Неизбежен дел од декември е уживањето во божиќните анимирани филмови, но не уживаат само децата, туку и возрасните затоа што ги потсетуваат на детството. Во продолжение погледнете неколку од најдобрите анимирани божиќни филмови на сите времиња кои се полни со божиќна магија, но исто така ќе ве потсетат на вистинската вредност на Божиќ, на важноста на пријателството, хуманоста, семејството и вербата во магијата.rn
1. „Божиќот на Чарли Браун“ („A Charlie Brown Christmas“)
rnhttps://youtu.be/x2jmCffjiwMrnrnОвој анимиран филм е создаден во далечната 1965-та година, но совршено ја опишува денешната комерцијализација на Божиќ. Иако декември е веќе во полн ек и Божиќ тропа на вратата, главниот лик Чарли Браун не ја чувствува возбудата.rnrnТој не може да разбере што гледаат луѓето околу него во украсувањето, во натпреварите за најубаво украсена куќа, во подарување материјални работи со кои ретко кој е задоволен и слично. Иако е само ученик во основно училиште, тој сфаќа дека комерцијализацијата на Божиќ започнала, па тргнува во потрага по вистинското значење на Божиќ. Неговата пријателка Луси му предлага да учествува во божиќната претстава, но и тоа не му причинува задоволство. Кога веќе мисли дека сè е залудно, Линус му го открива вистинското значење на Божиќ.rn
2. „Како Гринч го украде Божиќ“ („How the Crinch Stole Christmas“)
rnhttps://youtu.be/DD0m9t4WHEQrnrnКога станува збор за божиќни филмови, невозможно е да не бидете трогнати од Гринч бидејќи е синоним за оние кои го презираат Божиќ. Маскиран во Дедо Мраз, пргавиот Гринч се спушта во градот во подножјето на планината каде што живее со намера да им ги украде сите божиќни украси на локалните жители. Тој е огорчен на нив затоа што одамна го прогонија на планината, но на Божиќ е уште повеќе огорчен.rnrnНе може да ги поднесе украсените улици, материјализмот и лажната сентименталност што се прикрадува во граѓаните. Кај луѓето сè уште постои малку надеж кога малото девојче Синди Лу ќе го покани на локална божиќна забава, но сите луѓе во градот почнуваат да го исмеваат во јавност, што е последната капка што ја прелева чашата. Затоа тој прави план да им го одземе она што најмногу го сакаат – Божиќ.rn
3. „Поларен експрес“ („Polar Express“)
rnhttps://youtu.be/TQhRqtt-FpornrnПриказната го следи тринаесетгодишното момче по кое, на Бадник, непосредно пред да заспие, доаѓа волшебниот воз наречен Поларен експрес, полн со деца во пижами, кој патува кон домот на Дедо Мраз. Патувањето е преполно со сцени на извонредна анимација, а како што возот се приближува до домот на Дедо Мраз, возбудата кај децата расте.rnrnДедо Мраз го избира главниот јунак како оној што ќе го добие првиот подарок, и иако може да избере што било на светот, тој го избира ѕвончето што го носи ирвасот на Дедо Мраз. Го добива посакуваниот подарок и го става во џеб, но на патот кон дома го губи ѕвончето. Сепак, следното утро ќе го најде под елката. Само тој и неговата сестра можат да го слушнат неговиот звук, а возрасните мислат дека ѕвончето е скршено.rn
4. „Кошмар пред Божиќ“ („The Nightmare Before Christmas“)
rnhttps://youtu.be/wr6N_hZyBCkrnrnНиту генијалниот Тим Бартон не му одолеа на создавањето божиќни анимирани филмови, па на свој начин донесе наслов што функционира подеднакво добро и за Ноќта на вештерките и за Божиќ.rnrnБартон дошол до идејата за филмот додека гледал како вработените во една продавница ги заменуваат производите за Ноќта на вештерките со оние за Божиќ. Од тоа настанале цртежи и песна, а потоа и овој антологиски празничен филм.rnrnРазочаран од монотонијата на Ноќта на вештерките, Џек Скелингтон сосема случајно дознава дека постои нешто што се вика Божиќ и прави сè што може за да им ја претстави својата нова идеја на своите сограѓани. Сепак, тие не се многу ентузијастички расположени. Што ќе стори Џек за да им ја покаже магијата на Божиќ?rn
5. „Божиќ доаѓа еднаш годишно“ („Christmas Comes But Once a Year“)
rnhttps://youtu.be/vfNCJVr5Q7ErnrnВо декември 1936 година, краткиот анимиран филм „Божиќ доаѓа еднаш годишно“ ја виде светлината на денот. Заплетот ги следи сирачињата кои се будат на Божиќ наутро, возбудени и среќни, но радоста нагло завршува кога ќе сфатат дека тие не добиле нови играчки како другите деца.rnrnНивните се стари, веќе видени и со неколку лабави делови. На таа улица поминува професорот Гремпи и слуша како децата плачат од сиропиталиштето. Длабоко потресен, тој размислува како да го направи Божиќ поубав за децата. Наскоро ќе му падне на ум една идеја – ќе направи нови играчки од предмети за домаќинство, новогодишна елка од стари чадори и ќе се облече како Дедо Мраз.rn
6. „Божиќна приказна“ („A Christmas Carol“)
