КАФЕ ПАУЗА

Tag: адвокат

  • Адвокат за развод советува: 7 совети за да го сочувате вашиот брак

    Адвокат за развод советува: 7 совети за да го сочувате вашиот брак

    Ако сакате вашиот брак да потрае и да уживате во него, можеби вистинската работа е да ги послушате оние кои го раскинуваат. Адвокатите за развод безброј пати имаат слушано за тоа што тргнало наопаку во бракот, па најдобро знаат каде сопружниците грешат.rnrnadvokat-za-razvod-sovetuva-7-soveti-kako-da-go-sochuvate-vashiot-brak-kafepauza.mkrn

    „Разводот не доаѓа случајно. Мажите често се однесуваат како одлуката да е донесена од жената, и тоа без причина. Меѓутоа, повеќето разводи се само последица на инерција“ – кажува Џозев Кордел, кој е ко-основач на адвокатска канцеларија специјализирана за фамилијарни односи.

    rnТој застапува претежно мажи, па затоа ни ги пренесува нивните искуства, предупредува за најчестите грешки кои тие ги прават и, врз основа на тоа, дава 7 совети кои вам ќе ви помогнат да си го зачувувате бракот.rn

    1. Бидете свесни дека можете да ја изгубите

    rnМажите мислат дека од денот кога размениле завети сè е готово, но тоа не е вистина. Односот на сопружниците е постојано ранлив, не смеете да го земате здраво за готово. Кога ќе ја освоите – тоа не е крај, морате да продолжите да ја освојувате жената секој ден. Влегувањето во брак е само почеток.rn

    2. Не заборавајте на ситниците

    rnКако ѝ покажувавте дека се грижите за неа пред да стапите во брак? Дали ѝ ја отворавте вратата од автомобилот или од влезот во зградата, дали повремено ѝ купувавте цвеќе? Без разлика како изгледале вашите мали гестови и навики, немојте да заборавате на нив. За време на раната фаза од врската, со таквите безначајни нешта всушност ги покажувате вашите чувства кон жената. Ако некогаш престанете, таа ќе помисли дека престанале и вашите емоции.rn

    3. Имајте повеќе секс

    rnНемојте да бидете нејзин „цимер“, бидете нејзин љубовник! Ако блискоста помеѓу вас се намалува, тогаш имате проблем. Ако само ги одгледувате децата и се препуштите на рутината, повторно имате проблем. Оставете ги телефоните, држете се за раце, гледајте се во очи, запалете свеќи, вечерајте заедно. Никогаш не заборавајте на сексот, зачувајте ја страста во односот – тоа е важен фактор во бракот.rn

    4. Бидете добар партнер за разговор

    rnПартнерите често паѓаат во стапицата „мртва“ комуникација во бракот. Не разговараат доволно за своите животи, а тишината не го одржува бракот цврст. Држењето на јазикот за забите прави вашиот партнер да се чувствува запоставено и недоволно блиско со вас. Затоа секогаш разговарајте еден со друг, дури и кога мислите дека немате да кажете ништо спектакуларно. Ако не сте расположени за разговор, тоа е во ред, кажете ѝ дека ќе разговарате подоцна.rn

    5. Не очекувајте да биде совршена

    rnНе можете да промените никого освен себе, затоа немојте да се трудите да ја промените вашата партнерка. Помирете се со фактот дека никој на овој свет не може да биде идеален или да ви ги исполни сите очекувања. Секој човек може да погреши, исто како и вие. Најдобар однос имаат луѓето кои едни на други се гледаат како еднакви.rn

    6. Знајте дека нема секогаш да сте среќни

    rnПотешкотиите во секојдневниот живот можат да го прекинат сјајот во секој брак. Но ако се надминат, кризите можат да бидат нови почетоци и да го зацврстат вашиот брак.rn

    7. Играјте во ист тим

    rnБез разлика на тоа колку не се согласувате, никогаш не заборавајте дека вие не сте непријатели и дека не работите еден против друг. Вежбајте опростување, бидете отворени, зборувајте за вашите чувства и воздржете се од големи навреди.

