КАФЕ ПАУЗА

Tag: бајка

  • Во време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајка

    Во време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајка

    Кој вели дека не можете да искусите празнична бајка, дури и сред несакани случувања, како што е Ковид-19 пандемијата? Да, важно е да се превземете здравствени превентиви и да одржувате социјална дистанца со луѓето надвор од вашиот дом. Како и да е, секогаш можете да ја пуштите вашата креативност и да го претворите вашиот дом во празнична оаза.rnrnДоколку барате празнични идеи за декорирање, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Дозволете ни да ве одведеме на специјална авантура низ светот на чудата!rnrnВо време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајкаrn

    Идеи за зимски украси на врата

    rnДали живеете во куќа или во стан, воопшто не е важно. Секогаш можете да додадете празнични украси. Ако сакате да го претворите вашиот дом во дом од земјата на чудата, прво почннете со вашиот влез. Најтрадиционалниот украс за врата е дефинитивно венецот. Како и да е, имате доста опции меѓу кои што можете да бирате. Како на пример, можете да закачите писмо како украс на врата или знак како табла. Како додаток, можете да внесете божиќен дух со додавање на голема машна со ѕвонче. Како алтернатива, можете да си обезбедите празнично килимче за добредојде.rnrnВо време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајкаrn

    Празничен декор како од бајка

    rnАко мислите дека празнична бајка мора да биде Божиќна бајка, размислете два пати. Да, филмови како „The Christmas Ornament (2013)“, можат лесно да го насочат нашето внимание кон Божиќ. Но, вашиот дом од празнична бајка не мора да се врти околу тоа. Еве неколку идеи за да внесете радост во вашиот дом низ целата празнична сезона. Не само за Божиќ.rnrnПостојат многу начини да се направи празнична атмосфера ко од бајка во вашиот дом. Бирање на специфична тема може да биде ваш водич низ тоа како да одберете празнични украси. На пример, ако вашите деца го сакаат филмот „Frozen“, можете да додадете украси со Елса и Олаф. Која и тема да ја одберете, придржувајте се кон боите бела, сива, златна и сина. Па, фокусирајте се на златни, сиви и бели украси кога ќе ја украсите вашата Новогодишна елка. Исто така, ограничете ја вашата палета на бела, сива и бледо-сина боја, кога ќе ја украсите вашата маса.rnrnВо време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајкаrnrnСвеќите и стаклените украси можат да ви помогнат да направите центар кој прави празнична искра на вашата маса. Сепак, избегнувајте мешање на многу бои. Природно, снегот и сјајот можат да креираат чувство на празнична бајка во вашиот дом. Па, играјте со украсите какок што се сијалички, шишарки, снегулки и мразулци.rnrnАко вашиот буџет е мал и ви треба повеќе време со фамилијата, направете венци од хартиени снегулки. Можете да ги закачите на прозорците или да ги направите висечки украси.rnrnКако што можете да видите, не ви треба многу за да додадете малку магија во вашиот дом и да го претворите во вистинска празнична бајка. Па, дајте си шанса да најдете ново хоби и да направите пријатни „направи сам“ декорации. Има ли подобар начин да се помине време со креативност и убаво поминато време со вашите блиски?!rnrnВо време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајка Во време на пандемија, претворете го вашиот дом во празнична бајкаrnrnПогледнете ги овие неколку идеи за украсување на новогодишната елка во ретро стил.

  • Едно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на Дизни

    Едно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на Дизни

    Можеби Дизниленд е прекрасен, но ова семејство има прекрасна куќа инспирирана од Дизни. Тие уживаат во секој чекор од процесот, понекогаш купуваат украси од Дизни, но повеќето ги имаат направено сами.rnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЕдно семејство ја трансформира нивната куќа во бајка на ДизниrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Неверојатна куќа инспирирана од бајките

    Неверојатна куќа инспирирана од бајките

    Змејови, битки и опасни авантури. Убавината на фантастичните романи е тоа што можат да ве однесат во целосно нов свет. Но што ако можевте да живеете во ваков свет секој ден? Артистот од Орегон, Ед Бемис, го направил ова реалност. Тој создал дом погоден за ликовите од вашите омилени фантастични книги.rnrnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrn

