КАФЕ ПАУЗА

Tag: богат

  • Најбогатите животни-спортисти

    Најбогатите животни-спортисти

    Луѓето не се единствените кои преку спортот можат да заработат илјадници, па дури и милиони долари. Постојат и животни кои знаат извонредно да се снајдат на спортските борилишта и да заработат суми на кои можат да им позавидат многу луѓе. Кои се најбогатите животни во одредени спортови наменети за нив и богатството кое им го носат на нивните сопственици?rn
    rn

    Коњски трки

    rnНајбогатиот коњ на светот се вика Паметниот Џонс. Во неколкуте месеци тркачка кариера успеал да заработи неверојатни 7.613.155 американски долари, победувајќи со огромна разлика на најјаките коњски трки во САД, меѓу кои и најпрестижната Кентаки Дерби. Неговата кариера траела кратко поради проблемите со колената, по што неговите сопственици ги продале правата за неговото размножување за цели 20 милиони долари. Дотогаш едно парење со Паметниот Џонс чинело „само“ 150.000 долари.Најбогатите животни-спортистиrn

    Трки со кучиња

    rnИако славата ја стекнал во далечните седумдесетти години на минатиот век, загарот Даунинг сè уште води на листата на кучиња-тркачи со најголема заработка. Еден холивудски промотер успеал да ги убеди медиумите дека со ова куче можат да создадат кучешка верзија на американскиот Супер Боул, при што Даунинг донел заработка од 124.471 американски долари. Кариерата ја завршил поради бројни повреди, по што бил користен за размножување и создавање нови генерации тркачи со неговите гени.Најбогатите животни-спортистиrn

    Изложби на кучиња

    rnКучињата не мора да се убиваат од трчање за да заработат илјадници долари, туку доволно е и само некако да ја одржуваат формата и да продефилираат пред жирито на изложбите за кучиња. Најбогат меѓу нив е Алјаскиот маламут Костело со богатство од преку 80 илјади американски долари, заработени во Флорида во 2006 година откако ги собрал сите можни награди на натпреварувањето.Најбогатите животни-спортистиrn

    Бикови за родео

    rnБодешус е најопасниот, најславниот и најпредизвикувачкиот бик кој некогаш се појавил на родео натпреварите. Максимумот кој еден јавач го истрајал на неговиот грб изнесува само осум секунди, а најголем дел од нив завршиле во болница. Не е позната вкупната сума која ја заработил во текот на кариерата, но неговиот замрзнат семенски материјал е најскапиот во историјата. По неговата смрт од него биле оплодени дури 120 крави за 2.000 долари, а дотогаш едно парење чинело 600 долари.Најбогатите животни-спортистиrn

    Трки со гулаби

    rnДури и гулабите можат да им донесат големи заработки на нивните сопственици. Една трка со гулаби се одвива така што птиците се носат далеку од нивните кафези, а победник е оној кој најбрзо ќе се врати во својот дом. Занимавајќи се со ова, гулабот Фул Хаус заработил 60 илјади долари победувајќи на сите десет трки на кои се натпреварувал.Најбогатите животни-спортисти
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Курс на кој девојките учат како да си најдат богат маж

    Курс на кој девојките учат како да си најдат богат маж

    Во многу делови од светот, на жените не им е лесно да „фатат“ богат маж, ама во Пекинг изгледа дека тоа претставува уметност која може да се научи на курс. Тука, девојките плаќаат 3.000 долари за 30-часовен курс во Центар за морална едукација на жените, во кој учат „техники“ како да бидат поатрактивни, разубавувајќи се со соодветен стил на шминкање или како да препознаат лажго преку набљудување на неговите фацијални експресии. Девојките се едуцираат како да го „прочитаат“ карактерот на мажите кои ги запознаваат, како да ги подобрат нивните конверзациски способности и како културно да сипуваат чај.Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат мажБогати, квалификувани ергени му плаќаат околу 4.500 долари на ова училиште, за да запознаат девојки кои го завршиле курсот за „ловење“ богаташ.rnrnОсновачот на училиштето Шао Тон, вели дека овој курс ги охрабрува жените да станат најдобри што можат, поради тоа што им е поставена цел.rn.rn

    „Ние ги негуваме внатрешните човечки квалитети и развиваме потенцијал“ – вели Шао Тон. „Но, ако го рекламирав школото, велејќи дека тоа ќе ве подучи како да изградите убаво семејство и да се подобрите себеси како личност, многу девојки не би се запишале бидејќи се чувствуваат доволно квалификувани за да го реализираат тоа. Па затоа си помислив, зошто да не бидам поотворена и да речам: Дали сакаш да се омажиш за богат маж?“

    rn

    Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж
    Девојките кои го посетуваат курсот, се на бикини-настан за спарување со богати мажи.
    rnrn.rn

