нив. Дајте си ја вистината и љубовта што ја заслужувате. Кога ќе се отворите кон животот, ќе почнете да ги забележувате симболите,броевите и знаците кои ви пренесуваат пораки. Тука спаѓаат и трицифрените броеви. Тие се поврзани со одредени пораки и тие се вашиот патоказ кој треба да ве однесе на вистинскиот пат. Прочитајте какво значење кријат ттрицифрените броеви…rnrn111 – Енергетскиот премин ви е отворен, па затоа вашите мисли брзо се претвораат во реалност. Внимателно одбирајте ги вашите мисли и погрижете се да се совпаѓаат со вашите желби. Не трошете енергија на стравот за да не го претворите во реалност.rnrn222 – Имајте верба. Сѐ ќе биде добро. Не грижете се, бидејќи ситуацијата ќе даде позитивен резултат за сите луѓе што се вклучени во неа.rnrn333 – Поврзани сте со вашите виши сили на многу нивоа и тие непрестајно делуваат во ваша корист. Тие ве сакаат, водат и штитат истовремено.rnrn444 – Во овој момент ве опкружуваат илјада ангели. Тие ве сакаат и поддржуваат. Имате многу силна поврзаност со ангелското царство, бидејќи и вие самите сте ангел на Земјата. Нема од што да се плашите. Сѐ ќе биде добро.rnrnДали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!rnrn555 – Ве очекуваат големи промени и трансформации. Имате можност да излезете од досегашните проблеми и да живеете онака како што навистина заслужувате.rnrn666 – Време е да се фокусирате на духот кој ќе во урамнотежи и исцели животот. Кажете ги гласно вашите стравови поврзани со материјалното богатство. Прифатете ја помошта од љубовта, како од луѓето така и од ангелите.rnrn777 – Честитки! Внимателно сте го слушале универзумот и таа мудрост сте ја пренеле во вашите дела. Сега е време за вашата награда. Вашиот успех ги инспирира и им помага на другите, па затоа продолжете така и понатаму.rnrn888 – Универзумот е великодушен, а вие сте научиле како да ги примате даровите од неговиот извор. Ќе добиете големо финансиско богатство сега и во иднина.rnrn999 – Одлично завршена работа! На светот му треба вашата животна мисија! Прифатете ја вашата мисија без двоумење и одложување.rnrnПостојат и други комбинации на бројки со кои може да се сретнете и кои ќе ве насочат кон искористувањето на вашиот највисок потенцијал. Кога ќе станете отворени и свесни, ќе гледате сѐ повеќе бројки и пораки наменети за вашето внатрешно битие и душа. Нека вашите мисли будат радост, вашите зборови-вистина, а вашите дела-љубов и универзумот со задоволство ќе ги исполни сите ваши потреби. Така функционира законот на привлекувањето!rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за значењето на броевите.

  • Дали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!

    Дали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!

    Дали некогаш сте се запрашале зошто кога го повишувате тонот на телевизорот, гласот мора да биде на некој парен број, а не на 73, на пример? Многумина мислат дека ова е безначајна опсесивно-компулсивна навика, но вистината е дека нашата емоционална приврзаност со одредени бројки не е толку необична. Со други зборови, доколку сте човек кој претпочита парни броеви, не сте сами! Сите луѓе имаат субјективно сфаќање за овие објективни симболи и нашите нумеролошки преференции може да влијаат на сите делови од нашиот живот, од производите што ги купуваме па сѐ до хотелската соба што ќе ја одбереме.rnrnДали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!rnrnМатематичарот Алекс Белос ги проучувал карактерните особини што природно ги покажуваме преку изборот на броевите и нивните аритметички карактеристики. Дури и да не сте големи љубители на математиката, сигурно имате силни чувства кон одредени броеви. Некои броеви едноставно ни помагаат да се чувствуваме подобро.rn

    „Земете го бројот 10 за пример. Имаме 10 прсти на рацете и има 10 цифри во нашиот броен систем. Бројот 10 не е воопшто контроверзен, лесен е за разбирање, тој ни е пријател. Сѐ е во ред со бројот 10“, напишал Белос.

