Ураганот Дориан сè уште беснее над Бахамите, оставајќи патека од екстремна штета зад себе. Досега петмина го изгубија својот живот во бурата, а десетици илјади се без кров над главата, со 13.000 домови уништени. Ова е трагедија од епски пропорции за малата карипска нација, трагедија од која многу години ќе бидат потребни за да оздрават.rnrn
rnrnИ покрај целото тоа страдање, животните се најчесто заборавени. Меѓу нив спаѓаат безгласните кучиња на Насау, кои немаат безбедно место на кое би можеле да се скријат. Единственото нешто што тие го имаат е домот на Чела Филипс, која ги отворила своите врати за кучињата скитници од околината. Таа не е поврзана со ниту една организација, туку била водена од својата љубов за бездомните кучиња.rnrn
rnrnПа, наместо да ги остави на улица, да се соочат со ураганот сами, таа земала колку што е можно повеќе и ги внела во својата куќа. Досега таа има 97 крзнени пријателчиња од сите големини и форми. Погледнете!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
Tag: Бахами
-

Оваа жена штитела 97 кучиња во својот дом на Бахамите додека ураганот Дориан беснеел надвор
-

Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“
Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници.
rnШарк Беј, Австралија
rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна.
rnМауи
rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик.
rnДомениканска Република
rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон.
rnФангнга Беј, Тајланд
rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет.
rnСејшелите
rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли.
rnЛанзароте, Шпанија
rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“.
rnЈамајка
rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос.
rnКенија
rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици.
rnЈужна Африка
rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници.
rnБахамите
rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи.
rnКозумел, Мексико
rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука.
rnБора Бора
rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон.
rnМалдиви
rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата.
rnАруба
rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија.
rnБарбадос
rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“.
rnСент Џон, Американски Девствени Острови
rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“.
rnБермудите
rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година.
rnТунис
rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи.
rnКанкун, Мексико
rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најдобрите летни карипски дестинации
Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn
Аруба
rn
rnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrn
rnБонер
rn
rnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrn
rnБахами
rn
rnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrn
rnПунта Кана, Доминиканска Република
rn
rnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrn
rnКурасао
rn
rnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најсреќните свињи на светот
Big Major Cay е мало ненаселено, но туристички многу популарно островче на Бахамите. Местото на островот наречено Exuma Banks side располага со две прекрасни плажи, а едната од нив е дом на популарните и атрактивни свињи кои умеат да пливаат. Да, да, добро прочитавте – свињи со пливачки способности!rnrn
rnrnНикој не е точно сигурен како овие свињи завршиле токму на овој остров на сред море, но локалното население мисли дека тие биле тука оставени од морепловци кои проаѓале во областа, кои можеби ги имале понесено со себе за да ги изедат. Како и да е, морепловците никогаш не си ги земале назад овие свињи-среќници, па така наместо да завршат во нечија чинија како оброк, тие си го пронашле својот нов дом.rnrn
rnrnПронаоѓањето храна за преживување никогаш не претставувало проблем за овие среќни свинњчиња. Со текот на годините локалните пловци на јахти и бродови, оставале остатоци од храна и грицки на плажата, за да можат свињите да се најадат. Паметните животинки исто така дошле до заклучок дека морепловците редовно го исфрлаат вишокот храна во морето.rnrn
rnrnДенес ова плажа претставува популарно туристичко место , па туристите без разлика дали го понеле со нив нивниот костим за капење или не, тие секогаш се сеќаваат да донесат храна за свињите. Гладните свињи лакомо се нуркаат во брановите секојпат кога ќе забележат јахта и пливаат стотина метри, сѐ со цел да добијат бесплатен оброк.rnrn
rnrnСвињчињата се толку успешни и борбени за својот опстанок, што денес тие совршено си го живеат животот на тропски остров и имаат фамилии од по 8 дечиња. Нивниот живот се состои само од јадење, спиење и пливање. Човек да посака да стане свиња, само за да го искуси овој рајски живот!rnrn

