КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2014

  • Зухаир Мурад – Колекција „Haute Couture“ пролет 2014

    Зухаир Мурад – Колекција „Haute Couture“ пролет 2014

    Дизајнерот Зухаир Мурад пораснал во Балбек, Либан. Уште од најмали години тој сонувал да го освои светот на фантазијата, а со цртањето фустани започнал кога имал само 10 години.rn
    rn

    „Не се сеќавам на ниту еден ден во мојот живот кога не сум држел молив во мојата рака,“ вели тој.

    rnДенес тој работи во срцето на Бејрут, но неговите неверојатни креации се познати низ целиот свет. Погледнете ја колекцијата на Мурад за висока мода која се очекува оваа пролет да се најде во продажба.rnrnЗухар Мурад - Колекција „Haute Couture“ пролет 2014 rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни прогнози за 2014 според индиската астрологија

    Љубовни прогнози за 2014 според индиската астрологија

    Нека ни е среќната новата година. Сигурно имате многу љубовни желби за 2014 кои се надеваме ќе ги остварите. Во меѓувреме, уживајте во љубовните предвидувања според индискиот хороскоп за 2014.rnrn*Забелешка: Знаците во индиската астрологија се разликуваат од оние во западната. Обрнете внимание на периодите на кои се однесуваат.rnrnЉубовни прогнози за 2014 според индиската астрологијаrn

    Овен (14 април – 14 мај)

    rnВо последно време не ви е баш лесно да пловите во љубовното кајче, но сега ѕвездите ќе ви помогнат или да се посветите или да ја напуштите љубовната врска за која се прашувавте дали е вистинската. Ако сте се плашеле да си заминете, може да добиете сила да го преземете тој чекор. Ако пак на двајцата ви е потребно повторно да се поврзете, ова е одличен период да одите на кратки патувања со вашиот/та љубен/а и да уживате во заедничкото време поминато на некое живописно место.rnrnrn

    Бик (15 мај – 14 јуни)

    rnВреме е да излезете и да најдете некоја нова личност во вашиот живот. Ова може да биде најдобриот период од вашата врска, па затоа гледајте да го искористите најмногу што можете. Ценете го тоа што го имате и уживајте во интензитетот на вашата љубов.rnrnrn

    Близнаци ( 15 јуни – 16 јули)

    rnВнимавајте на избувнувањата и гледајте да не дозволите да бидете испровоцирани. Комуницирајте јасно и покажувајте што чувствувате. Фокусирајте ја енергијата на подобрување на некои работи во вашиот живот за кои подолго време размислувате, како на пример вашето возило или вашиот дом. Ѕвездите ве охрабруваат да растете и да се развивате и ве поттикнуваат да го отворите срцето за нови интуитивни чувства и романтики.rnrnrn

    Рак (17 јули – 16 август)

    rnЈупитер, планетата на среќата и на развојот, ќе го благословува вашиот романтичен живот како што ќе навлегува во вашиот знак. Може да почувствувате и душевен развој на вашата психа. Искористете ја можноста да се развиете бидејќи ѕвездите истовремено ви помагаат да ги остварите вашите цели и притоа да вложите најголема храброст. Бидете бестрашни и соочете се со вашите проблеми во врската, но запомнете дека треба да се потпрете на вашето срце, а не на вашиот разум.rnrnrn

    Лав (17 август – 16 септември)

    rnВнимавајте на грубиот тон бидејќи ѕвездите предупредуваат на иритации и нетрпение. Искористете го ова како можност да научите повеќе за тоа како треба да се изразувате кога ќе настане конфликт и како да извлечете најмногу од вашите напори за добра комуникација. Ќе добиете екстра поддршка од вашите пријатели, па не заборавајте дека и вашиот партнер ви е исто така најдобар другар. Одржувајте ја вашата љубов така што ќе вложите дополнителен напор преку слатко изразување насочено кон партнерот.rnrnrn

    Девица (17 септември – 16 октомври)

    rnОва е добра година за да излезете накрај со лошите навики од кои се надевавте дека ќе се ослободите па затоа посветете се најмногу на вашето здравје, а ова ќе дополнително ќе ве подигне, што пак ви е потребно за да се покажете себеси во најдобро светло во вашата врска. Ѕвездите прават да се чувствувате малку неспокојно па канализирајте ја вашата енергија преку многу вежбање за да не дозволите да ги истурате вашите фрустрации врз оние кои ги сакате.rnrnrn

