КАФЕ ПАУЗА

Tag: Аурора

  • Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“

    Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“

    Овие неверојатни фотографи се направени со долга експозиција од страна на астронаутот Дон Петит, од Интернационалната вселенска станица, во текот на Експедицијата 31.Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Додека вселенската станица кружела околу Земјата со околу 27,36 километри на час, инженерот Дон Петит направил фантастични фотографии сликајќи со 30-секундна експозиција, кои потоа софтверски ги споил за да прикаже 10-15-минутно движење. Ротацијата била доволно брза за да го „замати“ природниот изглед на Земјата и да ја прикаже со разнобојни снопови светлина, како и да улови траги од ѕвездите, Аурора и светлина распрскана по целата површина на Земјината топка. Добиениот резултат е вчудовидувачки!Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“Погледнете повеќе фотографии на неговиот профил на Фликр.
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аурора аустралис – јужни светлини

    Аурора аустралис – јужни светлини

    Автор: marfirnrnrnАурора аустралис или јужните светлини се смирувачки, динамични дисплеи од светлина кои се јавуваат на небото над Антарктикот во зима, како и во Нов Зеланд, Австралија и Јужна Америка. Тие се всушност како лајт-шоу на природата, визуелна поезија од атмосферските гасови. Оние коишто биле сведоци на ваква глетка, со сигурност можат да потврдат дека многу малку глетки може да се израмнат со магијата и мистеријата на овие бои кои се појавуваат на антарктичкото небо.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Што е Аурора аустралис?

    rnАурора е заедничкото име на светлината од фотоните емитувана од атомите, молекулите и јоните кои се наелектризирани од разни партикули (најчесто електрони) кои патуваат низ магнетското поле на повисоката атмосфера на Земјата. Како резултат на интеракцијата меѓу соларниот ветер (соларна плазма) и магнетското поле на Земјата, се јавува Аурора.rnrnОвие судари произведуваат електрични празнења кои ги исполнуваат атомите со кислород и азот, кои ги даваат разните бои на светлината. Магнетските полиња на Земјата ги насочуваат овие празнења кон половите, а пак активноста на Сонцето и короналните дупки ги зајакнуваат празнењата на електроните од кои пак зависи интензитетот и траењето на дисплеите.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку трае?

    rnАктивната фаза може да трае 15-40 минути и повторно да се појави два-три часа подоцна. Траењето и интензитетот зависи од локацијата на која се појавува оваа светлина на јужниот пол.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Какви се боите?

    rnДисплеите може да се појават во многу бои, а бледо зелената и розовата се најдоминантни. Забележани се и сенки од црвена, жолта, зелена, сина и виолетова. Разните атоми на гасовите даваат различна боја. Атоми од наелектризиран кислород даваат црвена боја, јони од азотот даваат виолетова. А комбинацијата од овие гасови даваат белузлав изглед. Овие варијации зависат од висината, композицијата и густината на јоните на одредената висина.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку е оддалечена Аурора аустралис?

    rnГенерално, лакот на аустралис е во пониските граници на околу 113 км во висина. Ако долната граница е со розова боја, тоа значи дека висината е пониска, околу 80 метри, а ако има црвеникава боја тоа значи дека аустралис е во висина од над 240 км.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Во какви форми може да се јави?

    rnАустралис може да се јави во многу форми – столбови, снопчиња, ореоли од вибрирачки бои. Се простира од исток кон запад, а формата најчесто зависи од бројот на наелектризирани електрони во атмосферата и интеракцијата на електричните празнења и магнетните полиња. Ако ги има доволно, лакот на аустралис може неколку пати да ја промени формата и бојата.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrnrnПогледнете го прекрасното видео за појавата на Аурора бореалис во Северна Русија.

  • Волшебната поларна светлина на небото

    Волшебната поларна светлина на небото

    Аурора или поларна светлина е природна појава на осветленост на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Таа обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.Волшебната поларна светлина на неботоФотографот Hisashi Noboru Sakamoto од Јапонија ја совладал техниката на овековечување на ова прекрасно осветлување на небото. Портфолиото на волшебникот од Токио е богато со разновидни пејзажи и широк спектар на ноќни фотографии од небото исполнето со живи бои. Тој навистина вложува во својата пасија, понекогаш кампувајќи и на премногу ниски температури само за да направи добри фотографии. Тој може да се пофали и со одлични фотографии од диви животни.Волшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоВолшебната поларна светлина на неботоrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.