Даниел Китески има посетено многу скриени и помалку познати дестинации и на неговиот светски познат блог Passport Symphony можете да откриете многу интересни работи за овие места, како и корисни совети за вашите следни патувања. Во продолжение прочитајте од каде потекнува неговата љубов кон патувањата и какви искуства има од дестинациите што ги посетил.rnrn
rn
1. Од каде потекнува твојата страст за патување? На која возраст и на која дестинација се случи твоето прво самостојно патување?
rnМојата страст за патување потекнува од мали нозе. Уште како мал со душа чекав да дојде лето за да одиме на одмор, а на училиште отсекогаш омилен предмет ми беше географија. Првото самостојно патување го организирав во 2012 година кога сам заминав во Русија на една незаборавна авантура која донесе многу интересни моменти, нови знаења, познанства, а и неколку сега веќе многу добри пријатели.rn
2. Која ти е омилената дестинација што си ја посетил? На кое место би сакал да се вратиш барем уште еднаш ако имаш можност и дали постои дестинација на која не сакаш да се вратиш никогаш повторно?
rnМногу луѓе ми го поставуваат ова прашање, но едноставно не можам да изберам една омилена дестинација. Секоја земја и секој град се убави на свој уникатен начин и поради тоа ми е тешко да правам споредби, но ако мора да изберам место на кое би се вратил уште еднаш, би се вратил во Непал, овој пат за да се искачам на Монт Еверест, а никако не би се вратил на островот Фи Фи во Тајланд, веројатно една од најпреценетите туристички дестинации во светот, полна со пијани туристи, хаотични забави и апсолутно никаква автентичност.rnrn
rn
3. Дали постои дестинација која ги надминала твоите очекувања и дестинација што не ги исполнила твоите очекувања и можеби те разочарала?
rnНајголемото разочарување како што спомнав во претходното прашање беше островот Фи Фи. Местото е премногу комерцијализирано, а сликите изгледаат прекрасно и поради тоа многу луѓе имаат високи очекувања од островот, но реалноста е сосема поинаква. Дестинацијата која ги надмина моите очекувања беше Лаос. Лаос е мала земја во Југоисточна Азија која не излегува на море и не е посетена од многу луѓе бидејќи повеќето туристи одат на одмор во соседните држави Тајланд и Виетнам или пак, го посетуваат славниот Ангкор Ват во Камбоџа. Но, покрај сè, Лаос има што да понуди, посебно од аспект на природни убавини.rn
4. Која е твојата дестинација од соништата која сè уште не ти е посетена и кои места планираш да ги посетиш во скоро време?
rnМојата најголема неостварена желба е еден ден да го посетам Антарктикот, додека на агендата за 2020 година се североисточниот дел на Индија, Иран и можеби Нигерија.rnrn
rn
5. Колку долго се подготвуваш за едно патување и колку долго траат твоите патувања?
rnЗа да се подготвам доволна ми е една вечер, а патувањата траат онолку колку што ќе одлучам. Една од главните предности на блогерската кариера е фактот што може да се работи од каде било и не сум врзан со одредена дестинација.rn
6. Она што веројатно сите ги интересира, како успеваш да се издржуваш за време на твоите патувања? И воопшто, како ги покриваш трошоците за патување и престој?
rnСега веќе е многу полесно бидејќи можам да си дозволам и повеќе патувања, а понекогаш престојувам во хотели во замена за промоција на мојата веб-страница, но на почетокот беше многу потешко. Најчесто престојував во хостели каде што запознав многу луѓе од различни страни во светот, а доста често го користев и онлајн-сервисот „Couchsurfing“ престојувајќи во домовите на луѓе од градовите во коишто патував. Но, и покрај сè што слушнав од луѓето кои се обидуваа да ме разубедат да не го користам „Couchsurfing“, немав ниту едно лошо искуство.rnrn
rn
7. Дали си имал непријатни случки во текот на твоите патувања и како си успеал да се справиш со нив?
