Стереотипите околу доењето се вообичаени. Но, оваа жена и мајка верува дека е време тие да бидат срушени, така што се обидува да им помогне на децата подобро да го разберат доењето и мајчинството.rnrn
rnrnБети Страхан од Брисбејн го претворила нејзиното некогашно хоби во бизнис, продавајќи на Интернет бремени барбики, барбики доилки или пак, барбики родители. Оваа 28-годишна мајка, пред четири години започнала да ги креира барбиките за нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години. Сепак, таа веднаш ја претворила својата идеја во бизнис.rnrn
rnrnОткако почнала да ги продава барбиките доилки на Интернет, тие се покажале како многу популарни.rnrn
rnrnИако популарноста е добра вест за неа, оваа жена верува дека најважното нешто е тие да помогнат при едукацијата на децата дека сите жени не треба да изгледаат исто и дека не секое дете е родено со руса коса и сини очи.rnrn
rnrnОсвен за подигнување на свеста за разликите коишто постојат, овие барбики исто така помагаат да се нормализира сфаќањето за доењето кај многу млади девојки. Погледнете го видеото да дознаете нешто повеќе за оваа идеја…rnrnrnrnПа, кое е вашето мислење на оваа тема?
Tag: бремена
-

Би му дозволиле ли на вашето дете да си игра со барбика доилка?
-

ТВ серија: Девицата Џејн (Jane the Virgin)
Забавна и хумористична ТВ серија за една невина девојка која по грешка ќе биде вештачки оплодена
rn
Главни улоги: Џина Родригез, Андреа Наведо, Џастин Балдони, Ивон Кол, Брет ДиерrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Џени СнајдерrnrnПремиера: 13 октомври 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англиски, шпанскиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната на Џејн (Џина Родригез) започнува пред 13 години, кога таа имала само 10 години. Бабата на Џејн, Алба (Ивон Кол) ѝ одржала еден вид лекција за сексот, споредувајќи ја невиноста со прекрасен цвет. Џејн држела во својата рака еден цвет кој Алба ѝ рекла да го згмечи. Откако Џејн го направила тоа, таа се обидела да го врати цветот онака како што бил, но не успеала. Во тој момент Алба ѝ рекла дека истото се случува и со нејзината невиност – откако ќе ја изгуби, таа никогаш повеќе нема да може да ја врати.rnrn
rnrnЏејн никогаш не ја заборавила оваа лекција и денес, на 23-годишна возраст, таа сè уште ја чува нејзината невиност. Таа е во врска со Мајкл, веќе 2 години, но тие сè уште немале сексуален однос. Нивниот договор е тоа да се случи на првата брачна ноќ. Животот на Џејн може да се каже дека тече според нејзините планови – таа живее со мајка ѝ и баба ѝ, има одлична долгогодишна врска и работи како келнерка во хотел додека учи да биде наставничка. Но, во еден момент нејзиниот живот целосно ќе се преврти наопаку.rn
rnrnКога Џејн ќе отиде на редовната посета кај гинеколог, ќе се случи нешто што никој никогаш не би помислил дека е можно. Гинекологот Луиза, која претходната вечер открила дека нејзината жена ја изневерува, доаѓа на работа целосно вознемирена и без да обрне внимание, ја прави најголемата грешка во нејзиниот живот – наместо жената во другата просторија, таа ќе ја оплоди Џејн. Можете да замислите каков шок ќе биде ова за една девојка која никогаш немала секс.rnrn
rnrnОваа ТВ серија е на некој начин типична „шпанска“ серија која е едноставна за гледање и која со секоја епизода ќе ве изненадува со нов и незамислив настан. Токму поради тоа ако почнете да ја гледате, едноставно нема да можете да престанете. Ако сте расположени за многу драма, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса. И покрај тоа што можеби некои работи нема да ви имаат смисла, сепак приказната без сомнение ќе ве расположи и насмее, а на моменти дури и ќе ве растажи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како до добар сон за време на бременоста?