    Домот бил дизајниран со помош на неколку локални дизајнери

    rnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrn

    На Ед му била потребна 1 и пол година за да ја направи оваа неверојатна врата

    rnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrnrnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrn

    Сè е во деталите. Подовите од јавор и црешово дрво прават неверојатна илузија

    rnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrn

    Скалите се изрезбани од локално дрво наречено манзанита

    rnНеверојатна куќа инспирирана од бајкитеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Прекрасна венчавка во Дизниленд ни докажува дека магијата сепак постои

    Прекрасна венчавка во Дизниленд ни докажува дека магијата сепак постои

    Многумина сонуваат за венчавка во светот на Дизни, но овој пар отишол еден чекор подалеку. Гилберт Хернандез и Сара Кабилинг на 8-ми септември се венчале во Дизниленд во Калифорнија, а целиот настан бил волшебен.rnrn(1)venchavka-vo-diznilend-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnГилберт и Сара ја оживеале нивната фантазија. Вистинската церемонија се одржувала на друго место, во чест на починатата баба на Сара. Но, забавата ја продолжиле и во Дизниленд.rnrn(2)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnВо Дизниленд бил првиот одмор на овој пар, и оттогаш го посетувале секоја година.rn

    „Сакавме со пријателите и семејството да ја споделиме магијата која ја чувствуваме кога сме во паркот“, изјавил Хернандез.

    rn(3)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnФотографот Џена Хендерсон, која прави фотографии инспирирани од бајките, ја овековечила и свадбата на Сара и Гилберт.rnrn(4)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnВо планирањето на свадбата помогнале и Disney’s Fairy Tale Weddings, па можеби поради ова целиот настан изгледа како од бајка.rnrn(5)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnНа церемонијата се појавиле и Мики и Мини.rnrn(6)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnКога завршил приемот, гостите биле поканети на огномет. Замислете во Дизниленд да направат огномет само за вас!rnrn(7)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnНа крај, Сара и Гилберт изнајмиле една од атракциите од филмот Приказна за играчките (Toy Story) и секој од гостите можел да се вози.rnrn(8)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mkrnrnГилберт изјавил дека омилениот дел од целиот настан му бил кога Сара пристигнала со кочијата.rn

    „Бев преплавен со чувства и не можев да се воздржам. Во тој момент ништо друго не ми беше важно.“

    rnОвие двајца навистина го имале својот среќен крај како во бајките.rnrnАко пак сте љубители на Хари Потер, оваа венчавка ќе ве остави без зборови.

  • Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

    Убавицата и ѕверот: Поучна бајка што со векови крие важна психолошка лекција!