  • Поучна приказна: Најпаметниот човек на планетата

    Поучна приказна: Најпаметниот човек на планетата

    Едно неделно попладне, доктор, адвокат, мало момче и свештеник летале со мал приватен авион. Одеднаш, се појавиле проблеми со моторот и покрај најголемите обиди на пилотот, авионот почнал да паѓа. Токму затоа пилотот земал падобран, им рекол на патниците да го сторат истото и скокнал од авионот.rnrnПоучна приказна: Најпаметниот човек на планетатаrnrnЗа жал, останале само уште 3 падобрани. Во тој момент докторот грабнал еден, рекол, Јас сум доктор, спасувам животи, токму затоа и треба да живеам и скокнал.rnrnАдвокатот без размислување земал уште еден падобран, рекол, Јас сум адвокат и адвокатите се едни од најпаметните луѓе на светот и токму затоа заслужувам да живеам и скокнал.rnrnСвештеникот го погледнал малото момче и рекол, Сине, јас живеев долг и исполнет живот. Ти си млад и животот тек допрва ќе ти почне. Токму затоа земи го последниот падобран и живеј во мир.rnrnМалото момче му го вратило назад падобранот на свештеникот и му рекло, Не грижете се оче. Најпаметниот човек на светот само што скокна со мојот ранец.“

  • Викенд книга: „Од љубов до омраза“ – Кристин Хигинс

    Викенд книга: „Од љубов до омраза“ – Кристин Хигинс

    Топла, забавна и духовита приказна во која за брзо ќе се вљубите…

    rn

    Наша оцена: 6

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rn1-vikend-kniga-od-ljubov-do-omraza-kristin-higins-kafepauza.mkrnrnОд авторката на „Јас и ти“, „Од љубов до омраза“ е интересна, топла и духовита приказна во која лесно ќе се вљубите. Особено ќе ја сакаат помладите и тинејџерите, а секако дека би ја засакале и повозрасните кои се расположени за лесна литература.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnПаркер Велс е писателка на позната серија детски книги, „Ангелчиња на ролери“, преку што самата авторка дава сатиричен осврт на една нејзина книга која била одбиена од нејзините издавачи. Паркер, која е самохрана мајка, иако заработува многу од популарноста на серијалот, парите ги дава во добротворни цели. Сега Паркер е ставена пред тежок тест – нејзиниот татко поради нелегални зделки го губи целото семејно богатство. Така Паркер ќе мора да се упати кон заливот Гидеон за да продаде полураспадната колиба. За помош, татко ѝ го испраќа неговиот потрчко, адвокатот Џејмс, кого Паркер воопшто не го сака, дури и не го удостојува викајќи го по име, туку го нарекува Суштество Еден.rnrnЛишена од богатството во кое дотогаш уживала, Перкер сега ќе мора сама да заработува за себе и за своето синче, па така се вработува во цвеќарница. Полека Паркер сфаќа дека може да имаш добар живот и без толкаво богатство, и секако, сфаќа дека Суштество Еден и не е толку лош човек кога подобро ќе го запознаеш.rnrnЛичната критика за оваа книга би била дека е забавна и топла книга која ќе ве опушти и насмее. Секако, не би можела да го изоставам фактот дека е премногу „филмска“ и предвидлива, а нејзините ликови се онаа класична комбинација од близу совршен маж и слатко несовршена хероина. Ликовите се доста добро изградени, дури може да се каже дека повеќе ќе уживате во ликовите отколку во самата приказна. Иако не сум ја прочитала „Јас и ти“, гледам дека ужива многу подобри критики од поновата книга на Хигинс. Воглавно би рекла дека она што ѝ недостига на книгата е повеќе тензија, проблеми и осврти кои нема да се разрешуваат така магично и совршено. Ако сте за лесна и љубовна книга, ова е тоа што го баравте.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 29 март 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

    ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)