rnrn rnrn
rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Најсекси плажи во светот
Најубавите плажи во светот доаѓаат во сите облици и големини, бои и видови, започнувајќи само од далечинскиот управувач, преку рајски места со палми и бел ситен песок, па сè до тренди места за социјализација и хедонистички центри за забава. Во потрага по песочни плажи кои ги поттикнуваат романтиката, страста и заводливиот дух, издвоивме кои се најсекси плажи во светот.rn
Плажата Зума во Малибу, Калифорнија
rnКалифорнија има една од најсекси плажите што се наоѓаат покрај брегот на Пацификот. Плажата Зума во Малибу е место каде што планините на Санта Моника речиси се спојуваат со океанот, каде може да пиете изладено Шардоне гледајќи ги делфините. Оваа плажа нуди долг песочен брег и одлично засолниште за славната клиентела. Во непосредна близина се наоѓаат куќите на Џенифер Лопез, Бред Пит и Анџелина Џоли. Плажата Зума е вистински избор за сите што ги сакаат песокот и ѕвездите.rnrn
rnПлажата Менли во Сиднеј, Австралија
rnИако Австралија има голем избор на плажи, сепак најпопуларна е космополитската плажа Менли во Сиднеј. Како што кажува самото име, оваа плажа е рај за сурферите. Тука можете да седнете, да им се восхитувате на сонцето и брановите и да се предозирате со сладолед. Оваа плажа нуди релаксирачки одмор, мали заливи, предели со борови и целосно опуштена атмосфера.rnrn
rnМалдиви
rnЗамислете си алеи од палми, приватни куќички покрај море, песок бел како креда и бесконечни базени со поглед кон рајот. Тоа се Малдивите, земја на корални острови на југозападниот брег од Индија, во Индискиот Океан. Малдивите нудат голем избор на хотели со пет ѕвездички и други луксузни сместувања, сончеви зраци во текот на целата година, прекрасни лагуни, па затоа се најчест избор кога станува збор за меден месец или некое друго романтично патување.rnrn
rnТуркс и Каикос
rnТуркс и Каикос се островски архипелаг јужно од Бахамите, составен од 40 острови од кои само неколку се населени. Плажите на овие острови, поради својата географска положба (затскриени се зад Карибите) се едни од ретките кои изобилуваат со чиста и недопрена природа. Една од најубавите плажи на Туркс и Каикос е заливот Грејс, со брег долг 12 милји покриен со песок бел како шеќер. Туркс и Каикос се дестинација за сите романтичари кои обожаваат вечера на свеќи.rnrn
rnКопакабана и Ипанема во Рио де Жанеиро, Бразил
rnЗа љубителите на жешки плажи и луди забави, сензационалните плажи Копакабана и Ипанема се вистински избор за нив. Овој рај во Јужна Америка ги има најпопуларните и најпровокативните брегови покрај Атлантикот, покриени со бел песок. Преку ден можете да уживате гледајќи ги бразилските убавици како шетаат по плажите, а навечер клубовите покрај шеталиштето нудат целовечерни забави.rnrn

rnСвети Мартин
rnЕден од најсофистицираните острови на Карибите, Свети Мартин, се наоѓа источно од Порторико и претставува спој на европската култура, создавајќи фузија на историјата и чувство на хедонизам. Една од најзначајните области на островот е областа Гранд, поранешно рибарско село, а денес кулинарски епицентар на Свети Мартин, ако не и на Карибите воопшто. Гранд изобилува со крајбрежни гурмански бистроа кои се наоѓаат наспроти тиркизните води.rnrn
rnСеверен Брег, Оаху, Хаваи
rnВулканскиот тропски архипелаг на Хаваи е оддалечен илјадници километри од најблискиот континент и изобилува со осамени плажи. Плажите на Северниот брег на Оаху се познати по нивната природна убавина и брановите погодни за сурфање. Во текот на летото, брановите се речиси рамни и се добри за сурфери-почетници, но во октомври и март, брановите формирани од зимските бури, патуваат од Алјаска сè до Оаху и се одлични за професионалните сурфери.rnrn
rnХаад Рин, Тајланд
rnАко ве привлекува лудиот ноќен живот проследен со романтични средби, плажите на Тајландските острови се вистинскиот избор за вас. Секој месец, кога настапува полна месечина, 20.000 трагачи по луди забави доаѓаат на плажата Хаад Рин за да присуствуваат на целовечерната забава позната како „Полна месечина“. Патниците привлечени од танцовите кои се изведуваат со помош на оган, конзумираат евтино локално виски и одат од еден во друг клуб сè до изгрејсонце.rnrn
rnЦрвената плажа во Санторини, Грција
rnИако овој грчки остров има многу плажи, сепак најнеобична е Црвената плажа која има облик на млада Месечина. Заради посебните географски карактеристики и вулканската активност, брегот на оваа плажа е црвен и црн. Карпите создадени од лавата полни со железо, навлегуваат длабоко во Егејското Море. Во текот на летните месеци, Црвената плажа нуди луди вечерни журки во крајбрежните клубови.rnrn
rnБоракеј, Филипини
rnПлажата Боракеј е вистински трофеј за Филипините. Оддалечена 30 минути со авион од Манила, Боракеј не е многу долга плажа. Широка е помалку од еден километар и се смета за туристички центар, каде што луѓето доаѓаат за да се дружат и да ја апсорбираат културата на Филипините. Плажата Боракеј нуди бел песок ситен како прашина и чиста сина вода. Оваа плажа е вистинската дестинација за сите кои ги преферираат водните спортови.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.