    Оваа бајка може да нè научи на многу лекции, особено за љубовта кон себе. Постои едно психолошко клише дека мораме да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас што често се мета на јавно осудување. Имајќи го тоа на ум, еден експерт укажува на важната лекција што со векови се крие во оваа приказна.rnrn2-ubavicata-i-dzverot-pouchnata-bajka-so-vekovi-krie-vazhna-lekcija-od-psihologijap-www.kafepauza.mk_rnrnЏош Грејсел, психолог и автор, тврди дека работата на себе не е толку тешка колку што сите кажуваат. Овој пат тој се обидел да го објасни себеприфаќањето според примерот на една од најубавите бајки од нашето детство, „Убавицата и ѕверот“.rnrnОваа француска бајка е создадена во далечната 1740-та година, а до денес е објавена во голем број варијации. Најкратко кажано, преубава девојка доброволно се согласува да остане заробена од страна на суров ѕвер за да го спаси својот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да избега. Секоја ноќ, Ѕверот ја прашува Убавицата дали сака да се омажи за него, и секоја ноќ таа повторно го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека Ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака без убедување и дополнителни информации. Убавицата мора да научи да ја гледа убавината во Ѕверот!rnrnНа почетокот постојат само случајни навестувања што ја водат Убавицата да размисли за тоа дека Ѕверот можеби и не е толку страшен. Во тие моменти навиваме да го сфати она што сите ние го знаеме: Мора да научи да го сака овој Ѕвер. Да преминеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во Ѕверот и доаѓа до судбоносниот бакнеж по кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна истакнува дека Убавицата толку многу го засакала што кога го погледнала принцот викнала: „Каде е мојот Ѕвер? Врати ми го мојот Ѕвер!“rnrnvideoimagernrnСега, помислите на некој дел од себе и вашиот живот кој не ви се допаѓа, кој не можете да го прифатите и кој сакате да го промените. Нешто за коешто размислувате само негативно. Постојат одредени работи во животот кои ве заробуваат и со тек на времето започнувате да ги мразите, толку многу што од сè се обидувате да побегнете. Оваа бајка сите овие векови крие универзална вистина и најверојатно тоа е причината за нејзиниот опстанок. Според неа мора да научите да ги сакате и работите кои кај себе во моментот ги мразите.rnrnНе станува збор за тоа дека треба да добиете преубав принц, туку да сфатите дека зад секоја „грдотија“ се крие некоја вредност, богатство што треба да го засакате. Додека не успеете во тоа ќе бидете затворени во затворската просторија на неприфаќањето. Само низ овој вид прифаќање можете да ги цените вашите проблеми и предизвици како подароци. Кога ќе се прифатите и засакате себеси може да се каже дека ќе живеете среќно до крајот на животот. Тоа значи дека без разлика на тоа колку немате објаснување за некои работи или колку тие моментално ви создаваат болка, сепак можеби во нив постои некоја виша цел. Прифатете ги! Спасете се себеси од патењето и понатамошната болка и спремете се за поуката која ќе ја научите со прифаќањето на моменталното животно искушение.rnrnНемојте да додавате „Но…“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да пронајдете убавина во „Ѕверот“ од вашиот живот.

  • Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа… На тркала!

    Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа… На тркала!

    Колкумина од нас сонуваат да живеат во палата од бајките, или, пак, да патуваат низ светот? Едно семејство од Нов Зеланд, Џастин, Џола и нивниот син Пико, нашле начин да ги прават и двете работи со тоа што стариот камион го претвориле во подвижен замок.rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnЏастин и Џола многу патувале и отсекогаш сакале да се чувствуваат како дома каде и да одат. Токму поради тоа тие одново го изградиле стариот камион со сопствени раце.rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnНивниот замок-камион е снабден со сѐ што е потребно. Воглавно функционира на соларни батерии. Тие користат специјални корита кои се наоѓаат во посебни садови прицврстени за камионот за да ја собираат водата од дождот. Камионот го загреваат со помош на соларни батерии.rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnКога семејството е во движење, целиот нивен дом може да се собере: Покривот се вовлекува навнатре и кулите се собираат од страните на камионот. И тие се подготвени да тргнат!rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnКога седат на едно место, камионот се проширува доволно за да им обезбеди простор за удобно живеење внатре.rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnНеверојатната спална се подигнува на врвот од камионот, токму над возачкото и совозачкото седиште.rnrnОваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnКако што патуваат низ Нов Зеланд, оваа двојка постојано го надградува замокот на тркала со цел да го направи вистински прекрасен дом кој ќе трае вечно.rnrn(7) Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!rnrnНивната креативност навистина не познава граници и можеби ќе ве инспирира да ја разбудите вашата фантазија и да почнете да живеете живот како од бајките.

