КАФЕ ПАУЗА

Tag: Арктик

  • Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот

    Неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот

    Малкумина одбираат да живеат на Арктикот, но оние кои го прават тоа обично се во близина на некоја заедница или засолниште кое им нуди топлина и безбедност. Сепак, постојат неколку несреќни луѓе кои се нашле осамени сред дивината на Арктикот. Многумина од нив умираат, но некои преживеале за да ја раскажат нивната неверојатна приказна.rn

    1. Поларна мечка како милениче

    rn(1)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mkrnrnВо 1757 година, Брус Гордон паднал во морето кога неговиот брод бил згмечен од две ледени брегови. Тој „слетал“ на парче мраз и го гледал својот екипаж како исчезнува. Кога конечно го пронашол бродот, тој бил превртен наопаку, а поларните мечки се хранеле од неговите пријатели. Гордон собрал што можел од бродот и се хранел со тоа. Имал проблеми со поларните мечки, а откако убил една со нож, се појавило мало поларно мече. Гордон го одгледал како милениче. Тој ја научил мечката да лови риби за него и да ги брка другите мечки. Со текот на времето, мразот на Гордон испливал до Гренланд каде што нашол група домородци. Тоа биле првите луѓе кои ги видел со години.rn

    2. Напад од фока убиец

    rn(2)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mkrnrnВо 1985 година, Гарет Вуд и неговата група поларни истражувачи биле присилени да поминат преку тенок мраз. Тие се плашеле од кршење на мразот, но наместо тоа од водата излегла голема фока. Животното го фатило Гарет за нога и се обидело да го повлече под вода. Придружниците на Гарет почнале да ја удираат фоката по очите и таа се вратила во водата. Но, само што Гарет станал од земјата, фоката повторно го нападнала. Кога конечно ѝ избегал, тој морал да се влече по ледот со својата секира до колибата. Таму добил медицинска помош и преживеал.rn

    3. Нож од измет

    rn(3)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mkrnrnИстражувачот Питер Фројшен се нашол во голема бура во 1926 година. Бидејќи не можел да се движи поради силниот ветар и снег, се сокрил под својата санка и чекал да помине бурата. Кога се обидел да мрда, сфатил дека е закопан под дебел слој снег и мраз. Повеќе од 30 часа се обидувал да направи пат низ мразот, но неуспешно. Бидејќи бил очаен, Питер го искористил својот замрзнат измет како нож и го ископал мразот. Потоа му биле потребни уште 3 часа да се врати во својата база. Прстите на неговите нозе веќе имале гангрена и тој ги ампутирал со чекан и клешти без анестезија.rn

    4. Прошетка преку океанот

    rn(4)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mkrnrnНа почетокот на 1914 година, бродот Карлук веќе поминал 5 месеци заробен во мраз. Екипажот бил присилен да го напушти бродот, но биле сред огромна замрзната површина и не знаеле од каде и како да се вратат дома. Капетанот Боб Бартлет испратил екипи за истражување, но никогаш не се вратиле. Конечно, капетанот го одвел остатокот од групата до еден остров кој бил оддалечен 128 километри. Бидејќи неговите луѓе биле премногу изнемоштени да продолжат, Бартлет го изодел останатиот пат сам. Придружуван само од инуитски ловец по име Катактовик, Бартлет поминал 1.100 километри за 37 дена преку замрзнатите води на Сибирот. Потоа пронашол руски офицери кои организирале спасување. Додека стигнале до останатиот екипаж, повеќе од половина луѓе умреле.rn

    5. Сред бура со тенко палто

    rn(5)neverojatni-prikazni-za-prezhivuvanje-na-arktikot-kafepauza.mkrnrnВо март, 1990 година, Кеизо Фунатсу излегол од кампот на кратко да ги нахрани кучињата. Носел само тенко палто на себе. Но додека бил надвор ветрот се засилил, па тој не можел да види ништо освен бескрајно белило. Се обидел да повика помош, но едвај го слушал сопствениот глас. Па, ископал дупка и се сокрил внатре со надеж дека тоа ќе го стопли. Во меѓувреме, неговите колеги се заврзале со јаже од 105 метри и шетале во круг надевајќи се дека Фунатсу ќе го види јажето. Но тој бил во дупката, па јажето му поминало над глава. Фунатсу чудесно успеал да ја преживее бурата.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Архипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Сепак, во текот на годината има температури кои се косат со неговата местоположба. Тоа е така поради најголемата позитивна температурна аномалија поврзана со географската ширина. Тоа го прави Лофотен – Арктички рај. Бидете подготвени. Ова место го одзема здивот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnТука можете да најдете безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините. Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnДоселениците на еден од островите, му го дале името Лофотен што значи „стапалото на рисот“. Друг остров бил крстен „стапалото на волкот“, а всушност, од птичја перспектива овие острови навистина наликуваат на стапките од овие животни. Но сепак, целиот архипелаг се вика Лофотен и е област во норвешкиот Нордланд.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnБлагодарејќи на климата, Лофотен е центар на риболовците на бакалар векови наназад. Ваган е првиот забележан град во северна Норвешка кој исто така бил Викиншки град. Луѓето се привлечени кон Лофотен поради неговиот прекрасен морски живот. Бакаларите, кои мигрираат од Баренцовото море, доаѓаат во Лофотен да се мрестат и од неодамна тоа е главен профит во рибарската индустрија. Со векови, Норвешка е најголемиот извозник на бакалар од Северна Европа.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотенските планински врвови сигурно не наликуваат на стапало од рис. Тие се нарекуваат Лофотенски ѕидови кои, гледани од птичја перспектива, ги покриваат останатите врвови зад нив. Всушност, поставеноста на врвовите кои се 1.100 метри високи, е таква што тие ги преградуваат сите острови во архипелагот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОна што ја создава аномалијата на Арктичкиот круг се многубројните заливски потоци кои се под влијание на Норвешката струја и Северноатлантската струја. Глетката на реки и поточиња ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина во Арктичкиот круг, бидејќи кога ќе се спомне самото име, веднаш помислуваме на снег и неверојатно ладни зими.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОвие прекрасни острови изобилуваат со природни богатства, но сепак, нивната репутација не е глобална. Планините со издолжените врвови изгледаат дури и нереално. Нема да се изненадите ако некој од локалните жители се претвори во хобит :)rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен има и убави плажи, но капењето во овие води може да биде опасно поради морските струи. Сепак, во близина на брегот, водите се прилично мирни.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnАрхипелагот е најсеверното место во светот каде годишните температури се над нулата. Во јануари, во просек е -1 степен, а во летните месеци просечните температури се 13 степени Целзиусови. Најтоплата температура измерена тука е 30,4 степени. Не е премногу топло, но земајќи предвид каде се наоѓа….rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен е толку далеку на север што може да го искусите и полноќното сонце. Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ. За разлика од тоа, во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно. Оваа состојба не е идеална за да биде место на живеење, па така ова е еден од недостатоците на овие острови.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛогично, овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnВо просек има по 100.000 туристи во текот на годината, што е релативно малку за ваква убавина. Но, прашањето е: Дали би сакале да го поделите ова волшебно место со останатиот свет?rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.