    rnНекои истражувања покажале дека производите кои содржат парен број во името се попривлечни за потрошувачите за разлика од оние со непарен број во името. Се смета дека причината за ова е тоа што полесно ни е да ги разбереме парните броеви. Попознати ни се, почесто се појавуваат во таблицата за множење што ја учиме како деца и полесно ни е да ги користиме во секојдневието што ни дава чувство на леснотија и задоволство. Освен тоа, нумеролошките преференции зависат и од деливоста на бројот.rnrnДали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!rnrnНепарните броеви, особено примарните, претставуваат поголем предизвик и на нашите мозоци им треба повеќе време за да ги процесираат. Не само што се потешки за разбирање на аритметичко ниво, туку и цело време им придаваме некакво негативно значење. Пример за тоа е бројот 13 што го сметаме за баксузен.rnrnПарните броеви се здодевни и монотони, а непарните даваат чувство на возбуда и немир. Кога ќе го повишите гласот на 42 наместо на 43, се чувствувате пријатно и безбедно. Луѓето секогаш донесуваат брзи одлуки и броевите имаат голем удел во тоа. Веднаш знаеме дека можеме да му веруваме на производот со име ВД-40, но производот со име ВД-39 нѐ буни и нѐ тера да размислиме какво значење има тој број. Заклучокот е дека секојдневно си имаме работа со математиката, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, дознајте го значењето на броевите и она што тие се обидуваат да ни го кажат.

  • Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

    Нумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?

    Нумерологијата е наука што ја проучува мистичната врска помеѓу бројките и еден или повеќе истовремени настани. Освен тоа, ја проучува и нумеролошката вредност на буквите во зборовите, имињата и идеите. Според многумина, 2016-та беше лоша година. Ако и вие го делите истото мислење, нумерологијата ја открива причината за тоа.rnrnНумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?rnrnДоколку го расчлените бројот 2016 во нумерологијата, ќе го добиете бројот 9, што значи дека оваа година нумеролозите ја нарекуваат „Година девет“.rn

    Девет означува завршување, крај и промени

    rnБројот 9 означува промена во глобалната свест и општо во целиот свет. Иако Годината девет е знак на краеви, таа е исто така и почетокот на нов деветгодишен циклус. Ние треба да примениме лекциите што сме ги научиле во изминативе 9 години и да ги искористиме како водич во наредниот циклус. Освен тоа, деветката ја буди потребата за давање помош и хуманитарни подвизи, како и желбата човек да го сподели неговото лично мислење со светот. Енергијата што претходно била фокусирана на остварување на вашите лични цели сега преминува во енергија што се стреми кон промени на глобално ниво. Тука можеби ќе се пронајдат многу луѓе кои претходно не биле заинтересирани за политика или за глобалните проблеми, но сега сакаат да дадат свој придонес за светот.rnrnГлавната поента на Годината девет е да се заборави на минатото и да се почне од почеток. Според нумеролозите, старите навики и начини на однесување ќе бидат отстранети, а светот ќе почне да се менува на многу нивоа. Исто така, долго време фокусот беше на индивидуалецот, а не на општеството во целина. Мажествената енергија ќе биде заменета со поженствена во Годината девет, но доминацијата на старата ќе треба прво целосно да се искорени за да се направи простор за нови искуства.rnrnРасчленувањето изгледа вака: 2 + 0 + 1 + 6rnrnСекој број од Годината девет праќа одредени вибрации и има своја енергија која може да се почувствува на различни нивоа. Вибрациите на 2 се поврзани со енергиите на мирот и добрината, духовноста и соработката, трпението и работата на меѓучовечките односи. Треба да се концентрираме на толеранцијата и разбирањето, да најдеме рамнотежа во универзумот помеѓу енергиите на јин и јанг, односно доброто и лошото.rnrnБројот 0 е поврзан со духовната енергија. 2016 година претставуваше духовно патување и луѓето беа повикани да ја слушаат сопствената интуиција бидејќи само таа може да им го покаже вистинскиот пат.rnrnНумерологијата открива: Зошто 2016-та беше најлоша година?rnrnВибрациите на бројот 1 означуваат нови почетоци, независност, индивидуалност, храброст, инстинкт, упорност и преземање контрола врз сопствената реалност. Оваа енергија води во нова насока и кон нови патишта. Луѓето имаат способност и желба да се развијат на многу нивоа: Глобално, лично, професионално и духовно.rnrnВибрациите на бројот 6 означуваат женствена енергија која беше присутна оваа година и се поврзува со енергиите на заздравување, искреност, интегритет, верба, човечност, хуманост и мир.rnrnКако што спомнавме и претходно, веројатно оваа година сте сакале да учествувате во нешто што може да го смени светот на подобро. Без разлика дали сте се вклучиле во политика, хуманитарни организации или сте го посветиле времето на остварувањето некоја цел во која силно верувате, сте биле фокусирани да направите позитивна промена благодарение на сите тие енергии. Сите ние чувствуваме длабока потреба да ја употребиме љубовта и грижата за да ја одржиме стабилноста сред сите овие промени што се случуваат на глобално ниво.rn

