Стив Џобс важи за еден од најзаслужните виновници за развојот на дигиталната ера, но верувале или не, тој во својот дом ја забранил употребата на секаков вид технологија, дури и на неговиот популарен ајпод.rnrn
rnrnНик Билтон, новинар за Њујорк Тајмс, во едно интервју со Џобс констатирал дека неговите деца сигурно го обожаваат ајподот, на што тој одговорил дека тие никогаш не го користеле. Тој и неговата сопруга дома одредувале кога и колку нивните деца смеат да користат технологија. Сигурно сте го замислувале домот на Џобс како вистински рај за бубалици со огромни екрани чувствителни на допир на ѕидовите и трпезариска маса составена од ајподи. Истата претстава за домот на Џобс ја имал и новинарот Билтон. Меѓутоа, членовите на семејството повеќе сакале да се дружат и да разговараат за историјата и прочитаните книги. Тие седеле на маса и разговарале меѓу себе.rnrnМожеби ви звучи чудно, но овој тренд е особено популарен и кај други експерти за технологија. Во Силициумската долина инженерите и другите информатичари ги штитат нивните деца од лошото влијание на технологијата. Тие дури и ги праќаат во училишта каде не се користат компјутери.rn
„Имам запознаено голем број директори на ИТ компании кои ми одговориле слично. Тие многу строго им ја ограничуваат употребата на технолошките уреди на нивните деца, најчесто и целосно ја забрануваат во текот на работните денови, со тоа што им дозволуваат да ги користат кратко време во текот на викендот“, изјавил Билтон.
rnКрис Анерсон, поранешен уредник на списанието „Wired“ и сегашен директор на компанијата „3D Robotics“, татко на 5 деца, во една прилика објаснил зошто луѓето кои работат во технолошката индустрија ги држат уредите подалеку од нивните деца.rn
„Децата ме обвинуваат мене и мојата сопруга дека сме фашисти и дека премногу се грижиме. Постојано се жалат дека другите деца немаат такви забрани. Тоа е така затоа што ние сме лично запознаени со опасностите од технологијата. Сум ги видел тие работи лично и не сакам истото да им се случи на моите деца“, објаснил Андерсон.
rnХуан Вилијамс, основачот на Блогер и Твитер, и неговата сопруга Сара велат дека наместо ајпод нивните два сина имаат стотици книги кои можат да ги читаат секогаш кога ќе посакаат.rnrnПа, како родителите од светот на информатичката технологија ги одредуваат правилата за користење на технолошките уреди?rnrn
rnrnДецата помлади од десет години се најмногу склони кон стекнување зависност и не смеат во текот на работната недела да користат никакви уреди. За време на викендот, компјутерите, телефоните и таблетите смеат да се користат помеѓу половина час и два часа. Децата на возраст од 10 до 14 години можат да користат компјутери во текот на работната недела, но само за домашни задачи.rnrnЛесли Голд, основач и директор на „Sutherland Gold“, вели дека во неговото семејство постои правило за забрана на сите екрани во текот на работната недела. Сепак, како што растат децата, мора да се прават некои исклучоци бидејќи компјутерите им требаат сѐ повеќе за учење.rnrnКога се во прашање смартфоните, голем број од експертите за технологија не им ги даваат на децата пред да наполнат 14 години.rn
„Меѓутоа, сите се придржуваат кон едно правило: Нема никакви екрани во детската соба. Никогаш. Точка.“, вели Крис Андерсон.
rnАли Партови, основач на компанијата Ilike и советник за Фејсбук, вели дека тој прави разлика помеѓу „консумеристичко“ и „креативно“ користење на технологијата и на децата им го дозволува само второто, односно создавање уметност преку компјутер или програмирање.rnrnДецата треба да знаат како правилно да ги користат компјутерите и да не ја преминуваат границата. Родителите пред сѐ треба да им овозможат на децата да поминуваат време во природа. Можеби тие моментално ќе им замеруваат на родителите, но со сигурност ќе им бидат благодарни подоцна во животот.






Станува збор за првата роботска топка која ќе можете да ја контролирате преку апликација од вашиот ајфон. Таа има можност и за сингл и за мултиплеер комбинација каде што дефинитивно има несекојдневно испреплетување на виртуелниот и реалниот свет преку игра. Цената на Sphero изнесува 

Нашето здравје е едно од најважните работи и овој додаток ни овозможува да живееме многу поздраво. Во комбинација со апликација на вашиот ајфон можете постојано да имате извештај за тоа колку спиете, како ги поминувате фазите на спиењето, колку одите, колку калории согорувате, како и многу други работи. Со помош на овој извештај можете од ден на ден брзо и лесно да си го подобрувате вашето здравје. Цената на додатокот изнесува 

Овој додаток ви овозможува динамично мерење на вашиот крвен притисок и отчукувањето на срцето. Тој се поврзува директно со вашиот ајфон, ајпод или ајпад и овозможува едноставна и удобна проверка која можете да ја направите во секое време. Цената на овој додаток е 

Фирмата Грифин веќе подолго време произведува добро познати продукти за „Apple.“ Во овој случај нивната цел е да измамат насмевка на вашето лице со помош на новата играчка – хелихоптер. Овој додаток за ајфон се контролира преку апликација која има виртуелен џоистик со кои можете да го движите хеликоптерот напред, назад и на страна. Апликацијата е бесплатна, но додатокот чини 
rnrnПосле поврзувањето на вашиот ајфон со фингерист ќе можете да свирите како на гитара, синтисајзер, пијано или тапани. Ова е високо стилска играчка со фантастичен дизајн.rnrn
rnrnСлотот за ајфонот е направен од палисандрово дрво, а делот со звучникот е блескаво црн. 3-ватниот звучник вади добар звук, но доколку сакате поголемо уживање, фингерист има додатен кабел кој можете да го приклучите на појачало.rnrn
rnrnДали можеби фингерист ќе успее да го качи ајфонот на музичката сцена, на некој следен концерт? Се е возможно…rnrn