Автор: Вера МартиноскаrnrnБременоста честопати со себе носи разни проблеми со спиењето како што се мачнините, киселините, ’рчењето и грчевите во нозете. Нездравите навики во врска со спиењето стекнати уште пред бременоста, само ја влошуваат ситуацијата. Но, еве неколку совети како да си го подобрите сонот, не само во бременоста, туку и понатаму.rnrn
rnВнимавајте што и кога јадете
rnКажете им „не“ на пушењето и алкохолот – Повеќе од јасно е дека никотинот и алкохолот можат да му наштетат на вашето бебе, а исто така можат да го отежнат добивањето квалитетен сон. Никотинот е стимулант. Истражувањата покажуваат дека пушачите имаат пократок длабок сон и се чувствуваат помалку одморени од непушачите. За разлика од никотинот, алкохолот пак ве прави поспани и може да направи полесно да заспиете. Но ова е заблуда, затоа што алкохолот има тенденција да го прекинува сонот и да предизвика зачестено да се будите во втората половина на ноќта.rnrnНамалете го кофеинот (колку и да е тешко ова) – Намалете го внесувањето на пијалаци и храна кои содржат кофеин, како кафето, чајот, газираните пијалаци и чоколадото (а и кафето без кофеин е секогаш опција). Попладне и навечер избегнувајте ги сосем.rnrnПијте помалку доцна попладне и навечер – Пијте повеќе течности порано во денот, а помалу вечерта. Ова помага поретко да го посетувате тоалетот во текот на ноќта. Сепак, осигурајте се дека добивате доволно хранливи состојки и течности во текот на денот, на пример, за вода генерално се препорачуваат по 8 чаши на ден.rnrnИзбегнувајте тешки обилни оброци пред спиење – Зачинетата храна како чили и кисели јадења како домати може да ви предизвика киселини и проблеми со варењето. Истото се случува и со обилните оброци кои ги земате непосредно пред спиење. Ако киселините ви се проблем, јадете полесни оброци и јадете ги порано (доколку и понатаму киселините се причина да не можете да заспиете, изедете неколку бадеми). Дајте си два до три часа за да се свари храната пред да одите во кревет.rnrnУжина пред спиење за да ја избегнете утринската мачнина – Ако имате мачнини, може да си помогнете со тоа што ќе спречите стомакот комплетно да ви се испразни. Обидете се да грицкате едноставни ужини како крекери, особено пред спиење.rnrn
rnНаучете како да се опуштите
rnДремнувајте – Дремка од 30 до 60 минути ве прави посвежи, го изострува помнењето и генерално го намалuва чувството на замор. Една студија открива дека повеќе од половината бремени жени дремнуват барем еднаш во текот на работната недела, а 60 проценти за време на викендот.rnrnСепак, темпирајте ги внимателно вашите дремки. Ако дремнете премногу доцна во текот на денот или премногу долго, ќе си го нарушите ноќниот сон.rnrnНе вежбајте до доцна – Вежбањето завршете го порано за да му дадете време на телото да се опушти. Вежбањето пред спиење може да ве расони и дури да ви го земе сонот, нарушувајќи го природниот циклус на спиење. Обидете се да завршите со вежбањето барем три часа пред легнување.rnrnПрaктикувајте техники за релаксација – Запознајте се со техниките за предизвикување сон како што се создавање позитивни ментални слики, длабоко дишење и прогресивна мускулна релаксација.rnrnНе дозволувајте вашата „листа на грижи“ да ве загрижува – Чувањето лист хартија и пенкало покрај креветот може да ги олесни вашите ноќни нервози. Кога ќе се разбудите и помислите на сите работи кои треба да ги направите наредниот ден, запишете ги. Ако запишувањето на мислите ве прави уште позагрижени, завршете го правењето листа со прашања, грижи и работи кои треба да ги направите барем еден час пред легнување. Потоа обидете се да не мислите на нив до утрото.rnrnЗапишете се на курс – Ако сте вознемирени во врска со бременоста и раѓањето, грижата околу бебето или доењето, запишете се на курс. Фактот дека знаете што да очекувате може да ве опушти. Исто така, ќе ви годи друштвото на други бремени жени.rnrn