    ТВ серија која е произлезена од позната „Breaking Bad“

    rnkinopoisk.ruГлавни улоги: Боб Оденикрк, Реа Сихорн, Патрик ФабијанrnrnЖанр: комедија, криминал, драмаrnrnКреатор: Винс Гилиган, Питер ГоулдrnrnПремиера: 8 февруари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 52 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКреаторите на познатата ТВ серија „Breaking Bad“ започнале нова приказна, која нè води во животот на адвокатот Сал Гудман пред тој да стане Сал Гудман. Оваа ТВ серија на некој начин ѝ претходи на „Breaking Bad“, покажувајќи ни го животот на адвокатот за криминал во времето кога се борел за опстанок. Тој нема клиенти, нема пари и има многу долгови, но работите ќе почнат да се менуваат откако тој ќе реши да ги наоѓа своите клиенти на малку покреативен начин.rnrnТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul) ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)rnrnПознатиот адвокат во првите епизоди сè уште го користи своето вистинско име, Џими Мекгил, но поради проблемите кои брат му ги има со престижната адвокатска компанија во која работел, тој ќе почне да размислува да го смени со цел да започне од почеток. Неговиот постар брат, Чак, страда од необична болест која не му дозволува да води нормален живот и тој секојдневно се бори со неа надевајќи се дека еден ден повторно ќе може да се врати во светот. Џими се обидува со целата сила да му помогне, но понекогаш тој не може ни самиот за себе за грижи, па токму затоа Чак ќе најде друг начин на кој ќе се издржува, за да му помогне на својот брат повторно да изгради нормален живот.rnrnТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul) ТВ серија: Подобро јавете му се на Сал (Better Call Saul)rnrnУште во првата епизода се открива многу за карактерот на Џими, за начинот на кој тој се справува со животот како и за неговата поврзаност со брат му. Настаните се одвиваат малку побавно од вообичаено, раскажувањето се случува на истиот начин како што беше и во „Breaking Bad“ и самата приказна ја има потребната тежина и обработка на детали која со сигурност ќе го задржи вашето внимание. Па, доколку сте расположени за нова луда авантура дајте ѝ можност на ТВ серијата „Better Call Saul“. Сигурни сме дека нема да зажалите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знае

    10 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знае

    Адвокатурата е убава професија. Овозможува да се занимавате со интелектуална работа, да се расфрлате со знаења кога е моментот за тоа и дава бројни интелектуални битки во текот на кариерата. Покрај тоа, носи добар углед во општеството и е добро платена. Затоа правните факултети успеваат да привлечат толку голем број млади луѓе кои покрај желбата да го изучуваат правото веројатно уште повеќе размислуваат за овие работи.rnrnСепак, има и некои други нешта кои треба да ги имате предвид, а за кои малку кој зборува додека плаќате партиципација за студирање. Тие не се толку убави како оние што се набројани погоре. Нивната цел не е да ве обесхрабри во походот кон успех како адвокат, туку да ви послужат како важни информации за поподготвени да се впуштите во борбата која ви претстои.rnrn9 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знаеrn

    1. Факултетот не ве подготвува за да бидете адвокати

    rnДипломата од правен факултет значи дека ги познавате законите и го разбирате правото. Со тоа можете да се наречете добар правник, но не и добар адвокат. За вршење на адвокатурата потребни се уште многу други способности на кои мора да работите ако сакате да постигнете успех во оваа професија. За жал, на нашите правни факултети не се изучуваат предмети кои ќе ве научат да пишувате договори, да направите концепт за одбрана на обвинет клиент или да комуницирате квалитетно.rn

    2. Со положен правосуден испит не се станува адвокат

    rnПравосудниот испит служи за да ги потврдите вашите правнички квалитети после завршеното високо образование и одработениот практичен дел при стажирањето. Откако ќе ги потврдите, тоа значи дека сте спремни да застапувате други луѓе пред суд. Но, тоа не оди така лесно. Потребно е да извадите и адвокатска лиценца која чини 42.000 денари. Ваквата давачка е наметната со закон, а се плаќа на Адвокатската комора на РМ, односно на луѓето на кои треба да им бидете конкуренција.rnrn9 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знаеrn

