КАФЕ ПАУЗА

Tag: биполарен

  • Се сомневате дека имате биполарно нарушување? Одговорете на овие 8 прашања и дознајте!

    Се сомневате дека имате биполарно нарушување? Одговорете на овие 8 прашања и дознајте!

    Биполарното нарушување е загрижувачко за оние кои боледуваат од него. Болеста нема граници и ги зафаќа сите сфери од животот на пациентот: домот и семејството, работата, социјалниот живот… Екстремните промени на расположението може да предизвикаат ирационално и непредвидливо однесување на пациентот, погрешно расудување или состојба во која личноста едноставно не може да стане од креветот.rnrn1-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_rnrnОколу 1% од популацијата боледува од биполарно нарушување, а бројот на заболени мажи и жени е еднаков. Едно истражување објавување во списанието „Journal of Clinical Psychiatry“ покажува дека до 3 пати повеќе жени отколку мажи искусуваат над 4 епизоди биполарно нарушување во текот на една година.rnrnСпоред податоците од психијатриската болница Еџмонд дури 69% од пациентите на кои им е дијагностицирано биполарно нарушување всушност е погрешна дијагноза, бидејќи личностите бараат терапија кога боледуваат од депресија. Токму затоа и постојат 8 прашања кои психијатарите им ги поставуваат на личностите со цел поточно да се утврди оваа состојба и да не се измеша со депресијата, па доколку сакате да проверите дали и вие можеби имате знаци на биполарно нарушување, обидете се искрено да ги одговорите… Овие прашања се однесуваат на „енергичните денови“, односно моменти од нарушувањето што го издвојува од класичната депресија.rnrn3-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Дали некогаш сте се чувствувале „предобро“ неколку дена по ред?

    rnДокторите го проучуваат патолошкиот стадиум на „пораст“ на расположението во кој личноста се чувствува изразено еуфорично, но во брз рок може да се чувствува чувствително и вознемирено.rn

    2. Дали во текот на тоа време сте спиеле помалку од вообичаено и притоа не сте чувствувале замор?

    rnЗнак за биполарно нарушување може да биде и недостаток на сон и истовремено чувство на енергичност. Докторите затоа ги проверуваат и промените во навиките за спиење.rn

    3. Во текот на периодот на „предобро расположение“, дали сте имале чувство дека вашиот мозок брзо ги процесира информациите и дека сте полни со идеи?

    rnТерапевтите се обидуваат да утврдат дали пациентот има и други симптоми на биполарно чувство, како на пример, „забрзани мисли“, што исто така може да биде симптом на анксиозност и опсесивно-компулсивно нарушување. Пациентите кои се заболени од биполарно нарушување најчесто имаат чувство дека им е тешко да ги издржат мислите кои ги имаат.rn

    4. Дали тогаш сте имале и потреба повеќе да зборувате?

    rnВо текот на оваа состојба, биполарните пациенти можат и брзо да зборуваат и да ги менуваат идеите. Прашањето кое докторите си го поставуваат самите на себе е дали е тешко да го следат пациентот додека зборува? Еден од клучните знаци е недостатокот на увид од страна на пациентот за неговото однесување, во она што и како зборува или поразличното размислување.rnrn2-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Дали сте извршувале повеќе работи од вообичаено?

    rnДоколку пациентот, на пример, тврди дека има повеќе работа отколку обично потребно е да установите дали е тоа навистина така или личноста поставила поголема скала во остварувањето на различните активности и цели.rn

    6. Дали сте презеле ризици?

    rnЛичностите заболени од биполарно нарушување се однесуваат безобѕирно, донесуваат погрешни работни одлуки, па дури и се впуштаат во опасни сексуални односи.rn

    7. Дали сте се чувствувале попаметно, поатрактивно и повешто?

    rnПациентот, исто така, може да чувствува и поголема самодоверба, самопочит и оптимизам. Ако личноста честопати изјавува дека се чувствува одлично или пак дека дала отказ без конкретен план за во иднина, постои можност дека има биполарно нарушување.rn

    8. Каква е вашата историја на болести?

    rnДоколку не е возможно да направите тест за детерминирање на биполарно нарушување, историјата на болести е исклучително корисна заради тоа што биполарното нарушување може да се наоѓа во семејствата или кај децата кои имаат заболен родител. Ако сметате дека некој од вашите пријатели или член од семејството има биполарно нарушување, првиот чекор е посета на доктор.

  • ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

    ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

    ТВ серија за ултрауспешна жена невролог, која во себе чува огромна тајна

    rn1-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkГлавни улоги: Кели Рајли, Дич Дејви, Дејвид АџалаrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Ејми Холден ЏоунсrnrnПремиера: 24 април 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnКетрин Блек (Кели Рајли) е познат невролог и научник која работи во центар за невролошки испитувања и лекување. Таа постојано решава тешки случаи спасувајќи ги нејзините пациенти и е вистинска ѕвезда помеѓу нејзините колеги. Во приватниот живот, креветот го дели со прекрасен маж кој работи како главен готвач во нов ресторан. Вил (Дејвид Аџала) е тотално заљубен во неа и по само една година врска, ќе ја побара за жена. Навидум, харизматичната, енергична, успешна и популарна докторка има сѐ што би можело да се посака, но тоа е така додека слој по слој не почнеме да ги откриваме нејзините тајни.rnrn2-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnТаа има биполарно нарушување, кое го контролира благодарение на препишаната терапија, но понекогаш сака да ги прескокне лекарствата за да го ослободи умот и да дозволи да биде она што е, тогаш кога не е секојдневната Кетрин Блек. Тогаш станува исклучително сексуална, доживува музички халуцинации и едноставно не може да ги контролира своите постапки. Токму затоа, се плаши да ја сподели оваа тајна со Вил, бидејќи стравува дека и тој ќе ја напушти како сите мажи претходно во нејзиниот живот.rnrn3-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnНо, тоа не е единствената тајна која ја крие од Вил, на работа и пред сите околу себе. Единствено, нејзината психијатарка д-р Хелен Хартрамф (Ванеса Редгрејв) ја знае целата вистина за нејзиниот живот. Затоа Кетрин редовно ја посетува секоја недела и од неа добива соодветни насоки кои ѝ помагаат да ги носи вистинските одлуки во животот.rnrn4-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnЖивотот на Кетрин не е комплициран само заради нејзиниот однос со Вил и фактот дека никој на работа не смее да дознае за нејзината состојба, што би значело дека веднаш ќе ја изгуби. Таа има интензивен, но сепак необичен однос со семејството на нејзиниот брат Џошуа – неговата жена Реган и нивната ќерка Езме. Секако, постои причина за таквиот однос.rnrn5-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 6-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 7-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnНа работа, денот ѝ го прави интересен и шармантниот и секси неврохирург Ијан Бикман (Дич Дејви), кој со својата самоувереност и наклонетост кон жените, не ја остава рамнодушна ниту Ктерин, ниту пак ќе ве остави вам.rnrnKELLY REILLY 9-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkrnrnСлучаите кои Кетрин и нејзините колеги ги решаваат се приказна за себе. Тие се специфични, необични, претходно не сме ги виделе на ТВ екраните. И покрај тоа што животот на Кетрин во најголем дел се врти околу нејзината работа, случаите во клиниката не се во центарот на вниманието. Постои некој многу добар баланс помеѓу она што го гледаме таму и она што ѝ се случува на Кетрин кога е сама, кога е околу нејзините најблиски, или пак во друштво на тотални туѓинци.rnrnАко сакате серии со доктори, оваа ќе ви се допадне. Но, и ако не сакате вакви серии, Црната кутија, што е израз кој докторите го користат за мозокот, сепак може да ви се допадне, доколку сте љубители на мистериите, абнормалното и психолошките феномени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    „Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rn

    „Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

    rnПорција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.