    „Кога првпат ќе го сретнеш, треба да обрнеш внимание на левата страна од неговото лице, бидејќи таа страна го отсликува неговиот вистински карактер“ – вели Шао. „Десната страна на лицето, е она што ние го нарекуваме социјално лице. Дознавајќи каква личност е тој уште на првиот состанок, веќе сте на патот кон победата.“

    rn

    Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж
    Млади жени, кои се надеваат дека богато ќе се омажат, се оценувани од страна на група милионери во Вухан, Кина.
    rnrnУчилиштето се фали дека до сега имало 30 парови, кои завршиле со брак. Основано во август 2010, а до сега за неполна година, на курс се запишале 2.800 жени од средната социјална класа. Кина има 189 милијардери и речиси еден милион милионери – соопштува Ројтерс.rn.rn

    „Целејќи кон тие богати момчиња, овие жени мораат да ја познаваат разликата помеѓу сопруга и девојка. Богатите мажи се навикнати на идејата да имаат љубовница, а нивните сопруги треба да бидат толерантни на ова поле. Како и да е, постои таен машки код кој вели: Не излегуваш на исти места со љубовницата, каде што излегуваш со жена ти“ – вели Шао.

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Приватните авиони на богатите

    Приватните авиони на богатите

    Уредени и опремени со луксузен ентериер, овие авиони го сочинуваат возниот парк на оние кои можат тоа да си го дозволат. Погледнете дел од приватните авиони на некои од најбогатите луѓе на планетава.rn.rn

    Доналд Трамп Boeing 727-23

    rnПоранешниот авион на „American Airlines“, произведен 1969 година е тотално изменет откако е во сопственост на мултимилијардерот Доналд Трамп.rnПриватните авиони на богатитеСите седишта се заменети со удобни кожни фотелји, металниот дел на појасите е направен од злато, насекаде во авионот има скапи уметнички слики и кристални лустери. Логото „TRUMP“ кое се наоѓа на надворешниот дел на авионот е направено од 23-каратно злато.rnПриватните авиони на богатитеrn

    Роман Аврамович Boeing 767-33A

    rnОвој авион иако не изгледа премногу спектакуларно однадвор, сепак неговиот ентериер е неверојатен. Доминира кафената боја и нормално, полн е со златни елементи. Најчесто може да се забележи на аеродромот „Luton“, 60 километри северно од Лондон.rnПриватните авиони на богатитеrn

    Елвис Присли – Convair 880

    rnАвионот е наречен „Lisa Marie“ по неговата ќерка. Овој авион наместо фабричките 110 седишта, направен е да има само 28.rnПриватните авиони на богатитеНа опашката на овој авион, кој не е повеќе за користење, го има персоналното лого на кралот „TCB“ кое е кратенка од „Taking care of Business“.rnПриватните авиони на богатитеrn

    Бил Гејтс – Bombardier BD-700 Global Express

    rnОвој авион може да превезува 8 луѓе, на релација подолга од 10 000 километри. Може да лета на максимална надморска височина од 15 000 метри и претставува навистина одличен и елегантен авион.rnПриватните авиони на богатитеПриватните авиони на богатитеrn

    Хасанал Болкија, султанот од Брунеи – Boeing 747-430

    rnСултанот од Брунеи за овој авион платил околу 100 милиони американски долари, а потоа го наполнил со сопствен ентериер, составен од златни и кристални елементи кои чинеле додатни 120 милиони долари. Тој исто така поседува уште 7 авиони и два хеликоптери, но ова е неговото најголемо воздушно превозно средство.rnПриватните авиони на богатите

  • Ирско кафе (Irish coffee)

    Ирско кафе (Irish coffee)

    Богат и неодолив вкус кој секому би му се допаднал

    rnИрско кафеrn

    Потребно време за подготовка: 5 минути

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 40 мл ликер од ирски крем
    • rn011

    • 20 мл ирско виски
    • rn011

    • 200 мл топло варено црно кафе
    • rn011

    • Шлаг пена
    • rn011

    • Морско оревче (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо висока стаклена чаша за кафе, искомбинирајте ги  ликерот и вискито, а потоа додадете го топлото кафе. На врвот нанесете ја шлаг пената и морското оревче. Уживајте…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.