Доколку сте вистински вљубеник во автомобилски олдтајмери или пак можеби сте колекционер на класични убавици, тогаш ова ќе биде навистина радосна вест за вас. Најстарото „Бентли“ во светот е на продажба. Автомобилот е ставен на аукција, која ќе се одржи во август 2011 година во Калифорнија, од страна на аукциската куќа „Gooding & Company“.rn
Бентлито од 1921 година, „Chassis No. 3“ се верува дека е првиот автомобил кој бил доставен до неговиот купувач. Овој автомобил учествувал на многу собири и е совршено употреблив и до ден денеска. Оригинално шасијата била направена од алуминиум без кров.rn
Пол Хагеман, специјалист за автомобили во аукциската куќа, објаснува дека првата верзија од автомобилот, била експериментална и дека повеќе не постои. Сепак, втората верзија била зачувана од фабриката. Овој автомобил го поседувале многу сопственици низ целата територија на Велика Британија, но сепак ниту еден од нив вистински не ја сфатил неговата вредност. Оваа класична убавица едно време била во сопственост на велшанецот Ајвор Луелин, татко на актерот Дезмонд Луелин, кој се прочу со улогата на Ку во филмовите од серијалот Џејмс Бонд. Се очекува 3 литарското „Бентли“ да достигне цена од 250.000 американски долари на аукцијата во месец август.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: Бентли
-

На продажба најстарото „Бентли“ во светот
-

Дневна соба од автомобилски делови
Андреј Сапирежински и Лукаш Сјодомок од студиото за дизајн LA во Полска направиле неверојатно уникатен мебел од автомобилски делови. Најновата колекција „Духот на 427“ се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години. Од овие делови се направени софа, фотелја, масичка за кафе, работно биро и ламба. Секако, сиот мебел е рачно изработен од оригинални автомобилски делови, а инспирација за оваа колекција е AC Cobra 427.rnrn

rnrnИако необична, оваа дневна соба е дизајнирана со вкус, без да изгуби од својата практичност. Мора да се признае дека ова е освежувачки пристап во внатрешното уредување.rnrn











rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.