    Што ни носи наредната година?

    rnУниверзална енергија за 2017: 2 + 0 + 1 + 7 = 10 = 1rnrn2017 година ќе биде Година еден што значи дека време е да го посадиме семето на нашите планови за наредниот деветгодишен циклус. Бројот еден претставува можност да си ја вратите моќта и да преземете акција. Станува збор за револуционерен период, а тоа се добри вести за многумина. Можете да ги поставите вашите цели на лично и глобално ниво и тие ќе бидат остварено само доколку ја искористите енергијата на овој број и да останете упорни до самиот крај.rnrnИако 2016 година беше лоша и тешка, сега имате можност да станете активен набљудувач на универзалните случувања, да ги всадите овие промени во вашиот ум, да ги запишете вашите планови и да направите промени кои ќе бидат позитивни и за вашиот живот и за светот во целост.

  • Секогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешите

    Секогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешите

    Науката за броевите може многу да ни помогне во емотивниот живот. Секој од нас има личен број кој лесно е да се пресмета и дава преглед на нашата, но и на личноста на нашиот партнер. Бројките се како магија. Ако сретнете личност со која сте нумеролошки компатибилни, можете да очекувате убава врска која може да стане вечна и да заврши со брак. Но, некои врски не успеваат без разлика на тоа колку се трудат двајцата партнери. Нешто како да недостасува или, пак, разликите во карактерот се премногу големи за да може врската да опстане. Во тој случај, можеби сте сретнале личност која не се согласува со вашиот личен број. За да не талкате емотивно и да се врзувате за погрешни партнери, прочитајте го овој нумеролошки водич кој ќе ви ја олесни љубовната потрага и ќе ви одговори што не е во ред во вашата врска.rnrn Секогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешитеrn

    Пресметајте го вашиот и бројот на партнерот

    rnЗа да дознаете дали сте еден за друг, доволни ви се вашата и датата на раѓање на вашиот партнер. Вашиот личен број е клучот со кој ќе можете да откриете колку сте емотивно компатибилни со партнерот. Едноставно соберете ги бројките од датата на вашето раѓање и претворете ги во еден број. Тоа е вашиот личен број. Направете го истото и за вашиот партнер.rnrnНа пример, ако вашиот роденден е на 14.07.1985, треба да ги соберете цифрите на денот, месецот и годината и да ги претворите во еден број.rnrnМесец: 7rnrnДен: 1 + 4 = 5rnrnГодина: 1 + 9 + 8 + 5 = 23, односно 2 + 3 = 5rnrnСоберете ги сите: 7 + 5 + 5 = 17, 1 + 7 = 8rnrnВашиот личен број е 8.rnrnСледниот чекор е да го дознаете роденденот на личноста во која сте заљубени. Пресметајте го неговиот или нејзиниот личен број. Кога ќе го направите тоа, погледнете го описот на броевите кој ќе ви покаже дали вие и вашиот партнер сте сродни души според нумерологијата.rn

    Број 1: Одлични љубовници

    rnРодените во бројот 1 се многу упорни, честопати и тврдоглави. Тие се родени лидери, амбициозни и креативни. Имаат голема самодоверба и се одлични љубовници. Тие се многу посесивни кон нивниот сакан, но и заштитнички настроени. Личноста која ја сакаат ја чуваат како капка вода на дланка и сакаат да се гордеат со партнерот во друштво. Додворувањето никогаш не им е проблем бидејќи освојуваат благодарение на нивниот неоспорлив шарм. Најголем романтичен успех можат да имаат со бројките 2, 4 и 7. Кај двојките им се допаѓа нивната нежност, топлина и добродушност, а четворките ги привлекуваат поради нивната непредвидливост.rnrnСекогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешитеrn

    Број 2: Романтичари

    rnЛуѓето родени во бројот 2 се одликуваат со дипломатски и мирољубив став. Тие се големи романтичари кои сакаат да фантазираат. Нив ги краси трпеливост, сочувствување и љубезност. Многу лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и многу се пријатни за заеднички живот. Во љубовта се топли и потребни им се многу љубовни докази од партнерот за да се чувствуваат сакани. Потребен им е партнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и кој ќе ги разбере нивните чести промени на расположение и нивната пречувствителност. Единиците ја зголемуваат нивната самодоверба, а одлично се сложуваат и со бројот 7.rn

    Број 3: Лесно за заљубуваат

    rnТројките се луѓе кои ги краси оптимизам и великодушност. Добронамерни се и гостољубиви, сакаат да уживаат во животот и во убавите работи. Поврзани се со нивниот дух, чувствителни се и многу лесно се заљубуваат, па им треба партнер кој ќе ги смири и кој ќе им даде сигурност. Луѓето родени во бројот 3 се во постојана потрага по идеален љубовен партнер и затоа често влегуваат од една врска во друга. Се согласуваат со бројот 6, кој може да им даде многу љубов, но и да ја разбере нивната потреба за слобода. Добро се сложуваат и со броевите 8 и 9.rn

    Број 4: Тешко се врзуваат

    rnЛуѓето родени во бројот 4 се многу независни и ја сакаат нивната слобода. Досетливи се и оригинални, а поради нивната интересна личност омилени се во секое друштво. Добро се информирани, знаат да се шегуваат и да ги сакаат луѓето. Во љубовта честопати се непредвидливи и тешко им е да се врзат за некого трајно, бидејќи кај секого наоѓаат маани. Пред да се смират со некој, проаѓаат низ турбулентен љубовен живот. Луѓето родени во бројот 1 одлично се согласуваат со четворките бидејќи го делат сличниот ентузијазам и љубовта кон промените. Четворките се исто така во добар однос со седмиците.rn

    Број 5: Ги кријат чувствата

    rnТие се многу комуникативни луѓе кои се одликуваат со снаодливост и брзина. Креативни се, природно шармантни и забавни. Љубопитни се и обожаваат излегувања, забави и патувања. Во љубовните врски честопати се премногу затворени, бидејќи сѐ сакаат да рационализираат и емотивно тешко се отвораат. Но, многу се привлечни, па затоа се успешни во заведувањето. Најдобро се согласуваат со единиците и шестките.rn

    Број 6: Љубовта им е на прво место

    rnРодените во бројот 6 се вистински уметнички души кои ги краси богатата имагинација, добриот и попустлив карактер и толеранција, а овие одлики ги ставаат на врвот на листата на најпосакувани љубовни партнери. Секогаш се смирени, честопати и наивни, а љубовта им е секогаш на прво место. Лесно се заљубуваат и се во вечна потрага по сродна душа. Без љубовта не можат да се смират и ќе бараат додека не го најдат вистинскиот партнер. Бројот 3 ќе им ја да даде посакуваната сигурност и одлично ќе комуницираат. Добро ќе се согласуваат и со бројот 5 со кого ќе имаат возбудлив љубовен живот.rnrnСекогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешитеrn

    Број 7: Ќе направат сѐ за партнерот

    rnСтанува збор за интуитивни и креативни луѓе кои се многу духовити. Тие се толерантни и многу попустливи. Но, многу се чувствителни, па затоа лесно остануваат повредени. Тешко заздравуваат од љубовните неволји и затоа оставаат да помине многу време пред да се одлучат за нова врска. Во љубовта се нежни, романтични и чувствителни. Подготвени се да направат сѐ за партнерот. Иако имаат одлична интуиција, многу често одбираат погрешен партнер. Љубовната среќа многу лесно ќе ја остварат ако се врзат со личности родени во броевите 1 и 2, бидејќи со нив многу добро емотивно ќе се разбираат.rn