    3. Адвокатите не сакаат да ви го дадат своето знаење

    rnВештините кои ви фалат треба да ги стекнете во текот на стажирањето. Постои заблуда дека стажирањето е работа, но тоа всушност е важен дел од образованието. Тоа е моментот кога треба да добиете многу важен тренинг од страна на адвокатот кај кого стажирате. Тажната вистина во целата приказна е тоа што тие нема лесно да ви го дадат нивното знаење, односно know-how. Многу млади правници завршуваат пополнувајќи обрасци, средувајќи документи или разнесувајќи поднесоци. Потоа положуваат правосуден испит и во поглед на вештините се речиси на истото место како и во времето на дипломирањето. Во меѓувреме, адвокатот кај кого сте го завршиле приправничкиот стаж ја злоупотребил можноста да добие бесплатна или евтина работна сила давајќи ништо или многу малку за возврат.rn

    4. Адвокатите ќе ги земат заслугите за вашата добра работа

    rnОгромно мнозинство од адвокатите на приправничкиот стаж гледаат како на можност бесплатно или за ситни пари да добијат работна сила. И не само што квалитетниот тренинг ќе изостане, туку и она што сами ќе го сработите при самостојното учење нема да ви биде признаено како ваша заслуга. Адвокатот ве вработува вас, што значи дека тој го плаќа вашето време во кое вие работите за него. Тоа што е сработено како крајна услуга е само негова заслуга, а не ваша.rnrn9 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знаеrn

    5. Клиентите не сакаат да плаќаат

    rnЕдна цинична изрека вели дека адвокатот мора да знае две работи: како да излаже и како да наплати. Луѓето тешко се одлучуваат да ангажираат адвокат затоа што треба да го платат. Кога адвокатот е ангажиран, тоа значи дека клиентот го купил неговото време и во тоа време тој мора да му биде на располагање, често пати игнорирајќи ги своите други животни обврски, и да заврши некаква интелектуална работа за него. Тоа, разбирливо, чини многу пари. Клиентите се потпираат на адвокатските услуги кога имаат потреба за тоа, но потоа се трудат да го одбегнат плаќањето колку што можат. Некои немаат пари, а кај други причината е само културата на неплаќање. Затоа адвокатите практикуваат наплаќање на аванс пред да почнат со работа. Оние кои не успеваат да наплатат понекогаш ги тужат своите клиенти.rn

    6. Справувањето со клиентите не е едноставно

    rnКлиентите очекуваат чуда од адвокатот. Дури и кога губењето на спорот е неизбежно, тие сметаат дека адвокатот е должен да употреби магично стапче со кое ќе ја смени реалноста и правдата од противник ќе ја претвори во негов сојузник. Добрите клиенти кои како на филмовите доаѓаат во канцеларијата со добар случај кој може ви донесе многу пари и слава се многу ретки.rnrn9 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знаеrn

    7. Ораторските способности не се од клучна важност

    rnОраторските способности се важни во судницата, но не се од клучна важност како што многумина мислат. Начинот на аргументација е она што е битно, што може да ги претстави работите од поинаков агол и да понуди поинаква слика на тоа што се случило или не се случило. Јавното говорење согласно стандардите од ораторската вечер на Правниот факултет не е од голема корист кога му се обраќате на судија кој има неколку децениско искуство. Наивно е да се поверува дека со добри говорнички вештини ќе прелажете некого кој, народски кажано, изел многу фурни леб за да стане судија. Начинот на кој се аргументираат сопствените гледишта на самото судење или во поднесоците до судот е она што ја прави разликата.rn