    Вага (17 октомври – 15 ноември)

    rnСатурн е во вашиот знак до крајот на годината па може да очекувате интензивен период. Преземете чекори поцелосно да се поврзете со внатрешното јас за да можете вистински да се запознаете себеси. Ова ќе ви помогне да го изберете вистинското љубовно партнерство кога ќе наидете на таков потенцијал. За оние кои се во среќни врски, ова може да биде период кога ќе стапите во брак или барем ќе ја формализирате вашата врска.rnrnrn

    Скорпија (16 ноември – 15 декември)

    rnВашиот партнер ќе биде постојано покрај вас и потполно ќе ве охрабрува кога ќе ви дојде наплив да си ги остварите вашите соништа и цели. Бидете сигурни да го вклучите во процесот за да не се чувствува запоставен додека вие се посветувате на други подрачја кои ќе го окупираат вашето внимание. Обидете се да не дозволите провокациите од вашите пријатели да ви застанат на патот до вашиот успех. Ако во моментов не сте во врска, ова може да биде време посветено на обид да се пронајде партнерот од соништата, затоа работете на себеподобрување и користете го вашето време додека сте сингл најдобро што можете.rnrnrn

    Стрелец (16 декември – 14 јануари)

    rnЅвездите сјаат врз вас па ако сте сингл, излезете и запознајте нови луѓе. Време е да се поврзете со нови личности и да остварите романтични врски. Ако сте во брак ќе забележите дека вашиот партнер се чувствува поддржан од ваша страна и расположен. Искористете го ова за да ја ширите и споделувате таа позитивна енергија и да ја продлабочите вашата врска. Славете ја среќата додека ја споделувате заедно, сега, во овој момент.rnrnrn

    Јарец (15 јануари – 13 февруари)

    rnМоже да чувствувате дека вашата работа бара повеќе фокус па гледајте да не заборавите на вашиот партнер додека ги извршувате вашите обврски. Може да развиете нова врска со некој ваш ментор или со професор, па ова може да биде одлично време за личен и спиритуален напредок. Секој развој што ќе го направите внатрешно ќе расцвета и во вашиот љубовен живот.rnrnrn

    Водолија (14 февруари – 14 март)

    rnРомантиката е насекаде во воздухот, па гледајте да уживате во чувствата на заедништво. Земете одмор и отидете негде заедно бидејќи ова е одлично време за патување. Под влијание на друга култура можно е двајцата да созреете заеднички на сосема ново ниво.rnrn

    Риби ( 15 март 0 13 април)

    rnОва е одличен период да го надградите вашето љубовно гнездо па искористете го времето за да ги разубавите нештата во вашиот дом. Истражете ги придобивките од фенг шуи, уметноста на поставувањето на предметите на одредени локации, со цел да си ја подобрите енергијата во домот, а особено во кујната и во спалната соба. Гледајте да побарате поддршка од партнерот и да се обидувајте се да се справувате со незначајните кавги. Ако сте сингл, немојте да претерувате со вложување во некој и не избрзувајте со влегување во нова врска. Полека, обидете се прво да ја запознаете личноста, без разлика колку супер ви изгледа на прв поглед. Препознавањето на добриот карактер може да значи нешто сериозно на подолг рок.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Годишен хороскоп за 2014 година

    Годишен хороскоп за 2014 година

    Прочитајте што велат ѕвездите за наредната 2014 година. Дознајте што ве очекува на полето на љубовта, кариерата, здравјето…rnrnГодишен хороскоп за 2014 годинаrn

    Овен

    rnДали сте спремни вашиот свет на романтики, креативност и односи со другите луѓе да ви се затресе? Во 2014 година ќе се фокусирате на сите аспекти од вашиот љубовен живот, како и на интеграција со вашиот спротивен поларитет (Вага), што значи дека ќе научите многу за убавината, мирољубивоста и правдата.rnrnОваа година ќе ви се пружат безброј прилики да се усовршите како најдобар љубовник и партнер. Тоа значи, дека нема да треба да го жртвувате својот автентичен и огнено борбен дух, туку ќе научите што значи компромис. Во длабочината на вашата душа сте вистински романтичари во вечна потрага по убава и хармонична врска, а оваа година тоа ќе можете да го доживеете како никогаш претходно.rn