rnПрактикувајте „педантен“ сон
rnДржете се до распоредот за спиење – Обидете се да го регулирате вашиот распоред на спиење и будење така што ќе си легнувате и станувате во истото време секој ден.rnrnВоспоставете редовна рутина за релаксација пред легнување – Направете ритуал за опуштање пред да си легнете како читање, капење, пиење топол напиток (без кофеин) како млеко со мед или чај, 20 до 30 минути пред да одите в кревет.rnrnНаправете си ја спалната прибежиште за сон – Во текот на бременоста, може да ви биде потопло од обично, затоа одржувајте ја вашата соба нешто поладна. Исто така, изолирајте ја светлината и вревата, тие можат да ве рзбудат од лесниот сон.rnrnКористете го креветот само за спиење и секс – Ако сте навикнале да ги плаќате сметките или да гледате телевизија во кревет, престанете. Резервирајте го креветот за активности во кои уживате, како спиење, секс и лесно читање.rnrnСпијте на вашата лева страна – Истренирајте се да спиете на вашата лева страна. Оваа позиција им помага на крвта и хранливите состојки да стигнат до вашето бебе и матката и му помага на телото да ги елиминира непотребните материи и течности. Привикнувањето на оваа позиција во раната бременост ќе ви помогне да спиете подобро кога стомачето ќе ви биде поголемо.rnrnОбидете се да експериментирате со перници за да откриете удобна позиција за спиење. На некои жени им помага да стават перница под стомакот или помеѓу нозете. Исто така, користењето свиткано ќебе под грбот може да помогне да го олесни притисокот (сепак, консултирајте се и со вашиот гинеколог за ова).rnrn
rnАко едноставно не можете да заспиете
rnСтанете од кревет – Ако сте сè уште будни по 20 или 30 минути, станете и отидете во друга соба. Слушајте релаксирачка музика, читајте списание или напијте се малку чај од камилица. Кога ќе се почувствувате поспани, вратете се во кревет. Не заборавајте дека седењето пред компјутер нема да ви помогне. Светлината која ја емитира мониторот има ефект на расонување.rnrnНе грижете се – Ако се разбудите сред ноќ, не вознемирувајте се! Прекинатиот сон за време на бременоста, сепак е сосем нормален.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Инспиративни приказни со среќен крај
Животот е вечна борба. Борба за подобра иднина, борба за здрав, исполнет и успешен живот. Но, понекогаш среќата не е на наша страна. Некои од нас боледуваат од тешки болести, други просат за сува корка леб, трети се родени со хендикеп, четврти не можат никаде да ја сретнат нивната потенцијална сродна душа… Сите имаме разни проблеми, но животот мора да се турка напред, со силна верба во подобро утре.rnrn
rnrnОва е нашата селекција на 15 инспиративни приказни од сајтот Makes Me Think, кои истовремено ќе успеат да ве насмеат, расплачат и облеат со милион емоции. Се надеваме ќе уживате во психолошкото патување, исто колку што уживавме и ние.rnrnДенес, мојот син наполни 7, а јас 23 години. Да, го родив на денот кога наполнив 16. Одлуките кои ги донесов кога бев тинејџер беа будалести и понекогаш се грижам да не му дадам лош пример на мојот син. Но, денес го однесов во паркот за да ги прославиме нашите родендени. Тој со часови си играше со девојче, чие лице беше речиси целосно покриено со лузни од изгореници. Кога мојот син дојде до мене на пауза за ручек, покажа со прст кон неа и рече: „Таа е толку убава и интересна!“ Тоа ме наведе да помислам: сепак мора да правам нешто добро како мајка!