    8. Неопходен е добар маркетинг и добро вмрежување

    rnМногу важна работа е да сфатите дека ситуацијата во која си седите во канцеларијата и одеднаш на врата се појавува клиент ја има само во филмовите. Во реалноста, некој доаѓа кај вас само ако некој друг претходно ве препорачал. Ставете се во кожата на вашиот потенцијален клиент: тој е соочен со важно животно прашање и сака својата судбина да ја довери некому на кого може да му се верува. Тој ќе се распраша за добрите адвокати. Затоа вмрежувањето е од најголема важност во обезбедувањето на клиенти. Друга важна работа е добриот маркетинг. Постојат адвокати кои поради честото појавување на телевизија имаат статус на легенди, а во практиката често губат спорови. Но тоа малкумина го знаат и тие постојано имаат работа.rnrn9 малку познати работи за адвокатурата кои секој иден правник треба да ги знаеrn

    9. Малку адвокати се богати

    rnЕдна од причините е што клиентите го избегнуваат плаќањето, а друга е таа што понекогаш едноставно нема доволно работа која би донела приход. Добар дел од адвокатите заработуваат некаде околу просечната македонска плата или нешто над тоа. Ретки се оние кои се навистина богати, а и оние кои се често пати богатството го стекнуваат од разни бизниси, а не од застапувањето на луѓе или компании.rn

    10. Бегство во државната администрација

    rnГолем дел од правниците се запишуваат на правен факултет сонувајќи за работа во нашето судство, но кога за време на стажирањето ќе сфатат дека има и полесно почнуваат да размислуваат за кариера како државни службеници. Проблемот овде е во тоа што тоа бегство не е лесно. Тука постојат неколку пречки. Прво, тоа е возможно само со добро вмрежување. Второ, дури и да сте дел од некоја од силните мрежи, работното место за кое вие ќе конкурирате ќе биде посакувано од уште неколку десетици ваши колеги и ќе треба да ги совладате и нив и нивните мрежи. Трето, дури и да успеете во тоа, прашање е колку можете да се потпрете на оваа стратегија на долг рок. Според проценките на европските институции постои превработеност во нашата државна администрација, односно потребни се само две третини до една половина од веќе вработените. Останатите се вишок, а нашето општество ќе мора порано или подоцна да го реши овој проблем.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

    ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

    ТВ серија за моќна адвокатка и нејзината вмешаност во едно мистериозно убиство

    rn1-tv-serija-kako-da-se-izvlechesh-nekaznet-za-ubistvo-how-to-get-away-with-murder-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Виола Дејвис, Чарли Вебер, Били БраунrnrnЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnrnКреатор: Питер НовокrnrnПремиера: 25 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИ покрај тоа што првата епизода од оваа ТВ серија започнува малку хаотично и несфатливо, како што ќе поминува времето, работите сè повеќе ќе ви се разјаснуваат и нема ни да забележите кога ќе се навлечете на неа. Ова е една од оние динамични ТВ серии кои во периодот од 45 минути постојано ќе ве држат на работ. Секое откритие повлекува со себе нова мистерија и потребно е активно да ја гледате за да можете да ги забележувате сите нешта кои се случуваат. Станува збор за група амбициозни студенти по право кои со својата брилијантна професорка, која е и адвокат ќе станат дел од убиство кое целосно ќе го промени текот на нивниот живот.rnrnТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder) ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)rnrnАналис (Виола Дејвис) е моќна жена и одличен адвокат. Таа работи како бранител и постојано се стреми кон победа без притоа да се грижи дали нејзиниот клиент е виновен или не. Бидејќи паралелно работи и на факултет, таа секоја година одбира по 4 студенти да работат за неа. Аналис не е типична професорка по право, таа наместо да предава според програмата ги носи студентите на терен каде што имаат можност од прва рака да учат како да бидат адвокати. Но, конкуренцијата е голема и токму затоа само оние кои имаат доволно знаење, храброст и среќа ќе можат да станат дел од нејзиниот тим.rnrnТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder) ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)rnrnЕпизодата започнува со 4-ца студенти кои во шума разговараат за оружјето со кое било извршено убиство. Тие исто така имаат и голема караница за телото, дали да го остават онаму каде што е или да го закопаат. Во овој момент сè уште не се знае кој е убиениот и кој го извршил тоа убиство, но изгледа дека на некој начин сите се вмешани. Откако тие ќе одлучат да фрлаат паричка за нивниот следен чекор, епизодата нè носи пред 3 месеци, на нивното прво предавање на факултет. Ова движење напред-назад во период од 3 месеци ќе продолжи во текот на целата ТВ серија и токму тоа е она што ја прави возбудлива и мистериозна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 работи кои адвокати навистина ги имаат кажано во судница