    Број 8: Внимателни се во љубовта

    rnОсмиците се практични луѓе кои цврсто стојат на земјата. Не се занесуваат со нереални цели, многу се внимателни и систематични. Трпеливи се и имаат одлична самоконтрола. Имаат аналитички ум, а во љубовта се внимателни, дури и премногу. Многу се плашат дека ќе бидат повредени и затоа долго им треба да одберат партнер. Бараат сигурност во љубовта, односно врска која веднаш ќе го носи печатот на одговорност и трајност. Токму затоа најмногу им одговараат партнери родени во бројот 3 и 9. Тројките се подеднакво практични како и тие, а со деветките се согласуваат енергетски.rn

    Број 9: Посветени освојувачи

    rnДеветките имаат страсна и енергична природа, но честопати се многу тврдоглави и импулсивни. Искрени се и не сакаат одложувања. Имаат голема психичка сила, но и изразено либидо. Кога ќе се вљубат, целосно ја губат главата. Освојуваат директно и шармантно без разлика за кој пол станува збор. И жените и мажите во овој број лесно се заљубуваат и ќе направат сѐ за да ја освојат личноста која им се допаѓа. Во љубовта одлично се согласуваат со тројките и петките, со кои се надополнуваат и имаат сложен однос, а шестките и осмиците можат лесно да ги смират.

  • Генијална техника: Научете ги вашите деца да цртаат со помош на бројки

    Генијална техника: Научете ги вашите деца да цртаат со помош на бројки

    Скоро и да не постои дете кое не сака да се трансформира во мал уметник. Доволно е да им дадете молив и хартија и тие ќе бидат преокупирани со цртање долго време. Уште подобро ако им подготвите и дрвени боички – во тој случај сè што ви преостанува е едноставно да ја набљудувате нивната креативност и да се забавувате заедно со нив.rnrn(1) Генијална техника: Научете ги вашите деца да цртаат со помош на бројкиrnrnНо, доколку сакате да ги поврзете учењето и забавата, можете да ја примените оваа генијална техника наменета за најмалите. Многу цртежи можат фантастично да изгледаат со помош на бројките, што е идеален начин да го научите вашето дете и да брои и да црта. Погледнете ги овие цртежи и обидете се да ги направите и вие заедно со вашите најмали. Забавувајте се!rnrnrnrn

  • Дали ќе успеете да ја решите оваа исклучително тешка загатка?

    Дали ќе успеете да ја решите оваа исклучително тешка загатка?

    Погледнете ги добро броевите на оваа слика и добро размислете, која бројка припаѓа на местото на прашалникот? Доколку успеете да ја решите оваа загатка, пишете ни во коментарите и објаснете ни како сте дошле до тој заклучок. Со среќа!rnrnДали ќе успеете да ја решите оваа исклучително тешка загатка?

  • Задача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?

    Задача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?

    Доколку сакате добри загатки, тогаш со сигурност ќе ви се допадне оваа која последниве неколку денови е многу популарна на социјалните мрежи.rnrnЗадача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?rnrnЗадачата на прв поглед делува многу едноставно, меѓутоа изгледа дека само најголемите мудреци во светот се способни да ја решат. Целта е да дојдете до бројот 30 користејќи ги само наведените броеви кои треба да ги впишете на 3-те празни линии, така што можете да го користите истиот број повеќе пати. Подготвени сте? Доколку успеете, споделете го решението со нас во коментарите. Со среќа!rn

    ___ + ___ + ___ = 30

    rn

    (1, 3, 5, 7, 9, 11, 13, 15)

  • Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

    Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

    Освен планетите, судбината ни ја одредуваат и бројките. Не е сеедно кога сте родени и кои броеви ви се одредени. За да дознаете што нумерологијата ви има запишано во вашата судбина за 2015, треба да го пресметате вашиот биоритамски број. Тоа е број кој се добива со собирање на сите поединечни цифри од вашиот датум на раѓање, сведен на едноцифрен број. На пример, родените на 27 март имаат биоритамски број 2+7+3=1+2=3.rn

    shto-vi-porachuvaat-brojkite-za-2015-godina-kafepauza.mkrn1

    rnБи требало да ги завршите сите незавршени работи и да ги реализирате целите кои одамна си ги имате зацртано. Ќе имате многу енергија, мотивација и сила, особено ако се занимавате со работа која подразбира социјално ангажирање, а тоа најмногу се однесува на оние „единици“ кои се занимаваат со спорт.rn

