Иако денес повеќе од 90 проценти од населението ги чува своите пари во банка, порано не било така. Во времето кога почнале да се појавуваат банките, луѓето со неверување гледале на нив, што воопшто не е за чудење. Отсекогаш постоело непишано правило дека се сомневаш во тоа што не го знаеш, па така и во овој случај. Па наместо парите да ги стават во банка, голем број решиле да ги земат работите во свои раце и да го заштитат своето како знаат и умеат.rnrnrnrnВерувале или не, има такви што и денес го прават овој чекор и отвораат креативни домашни банки. Некои од најлудите места одбрани токму за оваа задача се наведени подолу.rnrnКутија за тампони – Дали од крадци или можеби од својот маж, ова е дефинитивно место на кое не би му текнало некому да провери.rnrnГрадник – Креативно место за криење пари, особено доколку патувате.rnrnПод паркет– Потребно е да се откачат само штица или две и малку копање. Резултатот е домашно направен сеф.rnrnРолна од тоалетна хартија – Обвиткајте ја конзервата во која се наоѓаат парите со тоалетна хартија и за само неколку секунди вашите пари се на сигурно.rnrnБожемска цевка за вода – Интересна идеја и лесно изводлива. Само не заборавајте во која цевка се скриени парите.rnrnКорпа за извалкани алишта – Може и една од најдобрите идеи, бидејќи реално, кој би сакал да допира извалкани работи?rnrnРамка за слика – Одберете ја највпечатливата и нема да имате никаков проблем.rnrnПравосмукалка – Е ова е ретка и ефективна идеја. Старата правосмукалка е совршена за оваа задача, но немојте да заборавите на парите и да ја фрлите по грешка.rnrnВо лажен џеб во внатрешноста на јакна – Една од најкористените идеи на времето.rnrnАквариум во кој плива злобна риба – Е па ајде некој нека се осмели и нека ја стави раката внатре.rnrnПа доколку и вие не им верувате на банките, овие десет идеи се само мал дел од можните варијанти кои можете да ги испробате. Колку ли само пари во застарени валути и непроменети на време останале неискористени?
За прославување на своето 130 годишно постоење, шпанската банкарска групација „Banco Sabadell“ направиле фантастична кампања наречена „Som Sabadell“ или во превод „Ние сме Сабадел“.Флеш-мобот е фантастично организиран, а во него се појавуваат 100 луѓе од најпознатите шпански оперски куќи, оркестри, уметнички друштва и академии.rn
Досега сме имале можност да погледнеме голем број холивудски филмови, кои ни прикажувале спектакуларни, па дури и невозможни грабежи. Цел биле разни банки, музеи, приватни имоти, државни институции, училишта, возови и што ли уште не. Сепак, од фиктивното до реалното има многу голема разлика. Денешната технологија и сигурносните системи се често нерешлива енигма и за оние највештите, па сè поретко може да се чуе за вакви обиди. Иако според многумина најважно е да имате човек од внатре за да ви помогне, други велат дека генијалноста е клучот за успех при вакви незаконски дејствија. Ова се неколку од најголемите грабежи во светот кои се имаат случено во новиов век.rnrnrn
Декември, 2002 година, Музејот на наука, Хаг, Холандија
rnМузејот беше домаќин на изложба на дијаманти, а голем дел од дијамантите беа позајмени од страна на колекционери. Сепак, никој сè уште не е точно сигурен како се случила оваа трагедија. Музејот бил затворен за време на викендот и во понеделникот. Во вторникот наутро вработените нашле 28 празни излози, иако музејот е заштитен со камери, аларм, сензори и неколку чувари. Изложените дијаманти вкупно вределе 12 милиони долари. Сепак, ниту крадците, ниту дијамантите никогаш не биле пронајдени, а криминалното дело е едно од најдобрите нерешливи мистерии на денешницава.rn
Февруари, 2003 година, Дијамантскиот центар во Антверп, Белгија
rnНајголемиот број брокери за дијаманти ги чуваат своите камења токму тука кога прават зделки. Четворица крадци, нашле начин како да го пробијат алармниот систем, откако претходно успеале да дојдат до клучевите од трезорот и да направат копија. Тие направиле и снимки за сигурносните камери, на кои се прикажува дека ништо не се случува во центарот и ги пуштиле да течат врз оригиналните снимки. Успеале да испразнат 123 од 160 сигурносни кутии, оставајќи ги останатите, бидејќи не можеле да носат толку товар. Оваа акција била потпомогната од внатрешен човек, а полицијата пронашла примероци од ДНК во сефот, кој им помогнал да ги фатат крадците. Сепак, дијамантите и другите драгоцени камења кои заедно вределе повеќе од 100 милиони американски долари, никогаш не биле пронајдени.rnrnСлика од сефот после кражбатаrn
rnОвој грабеж не е ни одблизу елегантен како оној од Хаг, иако крадците добиле далеку повеќе, успевајќи да украдат необработени дијаманти во вредност од 118 милиони американски долари. Поради природата на грабежот, дефинитивно станува збор за дело потпомогнато од некој вработен на аеродромот. Ограбувачите се облекле во униформи од аеродромот, успеале да стигнат до сигурносното камионче со аеродромски ознаки кое ги носело дијамантите и избегале заедно со него.rn
Март, 2007 година, АБН Амро банка, Антверп, Белгија
rnУпотребувајќи го името Карлос Хектор Фломенбаум, еден човек успеал да извлече огромна корист од оваа банка, откако после една година користење на нивните услуги, добил ВИП влез до сефот. Користејќи го неговиот статус, тој непријатно ги изненадил вработените во банката со тоа што слободно влегол во сефот од кој украл дијаманти проценети на 120.000 карати, кои вределе 28 милиони американски долари. Во неговиот лов успеал да собере ретки сини и зелени камења.rnrnВлезот на банкатаrn
Февруари, 2008, Изложбен салон за накит „Damiani“, Италија
rnВо овој случај крадците решиле да го заобиколат сигурносниот систем и вооружените чувари, преку дупчење на ѕидот кој ги поврзувал подрумот на соседниот дуќан и сефот на салонот. Невооружени и облечени во полициски униформи, крадците ги заврзале вработените и украле дијаманти, рубини и злато кои вределе повеќе од 20 милиони американски долари. Буката која ја предизвикале преку бушењето, не била сомнителна бидејќи во близина на салонот имало градилиште, па никој не забележал разлика во звуците.rn
Август, 2009, Продавница за накит „Graff“, Лондон, Англија
rnДвајца вооружени мажи во костуми влегле во продавницата, во која собрале 43 предмети во вреќа и ги заплашиле вработените со неколку истрели во воздух. Избегале со 1.437 дијаманти, кои се наоѓале кај накитот. Тие достигнувале вредност од 40 милиони фунти, а ова претставува најголемиот грабеж во Британската историја. Еден од највредните предмети, бил синџирот направен од злато и платина, кој содржел 272 различни розови и жолти дијаманти.rnrnСлика од сигурносната камера при влегувањето на крадцитеrnrnЕдниот од крадците, Аман Касаје, се обидувал неколкупати со различни коли, носејќи на себе шминка, да избега од градот, но не успеал. Тој бил фатен и осуден на затворска казна од 23 години во 2010 година. Другите тројца соучесници биле исто така фатени и затворени, но дијамантите никогаш не биле пронајдени. Оваа акција не била потпомогната од никого, бидејќи двајцата крадци кои влегле, биле добро вооружени, а другите ги чекале надвор за брзо бегство, правејќи ја оваа кражба една од најхрабрите во историјата.rnrn rnrn