    15 работи кои адвокати навистина ги имаат кажано во судница

    Иако искуствата не се од нашите судници, сепак е интересно да се види што сè кажано во една ваква сериозна институција.rnrn15-raboti-koi-advokati-navistina-gi-imaat-kazhano-vo-sudnica-kafepauza.mkrnrnАдвокатот: Што беше првото нешто што ви го кажа сопругот тоа утро?rnСведокот: Рече: Каде сум Кејти?rnАдвокатот: И зошто тоа ве вознемири?rnСведокот: Моето име е Сузан!rnrnАдвокатот: Дали сте сексуално активни?rnСведокот: Не, само лежам.rnrnСледново оди оригинално на англиски:rnrnАдвокатот: Do you now if your daughter has ever been involved in voodoo?rnСведокот: We both do.rnАдвокатот: Voodoo?rnСведокот: We do.rnАдвокатот: You do?rnСведокот: Yes, voodoo.rnrnАдвокатот: Најмалиот син, 20-годишниот, колку години има?rnСведокот: Ах, па има 20.rnrnАдвокатот: Бевте ли присутни кога беше направена вашата фотографија?rnСведокот: Сериозно?rnrnАдвокатот: Значи датумот кога било зачнато бебето е 8 август?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: И што правевте вие во тој период?rnСведокот: Aaa… Имав секс.rnrnАдвокатот: Како прекина вашиот прв брак?rnСведокот: Со смрт.rnАдвокатот: Со чија смрт беше прекинат?rnСведокот: А чија смрт претпоставувате дека го прекинала?rnrnАдвокатот: Можете да ја опишете личноста?rnСведокот: Личноста беше средно висока и имаше брада.rnАдвокатот: Беше машко или женско?rnСведокот: Погодете.rnrnАдвокатот: Сите ваши одговори треба да бидат орални, OK? Во кое училиште одевте?rnСведокот: Орални.rnrnАдвокатот: Докторе, пред да ја направите аутопсијата, дали го проверивте пулсот?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Дали го проверивте крвниот притисок?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Дали го проверивте дишењето?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Значи возможно е пациентот да бил жив пред да почнете со аутопсијата?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Како можете да бидете сигурни докторе?rnСведокот: Бидејќи неговиот мозок седеше на моето биро во тегла.rnАдвокатот: Сфаќам. Но дали и покрај тоа пациентот можел да биде жив?rnСведокот: Да, можеби бил жив и се занимавал со право.rnrnАдвокатот: Таа имаше три деца, така?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: Колку беа машки?rnСведокот: Ниедно.rnАдвокатот: Имаше девојчиња?rnСведокот: Ме зезаш. Судијо, мислам дека ми треба нов адвокат. Може ли да добијам нов адвокат?rnrnАдвокатот: Таа болест, Мијастенија гравис, дали воопшто влијае на вашето помнење?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: На кој начин влијае на вашето помнење?rnСведокот: Заборавам.rnАдвокатот: Можете да ни дадете пример од нешто што сте заборавиле?rnrnАдвокатот: Докторе, нели е вистина дека кога личноста ќе умре во сон не знае за тоа дури до наредното утро?rnСведокот: Дали вие воопшто имате положено правосуден?rnrnАдвокатот: Дали се сеќавате во кое време го испитувавте телото?rnСведокот: Аутопсијата започна во 8.30 вечер.rnАдвокатот: И г. Дентон беше мртов во тоа време?rnСведокот: Не, лежеше на масата и се прашуваше зошто изведувам аутопсија на него!rnrnАдвокатот: Докторе, колку аутопсии досега имате извршено на мртви луѓе?rnСведокот: Сите моите аутопсии се извршени на мртви луѓе. Би сакале да го преформулирате прашањето?