    Бик

    rnПред вас е година на експанзија и уживање во работа која ќе ве исполнува и во која ќе просперирате. Ако сте подлегнале на типичното биковско однесување и сте ги занемариле своите потреби, решавајќи туѓи проблеми, целосно исцрпувајќи се, оваа година ќе ја вратите вашата животна снага за да можете да владеете со вашиот живот.rnrnОва нема да ве направи себична и негрижлива личност, туку личност каква што вие по природа и сте, полна со енергија која несебично сакате да ја пренесете на вашите блиски. Во 2014 година ќе се фокусирате на комуникацијата, работата и дневните рутини. Рутината за вас е многу важна, а ќе ја доведете во рамнотежа со помош на редовно вежбање, повеќе спиење и малку намалување на работата.rn

    Близнаци

    rnОваа 2014 година, целиот ваш вложен труд, конечно ќе се испати. За некого веќе започнаа наградите и признанијата оваа година, но во наредната конечно ќе стигнете до вистинскиот успех. За вас ова е година на упорност и исплатливост. Покрај тоа, ќе имате и добар прилив на пари.rnrnВо првите шест месеци ќе го искористите големото влијание на Јупитер во подрачјето на парите, а тоа значи дека ќе имате доволно за да заштедите и за црни денови. Најдобрата вест за вас е тоа што, оваа година повеќе ќе се фокусирате на забавните аспекти, отколку на работата. Наместо поголемиот дел од времето да го поминувате посветувајќи ја вашата енергија на рутински работи, ќе барате повеќе начини и ќе посветувате повеќе време на креативност и романтични остварувања.rn

    Рак

    rnВо првата половина на годината ќе уживате во период на среќа која ќе ви ја донесе Јупитер, а од почетокот на летото можете да очекувате голем финансиски бенефит и подобрување на вашата парична состојба.rnrnВашата самодоверба веќе е на високо ниво од оваа година, па така ќе настапите и во наредната, што ќе ви се исплати на многу начини. Конечно излегувате од својот оклоп и сега целите повисоко. Ќе увидите колку е важно да го креирате вашиот живот онака како што вие сакате и ќе почнете да живеете по сопствени правила, а не онака како што другите ќе одлучат или очекуваат од вас.rn

    Лав

    rnВашата ѕвезда наредната година ќе се крене највисоко и ќе сјае како никогаш досега. Цела година ќе ве прати неверојатна среќа, а поради тоа ќе се чувствувате како вистинска рок-ѕвезда. Првата половина од годината ќе ја искористите да поработите на себе, а втората половина ќе ви биде полна со изненадувања, какви што не би замислиле ни во најлудите соништа.rnrnСкоро е невозможно оваа година да се одбегнат екстремните ситуации, но сепак ќе останете смирени и ќе говорите со смирен тон. Бидете спремни да ги научите дипломатските вештини и како да постигнувате компромис, за да одржите нормална комуникација со некои луѓе што ги сакате.rn

    Девица

    rnПознати сте како зависници од работа, но во 2014 година ќе ја смените плочата и за вас оваа година ќе претставува вистински одмор. Оваа година ќе научите како да се ослободите од обврските и како да се опуштите. Во првата половина ќе продолжи вашиот богат друштвен живот, но по летото спремете се за влегување во фаза на осаменост.rnrnПреголемата дружба со многу луѓе вас ве заморува, бидејќи сте еден од најчувствителните знаци во зодијакот и често чувствувате притисок дека морате да помогнете и да се погрижите за сите со вас убаво да си поминат. Вашите умствени и комуникациски вештини ќе бидат поостри од кога било.rn

    Вага

    rnОваа година вагата ја чека успех на сите полиња. На емотивен план ќе ви се реализираат огромен број работи, кои порано стоеле во сенка. За вагите, 2014 година ќе биде година на трансформација, како за нив, така и за нивната околина.rnrnЗатоа треба да бидете доследни на себе и да ги прифатите предизвиците кои ве очекуваат. Веќе нема да имате оправдувања за недостаток на енергија, бидејќи веќе во март започнува силното влијание на ѕвездите врз вашата комуникативност, шарм и врз талентот за дипломатија. Бидете храбри и самоуверени, но и не заборавајте на вашата разиграна особина да уживате во животот.rn