    2

    rnОва е година во која ќе можете да започнете многу нешта за кои сте размислувале и фантазирале претходните 9, без разлика дали се работи за вашиот љубовен или финансиски аспект од животот. Бидете упорни и не откажувајте се од своите цели. Раководете се според инстинктите, не според логиката. Треба да имате резервен финансиски фонд.rn

    3

    rnВлегувате во година во која вашиот талент и креативниот потенцијал можат да дојдат до потполн израз. На многу „тројки“ ќе им се укажат прилики за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годината е посебно наклонета на „тројките“ кои се занимаваат со уметност или спорт.rn

    4

    rnВо новата година би требало да се посветите на образованието и на стручно усовршување, особено ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања надвор од земјата. Бидете реални и проценувајте ги сопствените можности според потенцијалот и правете план за работа. Рекреацијата и промената во начинот на исхрана ќе бидат многу значајни за вашиот личен напредок.rn

    5

    rnВо оваа година многу напорно ќе работите за да постигнете некои важни цели. Покрај препреките и ограничувањата, ќе бидете во ситуација да пробате нешто потполно ново, што може да ви донесе и некои посакувани промени на работа. Пазете си ги зглобовите, ќе бидете повеќе подложни на повреди.rn

    6

    rnПред вас е година на љубовта, романтичните средби и познанствата, дружењето со млади луѓе, патувањето и учењето. Ако сте во зрели години, веројатно ќе посакате да внесете некакви промени во вашиот станбен простор, да го адаптирате или проширите местото на живеење. Односите со членовите на семејството ќе бидат од пресудно значење за вас.rn

    7

    rnДојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со некоја креативна работа. Новата година ви носи и можности за заљубување или стапување во брак или макар заеднички живот со партнерот. Со оглед на тоа дека сте љубители на ризикувањето, ќе бидете во ситуација брзо да донесувате важни одлуки.rn

    8

    rnВе очекува професионална и финансиска сатисфакција. Имате 8, број кој симболизира моќ, пари и јака волја. Би требало да бидете повнимателни во сообраќајот, бидејќи следната година носи зголемен ризик од повреди.rn

    9

    rnВо наредната година би требало да се посветите на финансиите, посебно ако планирате да инвестирате во некоја самостојна дејност. Ако се занимавате со уметност или медицина, годината ќе ви биде погодна за усовршување и проширување на активностите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

    Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

    Личниот број којшто се добива од збирот на цифрите во датумот на раѓање има силно влијание врз карактерот и врз животот на личноста воопшто. Но, тој број во комбинација со бројот кој се добива од конкретен датум може да даде некои насоки како тој ден најдобро да го искористите.rnrnНумерологијата датира од времето на стариот век, поточно од Стар Египет, и се базира на идејата дека животот се состои од циклус на броеви и дека клучот за среќа и успех лежи во поврзувањето на тие циклуси.rnrnnumerologijata-vi-pomaga-da-go-iskoristite-denot-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnПрво пресметајте го вашиот личен број. На пример, ако сте родени на 10 април 1986, вашиот личен број ќе биде:rn

    1 + 0 + 0 + 4 + 1 + 9 + 8 + 6 = 29 = 2 + 9 = 11 = 1 + 1 = 2

    rnПоточно ги собирате поединечните цифри од датумот на раѓање сѐ додека не добиете едноцифрен број. Тој број е вашиот личен број. Прочитајте за значењето на вашиот личен број за вашиот карактер.rnrnЗа да ја искористите нумерологијата на дневна база, на личниот број додадете го збирот на цифрите на конкретниот датум. Овој број ќе ви помогне да откриете на што треба да се концентрирате на тој ден.rnrnНа пример, ако ве интересира како треба да го искористите утрешниот ден, 11.04, равенката ќе гласиrn

    1 + 1 + 0 + 4 + 2 = 8

    rnЗначи ако сте родени на денешен ден во 1986, а сакате да знаете каков ќе ви биде утрешниот ден, бројот за кој треба да прочитате е бројот 8.rn

    Број 1 – Ден идеален за пронаоѓање на сопствениот пат

    rnОва е совршен ден да се изборите за она што го сакате, и секако, тоа и да го одбиете. Овој број го означува почетокот на циклусот и претставува нови почетоци. Каде одите? Што сакате? Запрашајте се себеси на овој ден и вашиот инстинкт ќе ви каже кои се вашите следни чекори. Ако веќе знаете во која насока одите, тогаш денот со број 1 ќе ви донесе енергија тоа и да го остварите.rn