  • Совети од Абрахам Линколн за младите правници

    Совети од Абрахам Линколн за младите правници

    Пред да стане претседател на САД, Абрахам Линколн имал успешна адвокатска кариера, која ја работел 25 години. Неговиот добар углед натерал многу млади правници да се обратат кај него за совет како да станат подобри адвокати. На четири од нив им ги испратил следните одговори.rnrnСовети од Абрахам Линколн за младите правнициrn

    Писмо до Ајшам Ривис, 5 ноември 1855 година

    rnПочитуван господине,rnrnШтотуку стигнав дома го најдов Вашето писмо од 23-ти од минатиот месец. Јас поминувам премногу време надвор од канцеларијата за да бидам од корист за еден млад човек кој сака да научи за правото. Ако сте цврсто решен од себе да направите адвокат веќе сте завршиле половина од работата. Не е битно дали ќе читате со некого или не. Јас не читав со никого. Земете ги книгите, читајте, проучувајте ги додека не ги сфатите нивните носечки принципи, тоа е најважно. Не е битно дали сте во голем град додека читате. Јас читав во Њу Салем, место во кое никогаш немало повеќе од 300 жители. Книгите и вашиот капацитет да ги разберете се исти каде и да сте. Господин Дамер е многу умен човек и одличен адвокат, така што немам сомнение дека тој со задоволство ќе ви покаже кои книги да ги прочитате, а веројатно и ќе ви позајми некои.rnrnСекогаш имајте на ум дека вашата решеност да успеете е побитна од што било друго. Искрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

    Писмо до Вилијам Григсби, 3 август 1858 година

    rnПочитуван господине,rnrnВашата пријава за место во мојата адвокатска канцеларија од 14 јули беше примена пред неколку дена. Мојот партнер, г-н Херндон, е задолжен за овие работи и во последните три месеци веќе има одбиено дузина пријави како Вашата.rnrnАко сакате да станете адвокат, не дозволувајте на Вас да влијае местото каде што се наоѓате или луѓето со кои сте опкружени. Земете книги, седнете некаде и читајте. Тоа ќе ве направи адвокат побрзо од што било друго.rnrnИскрено Ваш,rnrnАбрахам Линколнrn

    Писмото до Џејмс Торнтон од 2 декември 1858 година

    rnПочитуван господине,rnrnГо примив Вашето писмо испратено на 29-ти во име на г-н Видмер. Јас премногу сум отсутен за да можам да бидам соодветен ментор на студент по право. Кога човек ќе дојде до возраста на која е г-н Видмер, сметам дека треба да почне да чита без надгледување од ментор. Јас токму на тој начин влегов во правната професија. Дајте му на г-н Видмер да ги прочита коментарите на Блекстон, застапувањата на Чити, за докажувањето на Гринлиф, за правичноста и застапувањето во име на правичноста на Стори, нека земе лиценца, нека почне да работи и нека продолжи да чита и потоа. Според мене тоа е најбрз, најевтин и најдобар начин за г-н Видмер да направи адвокат од себе.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

    Писмо до Џон Брокман од 25 септември 1860 година

    rnПочитуван господине,rnrnВашето прашање „кој е најбрзиот начин да се стекне длабоко знаење за правото“ е примено. Начинот е многу едноставен, иако макотрпен и едноличен. Тоа е да земете книги, да читате и внимателно да ги проучувате. Почнете со коментарите на Блекстон, и откако внимателно ќе ги проучите, би рекол два пати, прејдете на застапувањата на Чити, докажувањето на Гринлиф, а потоа прочитајте за правичноста од Стори. Најбитно е да се работи, работи, работи.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмски викенд со адвокатски драми

    Филмски викенд со адвокатски драми

    Филмовите чие дејство се одвива во судниците изгледаат како да се посебен жанр. Драмите во кои адвокатите блескаат се доста впечатливи, тензични, лесно го задржуваат вниманието, а неретко успеваат да натераат некого да се вљуби во оваа професија. Во поново време нема добри филмови од овој тип, па затоа одбравме пет кои се постари, но извонредни.rnrn