rnДа, секако дека сум имал и сè уште имам, посебно во земји каде што поради мојот физички изглед е очигледно дека сум турист. Многу луѓе се обидувале да ме измамат да платам повеќе за нешто што не вреди ни половина од цената што ја кажуваат, да ме вовлечат во некоја шема користена од ситни криминалци кои заработуваат на грбот на наивните туристи, а еднаш дури бев и ограбен од вооружени напаѓачи. Во такви ситуации најважно е да се остане со ладна глава. Секогаш пред да патувам некаде, гледам да научам колку што е можно повеќе не само за типичните измами со кои туристите на тоа место се соочуваат, туку и за културата на локалното население. Ова секогаш ми помага. Едноставно кажано, се надевам на најдоброто, но секогаш сум подготвен за најлошото.rn
8. Дали би сакал да споделиш некое незаборавно искуство што засекогаш ќе ти остане во сеќавање?
rnВо претходното прашање спомнав дека заедно со мојот тогашен цимер, Ришаб, бевме ограбени. Тоа се случи во едно планинско село во регионот Кашмир. Она што ме изненади беше тоа што сите луѓе кои ја слушнаа оваа приказна се потрудија да ни помогнат на некаков начин: бесплатен ручек во нивниот ресторан, голем попуст за престој во хотел или нудење бесплатен превоз до следниот град. Но, една работа која никогаш нема да ја заборавам е гостопримливоста на Таши, човек кој не само што се понуди да нѐ превезе до нашата следна дестинација, туку и ни ја отвори вратата од неговиот дом кога слушна за нашата приказна. Кај него останавме неколку дена, а за тоа време посетивме и еден угостителски објект кој неверојатно многу наликуваше на една класична балканска кафеана. За првпат по толку долго време се почувствував како дома и видов како разликата помеѓу „вие“ и „ние“ полека се губи, сфаќајќи дека луѓето од овие далечни земји и не се толку различни од нас.rnrn
rn
9. Како те пречекуваат локалните жители на местата каде што патуваш и дали си се спријателил со некои од нив? Според твоето искуство, во кои земји живеат најљубезните и најгостопримливите луѓе, а во кои земји жителите не се многу пријателски настроени?
rnВо принцип, секаде има гостопримливи и негостопримливи луѓе, како што има и добри и лоши луѓе, без разлика на нивната етничка припадност или религија. Луѓето од земјите од западната хемисфера, каде што индивидуализмот е понагласен, се за нијанса постудени и не толку склони кон нови познанства, но откако ќе го пробиете тој прв заштитен слој и подобро ќе се запознаете, луѓето стануваат многу потопли. Во Јужна Америка и особено во Азија, луѓето се многу погостопримливи на прв поглед и пријателски настроени кон туристите. Овој факт можеби ќе изненади многумина, но како најгостопримлив регион го доживеав Кашмир. Изненадувачки е бидејќи регионот e растргнат од етнички и религиски тензии кои траат повеќе од 60 години, a вооружените пресметки се секојдневие и луѓето кои живеат овде имаат оправдани причини да бидат скептични кон секој странец што ќе го сретнат и кон неговите намери. Но, и покрај сè, факт е дека сè додека сте пријателски настроени и отворено покажувате почит кон локалната култура и кон нивните традиции и обичаи, може да очекувате топол прием и нови пријателства, без разлика каде патувате.rn
10. Дали би сакал да споделиш неколку совети со нашите читатели како да го направат своето патување незаборавно?
rnНајголемите животни лекции лежат надвор од нашата комфорна зона. Затоа, не плашете се да излезете од неа, не плашете се да се спријателите со локалните жители, правете работи кои тие ги прават, пробајте ја храната која тие ја јадат, потрудете се да научите нешто од вашето патување во странство, не одете никаде со големи очекувања и никогаш не судете за книгата според нејзините корици.rnrnПрошетајте низ светот и со блогерката Софија Јанева.