    Скорпија

    rnПо турбулентната 2013 година, скорпиите конечно ќе здивнат. Конечно ви доаѓа помирен период од животот, во кој ќе издигнете како Феникс. Од новата година ќе го извлечете максимумот само ако останете доследни на своите доблести, но и ако се концентрирате на своите желби.rnrnИако влијанието на Сатурн малу ќе ве направи осамени, преку него ќе добиете потребно време за да видите што правите во животот. Така ќе ги пронајдете вашите тајни извори на внатрешна енергија. По природа сте човек кој оди на сѐ или ништо, па по пронаоѓањето на новата енергија повторно ќе се врати вашето расположение и одлучноста работите да ги правите по свое.rn

    Стрелец

    rnБидејќи веќе одминатата година, беше година на изолација за стрелците, наредната носи богат друштвен живот. Ова им одговара на припадниците на овој знак, бидејќи по природа тие се комуникативни, односно сакаат да бидат опкружени со што повеќе луѓе. Чувството на заедништво е нешто што на стрелците им пружа сигурност, а заедништвото ќе го имаат во изобилство.rnrnЗатоа соберете ги околу себе семејството, пријателите и истомислениците, бидејќи тие ќе ви ја дадат силата за остварување на вашите цели. Не е важно дали станува збор за љубов, работа, уметност или забава, бидејќи со нивна помош можете да постигнете сѐ. Бидете амбициозни и очекувајте поддршка од блиските.rn

    Јарец

    rnШто се однесува до кариерата, јарецот во 2014 година ќе биде незапирлив. Планетарните енергии во целост се концентрирани на вашите цели, па можете да очекувате градење на ваше лично работно царство. Исто така, влијанието на Венера на почетокот на годината ќе ве наведе на преиспитување на минатото, па можете да очекувате средби со личности од минатото.rnrnНекои од тие луѓе можат да станат и нешто друго во вашиот живот. Минатата година за јарците преставуваше почеток на многу работи, што значи дека оваа година ќе го жнеете она што лани го посеавте. Бидејќи вие уживате во добро сработена работа, оваа година ќе ви биде навистина посебна.rn

    Водолија

    rnПатувања, авантури, духовитост и внатрешен мир. Овие работи ги очекуваат водолиите во новата година, која воопшто нема да им биде досадна и вообичаена. Поради силното влијание на Марс и Јупитер, 2014 година ќе им отвори многу врати на водолиите. Ова е вистинската година да почнете да се бавите со работите кои ги сакате.rnrnМногу водолии ќе почнат да учат странски јазици или ќе се бават со некој егзотичен спорт. Што и да одберете оваа година, ќе ви тргне особено доколку ве исполнува и ве прави задоволни. Искористете го овој налет на енергија за остварување на своите стари соништа.rn

    Риби

    rnСо мирните води оставени зад себе, рибите ќе запливаат во вистинска револуција. Имено, 2014 година ќе биде година на промени и трансформација, што позитивно ќе влијае на вашата креативност, преданост и задоволство. Ќе имате чувство на постојана заљубеност, а тоа посебно ќе им оди од рака на рибите со уметнички претензии.rnrnЈупитер ќе ве чува во првата половина на годината, а во јули ќе морате да донесете некоја важна одлука. Во тој период ќе почувствувате ветер во работните едра, а финансиската ситуација ќе ви биде одлична. Внимателно одбирајте ги обврските, бидејќи можете да се претрупате од работа и да си нанесете непотребен стрес.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година досега?

    Како да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година досега?

    Пред дочекот на новата година сите чувствуваме неизвесност и голема возбуда за деновите пред нас. Таа возбуда и желба за нова авантура никогаш не смее да згасне. Ова е рецептот за незаборавна 2014, најдобрата година во вашиот живот!rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Испланирајте големо патување

    rnИмате омилено место кое отсекогаш сте сакале да го посетите? 2014 е вистинската година за таков потег! Секогаш го одложуваме остварувањето на нашите соништа со изговор дека немаме доволно пари или време, дека имаме важни обврски кои треба да ги завршиме пред да се одлучиме на таков чекор. Но вистината е дека доколку чекате никогаш нема да ги имате сите погодности кои ги барате.rnrnОдберете ја вашата дестинација како и сопатниците и испланирајте патување од соништата. Почнете да штедите и да барате погодни понуди од туристичките агенции за конечно да го остварите својот сон.rnrnТака 2014 нема да биде обична година, туку годината на големото патување до вашата омилена дестинација!rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Поставете си цел и остварете ја

    rnНема нешто поубаво од чувството на исполнетост, она чувство дека сте го изоделе тешкиот пат, но дека сте стигнале до целта. Не бидете скромни, целете на високо! Што е она што веќе подолго време имате наум да го направите но никако да соберете храброст за првиот чекор? Можеби да продолжите со своето образование, да отворите свој бизнис, конечно да положите за возачка дозвола… што и да е, зацртајте го како ваша голема и примарна цел. Да, ќе ви биде тешко, но најсладок е оној успех до кој најтешко се стигнува.rn