rn
Денес, во 1 часот после полноќ, мојата баба која страда од Алцхајмерова болест, стана, влезе во автомобилот на татко ми и отиде некаде. Се јавивме во полиција. Пред да ја пронајде полицијата, двајца студенти дојдоа пред нашата куќа со баба ми. Едниот го возеше автомобилот на татко ми, а другиот возеше зад него, во нивниот автомобил. Тие ни рекоа дека ја слушнале како плаче на празна бензинска станица оддалечена 10 милји од кај нас и велела дека се изгубила. Баба ми не можела да се сети на домашната адреса, но им го кажала на децата нејзиното име и презиме. Тие го пребарале нејзиното име на интернет, ја пронашле нејзината адреса на живеење и ја превезоа дома.
rn
Денес, мојот татко наполни 91 година. Тој едвај има сила за да зборува. Но, секојпат кога мојата мајка (таа има 84) ќе влезе во собата да го провери како е, тој ѝ вели: „Здраво убавице“.
rn
Денес, кога отидов да ја земам ќерка ми од градинка, таа седеше долу на земја во едно ќоше, во делот за деца со посебни потреби, во друштво со три слепи деца. Секое од нив имаше насмевка на лицето. Воспитувачот на одделот за деца со посебни потреби ми кажа дека ќерка ми секое попладне од оваа седмица, поминува време со овие три ученици, одговарајќи им на прашања и живописно објаснувајќи им како изгледаат разни предмети, луѓе и животни.
rn
Денес, кога таа се разбуди од шестмесечна кома, ме бакна и ми рече: „Ти благодарам што беше тука, ми ги раскажуваше тие прекрасни приказни и никогаш не се откажа од мене… И да, ќе се омажам за тебе“.
rn
Денес, пронајдов старо ливче напишано од мајка ми, кога таа била четврта година средно. На него имаше листа на карактеристики кои таа се надевала дека еден ден ќе ги пронајде во некое момче. Листата е општо земено, точен опис на татко ми, кој го сретнала дури кога имала 27 години.
rn
Денес е мојот 18-ти роденден. Пред точно 18 години, една жена била соочена со суровиот факт дека дотогаш имала четири спонтани абортуси и едно мртвороденче. При следната бременост, докторите ја информирале дека има ризична бременост. Тие ѝ објасниле дека постојат големи шанси, таа или бебето да не можат да преживеат. Таа решила сепак да му даде предност на бебето. И јас и мајка ми го преживеавме тој ден, и сме живи и здрави до ден денес.
rn
Денес помина една седмица откако донирав три торби облека на локален дом за бездомници, кога видов една бездомничка како седи на клупа во паркот и ја носи мојата маица, која самата си ја обоив, кога бев тинејџерка. Поминав покрај неа и ѝ реков, „Ја обожавам твојата маица!“ Таа се насмевна и ми рече: „Ти благодарам. И мене многу ми се допаѓа“!
rn
Денес, еден човек дојде да аплицира за работа во мојот ресторан. Делуваше како шармантен, љубезен, информиран и дружељубив човек. Подоцна, кога тргнав да му се јавам за да му кажам дека му ја нудам работната позиција, забележав дека на ливчето, под телефонскиот број има напишано „повикајте ме мене“. Телефонскиот број беше од дом за бездомници. Но, јас ќе го прифатам ризикот и ќе го вработам, без разлика на тоа.
rn
Денес, во авион ја запознав најубавата жена на светот. Земајќи предвид дека нема никогаш повеќе да ја сретнам, откако се запознавме, ѝ кажав дека сметам дека е многу убава. Таа ми возврати една искрена насмевка и рече: „Никој не ми го кажал тоа десет години“. На крајот испадна дека двајцата сме во своите доцни триесетти години, никогаш не сме биле во брак, немаме деца и живееме на 5 милји оддалеченост еден од друг. Имаме закажано љубовен состанок за следната сабота.
rn
Денес, јас сум мајка на две деца и баба на четири. На 17-годишна возраст останав бремена со близнаци. Кога моето тогашно момче и пријателите дознаа дека нема да го абортирам, ми го свртеа грбот. Но, јас продолжив понатаму. Работев со полно работно време додека учев во средно училиште и на колеџ. На предавањата сретнав едно момче, кое ги сака моите деца како да се негови, во текот на последниве педесет години.