rn

rnrnНазад, во 2011-тата година, оваа девојка од Калифорнија решила дека е време за голема промена. Токму затоа дала отказ, ги спакувала куферите, се качила на авион и воопшто не погледнала наназад. Денес, таа истражува егзотични локации и го документира нејзиното неверојатно искуство на својот блог, „
rnrnДосега таа успеала да посети 50 држави од нејзината листа за патување и нема намера да забави во скоро време. Погледнете ги следниве фотографии кои ги покажуваат неверојатните авантури на оваа 27-годишна девојка која ќе ве инспирира и вам да преземете драстични мерки со цел да бидете навистина среќни во вашиот живот.rnrn















rn
rnrn
rn
rn
rnrnСè започнало една вечер кога Рузл, едноставно, не можела да заспие. Малку дремнала во школо, па не ѝ се спиело, но родителите се обидувале да ја натераат да остане во нејзината соба, за наскоро да заспие. Наместо да ѝ даде книга за да чита, нејзината мајка ѝ подала две мрсни боички и празен лист хартија. Откако си нацртала еден цртеж, Рузл заспала и така се родил новиот обичај за успивање.rnrn
rnrnКако што цртањето цртежи ѝ станало редовна практика пред спиење на Рузл, исто така правењето фотографии од слатките сцени, ѝ станало навика на нејзината мајка.rnrn
rnrn
rn
rnrnОвој човек чекореше по тротоарот со здиплено платно на грбот.rnrn
rn
rn
rnrnВо еден од оние моменти кои доловуваат една цела ера, овој Аргентинец беше сликан од њујоршки фотограф затоа што татко му во живо го пренесуваше своето патување на Тајмс Сквер.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnГо фотографирав момчето од лево затоа што носеше виолина со себе. За време на интервјуто неговото братче се уфрлуваше со свои одговори. Стана јасно дека и тој сака да биде дел од приказната. По неколку прашања постариот му рече на помалиот:rnrn
rn
rn

Фотографката работи во кафуле покрај кое Али секојдневно поминува кога оди накај работа, па така таа секое утро го гледала и го поздравувала, сѐ додека еден ден не решила да започне и да го фотографира, за цел свет да го види одличниот вкус за облекување кој го има овој интересен чичко. Така настанал нивниот блогерски проект т.н. „
Блогот се состои од секојдневни фотографии од Али, на кои се гледа неговиот одличен стил. Дотеран со модерни кул вратоврски, елечиња, одела, војничка шара или тексас од глава до пети, Али е едноставно човек полн со елан, кој знае како да се носи. Интересно е да се видат многуте личности кои се спакувани во овој човек, преку неговото модно експериментирање.
И покрај тоа што помеѓу младата фотографка и овој Турчин постои голема јазична бариера, сепак нивната комуникација е на одлично ниво. Спотен знае многу малку германски, а Али зборува минимално англиски, но сепак овие двајца секое утро одржуваат мини фотосесија на улиците.
И покрај нивните кратки средби наутро, фотографката сепак успеала да дознае нешто повеќе за овој кул човек, освен дека има добро чувство за стил. Открила дека Али е пензиониран доктор кој сега работи како шивач. Живее во Берлин 44 години и е татко на 18 деца! Колку фасцинантен човек е ова!







rnrn
Боди спаѓа во расата шиба ину, има 3 и пол години и живее во Њујорк. Негова главна преокупација во текот на денот, е да биде главниот манекен на блогот за машка облека „
rn
Блогот е активен помалку од месец дена, но резултатите и одѕивот од посетителите се одлични. На почеток, Боди ја носи само облеката на Дејвид, но се надеваат дека во иднина ќе можат и да склучат договор со некоја модна марка. Дотерано со одлична брендирана машка облека која е во сопственост на Дејвид и разни аксесоари, мора да се признае дека ова куче навистина умее да позира и одлично да си ја работи својата манекенска работа.
Одлична идеја за бизнис нели? Веќе си го замислив и слоганот на модната марка: „


rnrn