    Број 2 – Идеален ден за длабоко поврзување со вашата сродна душа

    rnАко ви испадна бројот 2, на овој ден ќе бидете многу отворени за споделување емоции и ќе бидете полни со разбирање за другите. Ако ја барате вашата сродна душа, ова е идеален ден да се отворите и да ѝ кажете на таа личност што чувствувате. Не грижете се, интуицијата ќе ве води во процесот. Ако веќе ја имате пронајдено вистинската личност, ќе видите дека сте почувствителни за потребите на партнерот. Но, ако сте во фаза од животот во која љубовта ви е на второ, трето или десетто место, не очајувајте, бидејќи вистинската личност за вас е можеби пријателот за кого се грижите и го сакате.rn

    Број 3 – Идеален ден за довршување на работите

    rnНа овој ден ќе бидете најпродуктивни. Не само што ќе имате енергија за задачите, туку ќе бидете способни да се фокусирате и да препознаете кои работи мора да се довршат. Така со леснотија и без многу напор ќе ги завршувате задачите и ќе ги пречкртувате од to do листата. Иако овој ден е „зафатен“ ден полн со многу задачи и работа, на крајот од денот ве чека заслужен одмор.rn

    Број 4 – Најдобар ден да се погрижите за себе

    rnИскористете го овој ден да го средите домот. Сите обврски кои вообичаено ве окупираат, наеднаш ќе ви се видат лесни и изводливи, како што се реорганизација на финансиите, поправање на славината или одење во теретана. Овој ден е обележан со грижата за просторот во кој живеете или грижата за сопственото тело. Затоа, ако веќе некое време го одложувате одењето на забар, фатете го телефонот и закажете термин баш за овој ден. Тоа повеќе нема да ви делува како обврска.rn

    Број 5 – Погоден ден за изразување на чувствата

    rnАко се воздржувате од изразување на вашето мислење, не сте сигурни во зборовите на вашиот партнер, шеф, пријател или дете, денот означен со бројот 5 е петка за изразување и прекинување на молчењето. Тоа ќе ви дојде природно, ќе добиете ментална јасност која е потребна за искрено пренесување на чувствата, додека притоа никој нема да ви се налути или забележи.rn

    Број 6 – Денот кога изгледате најдобро

    rnОва е ден за состанок. Шест е број на убавината, естетиката и сензуалноста, па не само што точно ќе знаете како да се облечете, а притоа да ги истакнете своите квалитети, туку ќе зрачите и со посебна сексуалност. Не се работи само за добар изглед, на овој ден сте свесни за својата моќ и привлечност.rn

    Број 7 – Совршен ден за остварување на соништата

    rnВо нумерологијата, 7 е бројот кој ги поврзува небото и земјата. Затоа, овој ден ви ја дава потребната стрпливост за да истраете и да напредувате во своите амбиции и долготрајни планови. Исто така, ќе ви се врати вербата дека е возможно остварување на соништата сѐ додека во нив вложувате труд.rn

    Број 8 – Најдобар ден за враќање на рамнотежата во животот

    rnБез разлика дали работите премногу и немате време за семејството или сте многу фокусирани на семејниот живот па кариерата ви стои во место, овој ден е вистинското време за повторно воспоставување на рамнотежа. Во деновите обележани со бројот 8 ќе бидете способни да смислите начин за уживање и поврзување на двата аспекти од животот, без разлика дали се работи за топол телефонски повик кон партнерот за време на паузата за ручек или пак волонтерско пријавување за нова работна задача што значи дополнителна ангажираност и преземање поголема одговорност.rn

    Број 9 – Идеален ден за заборавање на минатото и движење кон напред

    rnОва е ден за трансформација кога ќе се преиспитате за сѐ што сте поминале во претходните 8 дневни циклуси. Сѐ се врти околу прифаќање на сопствените искуства, прифаќање на фактот дека сте дале сѐ од себе, дека сте научиле нешто ново и дека тоа научено го носите со себе за следните искуства. Денот со број 9 во основа се фокусира на едукација, па ова е одличен момент да испробате некоја нова вештина. Ќе бидете свесни за новата енергија која ќе ви овозможи да почнете нов циклус во животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.