    Пукнатина (Fracture)

    rnФилмски викенд со адвокатски драмиГлавни улоги: Рајан Гослинг, Ентони Хопкинс, Розамунд ПајкrnrnПремиера: 2007rnrnВреметраење: 113 минутиrnrnКратка содржина: Рајан Гослинг игра улога на млад, надежен и амбициозен обвинител кој токму пред да се пресели во голема адвокатска фирма ќе добие навидум лесен случај за крај. Но, во судницата ќе се соочи со Тед (Ентони Хопкинс) кој ќе го однесе во правен лавиринт од кој тешко може да најде излез.rnrnrn

  • 10 најсексапилни машки професии

    10 најсексапилни машки професии

    Еротските фантазии најчесто се врзани со некои необични места за водење љубов, но има и голем број машки професии на кои повеќето жени паѓаат. Пожарникарот ќе ја распали женската фантазија, а пилотот ќе ја одведе дамата во небесната широчина. Погледнете кои машки професии го имаат тој икс-фактор, со кој го привлекуваат понежниот пол.rnrn10 најсексапилни машки занимањаrn

    10. Фитнес инструктор

    rnЧасовите поминати во теретана резултираат со извајано тело, кое жените несомнено го забележуваат и го набљудуваат со насмевка на нивното лице.rn

    9. Готвач

    rnСе вели дека љубовта оди преку стомакот, а вистинскиот избор на храна може и тоа како да побуди страст и возбуда. Овој маж ќе ве оттргне од шпоретот и ќе ви ја приготви романтичната вечера од вашите соништа.rn

    8. Позната личност

    rnАктерите и пејачите се чест предмет на фантазирање за жените ширум светот. Без разлика дали сонувате за нежна душа, непослушно момче или за груб и силен маж, во оваа професија има доволно избор за сечиј вкус. Многу жени велат и дека актерите се доста интересни и интелигентни соговорници.rn

    7. Градинар

    rnМлад, згоден градинар со јака снага е сон на секоја жена. Дали за тоа се одговорни филмовите во кои богаташките мечтаат за секси младич кој го одржува нивниот дом, како на пример во ТВ серијата „Очајни домаќинки“ или едноставно самата нивна појава ја буди женската фантазија, проценете сами.rn

    6. Адвокат

    rnСо правниците се поврзуваат поимите успех, интелигенција и сигурност, кои во комбинација со елегантно одело, уредна брада, фина фризура и дебел паричник, го ставаат ова занимање на цврстата 6-та позиција.rnrn10 најсексапилни машки занимањаrn

    5. Доктор

    rnУниформите секогаш биле плод на женската фантазија и до ден-денес тоа остана така. Господата во бели мантили се симбол на контрола и моќ, што за жените понекогаш е поважно од самиот физички изглед.rn

    4. Пожарникар

    rnОва занимање отсекогаш предизвикувало воздишки кај жените. Снажниот, испотен маж кој може да ве заштити, е сон на речиси секоја жена.rn

    3. Полицаец

    rnЧуварите на редот, особено оние кои работат во специјалните единици, се избор на жените кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено покрај авторитетен човек. Иако во 21 век жените сакаат самостојност, сепак повеќето ќе се согласат дека понекогаш е исклучително пријатно да знаат дека покрај себе имаат некој кој ќе ги пази и гали.rn

    2. Спортист

    rnСпортистите, нивното мускулесто тело и мотото „во здраво тело, здрав дух“, се неодоливи за многу девојки. А особено кога станува збор за моќните фудбалери, кои се сметаат за најдобри љубовници помеѓу спортистите, на фантазиите им нема крај.rn

    1. Пилот

    rnОва занимање е на врвот на најсекси машки професии, уште од првото полетување кон небесната височина до денес, а додатно ја зачини и Том Круз во филмот „Top Gun 2“. Без разлика дали станува збор за пилот на класичен или воен авион, фантазирањето за моќниот маж во елегантна униформа, кој самиот владее со огромното летало, нема крај.rnrn10 најсексапилни машки занимања