rn
Денеска, како што спиев, ме разбуди гласот на ќерка ми. Јас сум се успала на фотелјата во нејзината болничка соба. Кога ги отворив очите ја видов нејзината преубава насмевка. Мојата ќерка беше во кома 98 дена.
rn
Денес, на десетгодишнината од нашата свадба, таа ми подаде проштално писмо, кое го напишала на 22 години, кога сакала да се самоубие. Таа рече: „Во сите овие години, не сакав да дознаеш колку глупава и нестабилна бев кога се запознавме. Но, и покрај тоа што ти не знаеше за ова, сакам да знаеш сега, дека тогаш ми го спаси животот“.
rn
Денес, бездомникот кој имаше обичај да спие во близина на мојот апартман, се појави пред мојата врата носејќи бизнис-одело, кое му го дадов пред околу 10 години. Ми рече: „Сега имам свој дом, работа и семејство. Пред 10 години го носев ова одело на сите интервјуа за работа на кои отидов. Ти благодарам“.
rn
Денес, кога ја отворав мојата продавница во 5 часот наутро, покрај вратата на подот имаше коверт. Во него имаше 600 долари и белешка на која пишуваше: „Пред пет години, провалив во вашата продавница навечер и украдов храна вредна 300 долари. Жал ми е. Очаен бев. Еве ги парите со 100% камата.“ Интересното е тоа што никогаш не го пријавив случајов во полиција, бидејќи сметав дека кој и да ја украл храната, навистина му била потребна“.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Фејсбук-статус за бремени жени
Корисниците на Фејсбук сега ќе можат да наведат на нивниот профил дека очекуваат дете, како и датумот кога се очекува тоа да се роди и неговото име, се разбира доколку е одбрано. Корисниците на оваа социјална мрежа можат да додаваат членови од нивното семејство на нивниот кориснички профил, уште од декември 2010. Но, со новите промени, корисниците ќе можат да ја искористат опцијата „Expected: child“, за да им ја соопштат добрата вест на нивните пријатели.
Пред активирањето на оваа опција, родителите кои сакаа да ја споделат радоста, мораа да отвораат нов профил за нивното неродено дете, при што ги кршеа правилата на Фејсбук, според кои секој корисник мора да има минимум 13 години.rn.rnДодавање на статусот „очекувам дете“ на вашата сметка:rn.
rn
- rn011
- Изберете ја опцијата „Edit Profile“ на вашата профил-страница на Фејсбук.
rn
rn
- rn011
- Одберете го табот „Family and Friends“ и селектирајте ја опцијата „Add another family member“.
rn
rn
- rn011
- Од паѓачкото мени кликнете на „Expected: Child“.
rn
rn
- rn011
- Означете го датумот кога бебето се очекува да биде родено и впишете го неговото име, доколку сте го одбрале и сакате вашите пријатели да го дознаат.
rn
rn
Вашата статусна промена ќе биде објавена и во јавниот дел за новости „news feed“, со која вашите пријатели ќе бидат информирани за новата голема промена во вашиот живот.rnrnКога била пуштена новата опција на 24 јуни, Фејсбук имал некој проблем во системот, при што шегобијците практично можеле да си ги додаваат имињата на нивните другари како бебиња кои допрва треба да се родат. Сега тој проблем е поправен.rnrnОд формирањето на Фејсбук до денес, се направени доста промени во опциите за персоналните врски, што им овозможува на неговите корисници да ги прилагодат информациите кои сакаат да ги споделат, на начин на кој целосно ќе се претстават себеси.rnrnВо февруари 2011, Фејсбук овозможи како љубовен статус да се одбере опцијата „in a civil union“ (во пристојна заедница) или “in a domestic partnership“ (во семејно партнерство). Оваа опција е корисна за нетипичните љубовни партнерства, како и за хомосексуалните двојки, а беше доживеана како извојувана победа на граѓанските права. Ваквата опција е активна за корисниците од САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.