  • На вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказна

    На вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказна

    Сите сакаме да го најдеме својот среќен крај. Секој филм, секоја приказна, секое сценарио кое сме го виделе како малечки завршило на ист начин: Ликовите кои ни беа омилени секогаш завршуваа заедно. Нивните проблеми исчезнаа. Никогаш повеќе не се свртија кон минатото и продолжија напред. Живееја „среќно до крајот на животот.“ И така, почнавме да веруваме дека и нашите приказни ќе имаат сличен расплет.rnrnНа вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказнаrnrnСе разбира, како што растевме така се ослободувавме од бајките и магијата. Сите сфативме дека тие не се толку валидни, туку само малку поучни. Ние не сме „дамите во опасност“ кои го чекаат херојот да ги спаси и „среќни до крајот на животот“ е многу покомплицирано отколку што мислевме. А, сепак еден дел од нас никогаш не престанува да го бара тој концепт.rnrnГи бараме решенијата на сите наши проблеми. Сакаме нашите приказни добро да се плетат пред да преминеме на следното поглавје и пресврт. Ние сѐ уште ги посакуваме среќните краеви, само повеќе не ги препознаваме како такви. Но, овие мисли можат да нѐ залажат, бидејќи во реалноста, приказните не завршуваат секогаш среќно.rnrnПонекогаш, на крајот, ја губиме личноста со која сакавме да го поминеме нашиот живот. Не ја спасивме личноста која сакавме да ја спасиме. Бескрајно работиме за да постигнеме нешто во кое сме ги вложиле и срцето и душата и сепак, не успеваме. Но, никогаш не застануваме да помислиме дека можеби нашите приказни никогаш не требало да завршат среќно.rnrnМожеби го гледаме животот како драма или романтична приказна, наместо приказна за силата. За истрајноста. За враќањето од местото од коешто сме мислеле дека никогаш нема да се вратиме и за храброто чекорење напред.rnrnЗатоа што ова е вистината за сите приказни: Најдобрите никогаш не завршуваат среќно.rnrnТие завршуваат вистински. Искрено. Завршуваат на начин кој го истакнува она што покажува што значи да се биде човек. Најдобрите приказни не нѐ носат секогаш во магични светови и утопии каде сѐ е совршено. Најдобрите приказни нѐ носат назад во овој свет. Нѐ учат како да се соочиме со понекогаш суровата реалноста на животот.rnrnНо, сѐ додека неуморно бараме среќен крај, никогаш нема да ги научиме тие лекции. Никогаш нема да си дозволиме да ги прифатиме и да се развиваме од нив. Можеби не го разбираме крајот бидејќи едноставно сѐ уште не сме стигнале до него. Бидејќи мислиме дека поглавје број 10 или 20 или 30 е крајот, а сепак имаме уште стотици страници низ кои треба да поминеме.rnrnМожеби на крајот од приказната ќе завршиме сами. Можеби ќе завршиме со некој друг. Можеби ќе завршиме некаде каде што никогаш не сме очекувале да бидеме. Можеби постојат 12.000 различни шанси за среќа кои стојат токму пред нас, но ние не ги забележуваме бидејќи безнадежно се нервираме за оној крај кој не сме го добиле.rnrnМожеби можеме да бидеме совршено среќни со крајот кој го имаме, ако си дозволиме. Или ако едноставно застанеме за да сфатиме дека, после сево ова време, ние сме тие кои го држеле пенкалото.

  • Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!

    Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!

    Од овој викенд па натаму секој ќе може да ја почувствува магијата на приказната за Пепелашка со тоа што ќе може да се венча токму пред нејзиниот замок во Светот на Дизни. Кој не би сакал неговите соништа да станат реалност и да има венчавка како од бајките? Меѓутоа, изгледа соништата се доста скапи, бидејќи овој настан би ве чинел најмалку 75.000 долари.rnrnНикогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!rnrnПонудата е следнава: За да ја одржите церемонијата пред замокот, каде што може да собере 100 луѓе, и таа да започне во точно 9:30 часот наутро, треба да платите најмалку 25.000 долари. Во цената не се вклучени храната, пијалаците и другите трошоци, кои сè заедно би ве чинеле 75.000 долари. Ова се однесува само за церемонијата. Не може да имате и прием на истата локација.rnrnУште една важна работа: Може да ги додадете сите елементи вклучени во една венчавка од бајките, како што се влез на церемонијата во стаклената кочија на Пепелашка (2.950 долари за два часа), огномет за да го осветли кралството и сите Дизни ликови како придружба, но тоа не е воопшто евтино. Цените се однесуваат на еден час, и не го вклучуваат и бакшишот што ќе мора да го оставите.rnrnНикогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!rnrnПретходно во Светот на Дизни се одржувале венчавки и за 2.500 долари на различни локации во паркот, но оние коишто сакаат да се венчаат пред замокот ќе мора да располагаат со буџет кој ќе може им го дозволи тоа. Сè додека знаете што сакате, самовилите ќе ве придружат и ќе ви го овозможат тоа. Препорачливо е да закажете најрано 16 месеци однапред, за да можете без проблем да си одберете датум.rnrnКој не би сакал да биде Пепелашка, макар на еден ден?rnrn

  • Моќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте вие!

    Моќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте вие!

    Велат мајките знаат најдобро и честопати тоа навистина е така. Ако постои некоја личност во целиот свет која можеби ве познава подобро отколку што самите се познавате, тогаш тоа е вашата мајка. Таа секогаш била, е и ќе остане тука за вас, давајќи ја својата безусловна љубов и поддршка дури и во вашите најтешки моменти. Таков е случајот и со оваа мајка, која на својата идна ќерка ѝ напишала една моќна порака која совршено ја отсликува реалноста.rnrnМоќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте виеrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога ќе имам ќерка,rnrnќе ѝ кажам дека бајките се убави,rnrnно понекогаш погрешни.rnrnЅверот е само ѕвер –rnrnсамо неколкумина ќе се претворат во принцови.rnrnИстото важи и за жабите.rnrnДобрите вили ретко се појавуваатrnrnсо вистинскиот пар чевли во вистинскиот момент.rnrnАко чекаш да те спасат,rnrnне можеш да знаеш кој ќе се искачи по твојата косаrnrnи ќе уништи сѐ.rnrnСтои подалеку од прозорците на кулата,rnrnне се ослонувај на џуџињата,rnrnнајди го својот среќен крај.rnrnСама ќе се спасиш,rnrnили ќе останеш неспасена.rnrn[/message_box]

  • Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Иако сигурно не мечтаете за свадба на обилен дожд, токму оваа временска непогода била главниот аксесоар на венчавката на Џесика Гровер и нејзиниот партнер Ник.rnrn4-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnЏесика и Ник се венчале во Ирска на еден облачен септемвриски ден. Времето било студено, облачно и магловито цела недела пред свадбата, но тие сепак одлучиле да ја направат на отворено. За жал, за време на приемот започнало да истура дожд, но за среќа, вештиот фотограф Томас Стјуарт не дозволил тоа да стане најлошиот кошмар за невестата. Тој го одвел парот на дождот за да направи фотографија која излегла како од бајките. Стјуарт потоа изјавил дека потајно сака кога врне за време на приемот и му се допаѓа кога има променливо време во текот на тој ден.rnrn2-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rn

    „Во саботата наутро врнеше и беше доста облачно, па морав да донесам одлука дали ќе ја правиме свадбата на отворено или не до пладне. Иако јасно се гледаа облаци од двете насоки, јас решив да одам само напред и да ја направиме венчавката на тревникот со поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував… Сепак, обезбедивме чадори за сите гости во случај да почне да врне“ – вели Џесика.

    rnОткако надвор почнало да истура дожд, магичниот фотограф, ги замолил младоженците да излезат на неколку секунди за да направат неколку фотографии. Тие без двоумење зграпчиле еден чадор од своите пријатели и излегле надвор на тремот. Фотографот трчал зад нив, носејќи го своето помагало за заднинско осветлување.rn

    „Бевме надвор на патеката и беше многу убаво, бидејќи јас и Ник сакавме да поминеме неколку моменти заедно, па затоа бевме многу среќни кога излеговме и го имавме овој заеднички момент“ – вели Џесика.

    rn3-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnТаа воопшто не се грижела за нејзината венчаница, бидејќи таа веќе била „уништена“ и каллива од времето надвор.rnrnОткако фотографијата била поставена само на Фејсбук, за многу краток временски период се раширила низ сите социјални мрежи, под името „фотографија од бајките“.rn

    „Кога наредното утро ја видов фотографијата на Фејсбук, бев многу изненадена. Беше преубавo, многу луѓе ја споделуваа и велеа дека ги потсетува на некоја бајка“ – вели Џесика.

    rnИако многумина од вас сметаат дека дождот може да ја уништи целата убавина на вашиот посебен ден, не заборавајте дека токму тој може да ја претвори таа убавина во вистинска магија.rnrn5-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnПотребни биле само околу 30 секунди и 5 обиди за да се создаде оваа „дождовна фото бајка“.rnrn1-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_