rnhttps://youtu.be/VZ3lr3urgDUrnrnЗаплетот го следи стариот, богат и алчен Скруџ кој живее само за да собере уште поголемо богатство. Кога внук му кој работи за него го прашува дали може да добие слободен ден на Божиќ, Скруџ му ја исполнува желбата под услов да не биде платен. Сепак, на Бадник, Скруџ го посетуваат духови од минатото, сегашноста и иднината. Потресен од сликата на неговиот погреб што сите со нетрпение го очекуваат, Скруџ почнува да се менува и го слави Божиќ со своите најблиски.rn
7. „Убавицата и Ѕверот: Волшебен Божиќ“ („Beaty and the Beast: The Enchanted Christmas“)
rnhttps://youtu.be/aahmGKBv5bkrnrnСите оние кои ја сакаат магијата на волшебниот замок и оживеаните предмети за домаќинство како чајници, чаши и свеќници, на кои им е фрлена клетва, како и на машкиот протагонист, ќе бидат воодушевени од ова божиќно руво.rnrnДејството се одвива една година по укинувањето на клетвата од замокот. Додека сите се подготвуваат за голема божиќна забава на која е покането целото село, жителите на замокот се сеќаваат како изгледаше само една година порано, кратко откако Бела пристигна во замокот. Се разбира, Ѕверот тогаш протестираше против прославата на Божиќ, но Бела сепак реши да го прослави. Дали Ѕверот се предомисли, каква врска има една подарена книга со сè друго и како заврши Божиќ во замокот, проверете во овој анимиран филм на кој би можеле да му се навраќате секој декември.rnrnПогледнете ги овие 9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери.


rnrnВи го претставуваме Алсак, магичниот регион во Франција познат по живописните села. Цртаниот филм на Дизни е направен според оригинална приказна на Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, француска писателка од 19-тиот век. Малиот „провинциски град“ од кој доаѓа Бел, навистина е мал провинциски град. Продуцентите одбрале села како Колмар за да го создадат родното место на Бел, а резултатот сигурно ќе ѝ се допадне и на Габриел-Сузан.rn
rnrnНајстарата принцеза на Дизни е инспирирана од германска народна приказна на браќата Грим. Според некои истражувања, приказната можеби била вистина, а темната шума, џуџињата и стаклениот ковчег се наоѓале околу замокот Лор и шумата Шпесарт.rn
rnrnЏон Маск, еден од режисерите, ја добил идејата за филмот од книга која го опишувала полинезискиот митски херој Мауи. Со цел да истражува, тој патувал низ многуте рајски острови во Јужниот Пацифик. Фиџи, Самоа и Тахити се некои од островите кои ги посетил со цел да научи за културата на домородното население, но и за да го создаде неверојатниот остров на Моана.rn
rnrnФилмот е базиран на познатата книга од Карло Лоренцини, а дејството се случува во родното место на неговата мајка – италијанското село Колоди. Бидејќи ова село му било толку значајно, авторот почнал да го користи и псевдонимот Карло Колоди. Малите куќички, калдрмите и куполите го направиле ова село совршено за приказната на Пинокио.rn
rnrnНе е тајна дека филмот е сместен во Шкотските Гори. Средновековниот замок Дунотар, кој е опкружен со најзелениот пејзаж во светот, е совршено место за авантурите на Мерида. Не е ни чудно овде да очекувате магија, натпревари во стрелаштво и шкотски акцент.rnrnПродолжува на 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnКубо е младо момче од прекрасна фамилија. Еден ден тој случајно повикува дух од неговото минато кој е жеден за одмазда. Само двајца негови пријатели се тука за да му помогнат. Кубо ќе може да преживее само ако го најде магичниот оклоп што некогаш го носел татко му, легендарен самурај. Благодарение на трогателната приказна и длабока филозофија, овој јапонски цртан филм засекогаш ќе остане во вашето сеќавање.rn
rnrnМоана е ќерка на поглаварот на едно мало островско племе и таа еден ден тргнува на епско патување околу Пацификот. Заедно со моќниот полубог Мауи, таа ќе мора да го премине отворениот океан, да се бори со страшните чудовишта и да ја поништи древната клетва. Оваа прекрасна приказна со длабоко значење несомнено ќе ве однесе на далечно и незаборавно патување.rn
rnrnВо еден измислен свет, младиот фаун Мун ненадејно станува чувар на месечината. Но, за жал, тој речиси веднаш ја губи месечината. Поранешниот злобен чувар Некрос ги искористил слабостите на Мун и го украл сонцето. Сега со помош на восочното дете Глим и арогантниот воин Сохон, Мун ќе тргне на опасно патешествие. Овој необичен цртан со магична атмосфера дефинитивно вреди да се гледа.rn
rnrnСпоред оваа приказна, диносаурусите никогаш не изумреле туку еволуирале во високо интелигентни суштества кои живеат на нашата планета до ден денес. Луѓето, пак, останале заглавени во многу примитивна фаза од нивниот развој. Оваа по малку сурова, но трогателна приказна за пријателството помеѓу младиот диносаурус и малото момче сигурно ќе ве инспирира и ќе ве наведе на размислување.rnrnПродолжете на
rn