    Нека биде година на првите чекори!

    rnЗа што и да станува збор во животот, највозбудливи се првите, „бебешки“ чекори. Без разлика дали станува збор за прво појавување на телевизија, прво вистинско заљубување, прво искуство со скокање со параглајдер или нешто друго, секој месец поставувајте си за цел нови авантури кои никогаш претходно не сте ги искусиле. Така ќе останете возбудени и авантуристички настроени во текот на целата година, а и ќе има по што да ја паметите.rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Ослободете се од товарот од минатото

    rnДоколку со себе носите голем товар од минатото и упорно одбивате да се ослободите од него, вие свесно продолжувате да живеете во минатото наместо да продолжите понатаму. Клучот за среќа е живеењето во овој момент. Токму сега, овој ден, што може да направите за себе и за оние околу вас?rnrnДа, секој има товар од минатото и секој од нас чувствува неизвесност за иднината, но што се случува со сегашниот момент? Ослободете се од грижите за иднината и простете им на оние кон кои чувствувате горчина поради која било причина. Започнете ја оваа година со слободен ум и чисто срце, подготвени да им посакате добредојде на сите нови, среќни моменти.rn

    Одлучете кога ќе кажете „да“ а кога „не“

    rnДа – кога вашиот пријател ќе ве повика на нова авантура без изговор дека имате премногу обврски, обврските никогаш не завршуваат. Да – кога ваш близок ќе ве замоли за услуга, дајте сè од себе за да помогнете.rnrnНе – кога некој бара од вас нешто што ви одзема драгоцено време, што ве унесреќува и ве става под притисок.rnrnКако да ја направите 2014 незаборавна и најдобра година до сега?rnrn

    Проширете ги своите знаења и вештини

    rnНикогаш не пропуштајте можност да ги надградите своите знаења, да ги проширите своите хоризонти и да бидете отворени за нови предизвици.rnrnЗапишете се на курс, читајте што е можно повеќе книги, земете учество во разни проекти и семинари. Просто бидете отворени за сè што би овозможило ваш натамошен развој на секое поле. Кога сте отворени за нови можности, тие самите ќе дојдат кај вас. rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Нова година, нови идеи, нови филмови. Според листата на филмови кои излегуваат во 2014-та година, веднаш може да се забележи дека преовладуваат неколку жанрови – научна фантастика, фантазија и акција. Компјутерската технологија и неверојатните ефекти направија експлозија на филмското платно во последниве неколку години, а со тоа се поместија границите и се сврте вниманието на гледачите кон овие специфични жанрови. Па, можеби ова е причината поради која нареднава година се запоставуваат класичните драми, комедии и акции. Но, сепак тоа не значи дека се намалува и самиот квалитет на идните филмови. Погледнете дел од филмовите кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година…rn

    1. Работата со лешникот (The nut job) – 17 јануари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Една верверичка е протерана од нејзиниот дом во паркот и е присилена да живее во големиот град. За среќа, таа го пронаоѓа единственото нешто кое може да ѝ помогне да ја преживее зимата – продавница за лешници.rnrnГласови: Вил Арнет, Катерин Хејгел, Брендан Фрејзерrn

    2. Ловци на богатство (The monuments men) – 7 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Група војници во Втората светска војна добиваат задача да спасат уметнички ремек-дела од нацистите кои сакале да ги уништат и да ги вратат на своите сопственици.rnrnГлавни улоги: Џорџ Клуни, Кејт Бланшет, Мет Дејмонrn

    3. Зимска приказна (Winter’s Tale) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Обичен крадец се заљубува во богата девојка која ќе почине во неговите раце. Но, тој дознава дека поседува дарба за реинкарнација и на тој начин ќе се обиде да ја спаси. Ова не е вистинска приказна, ова е приказна за вистинска љубов.rnrnГлавни улоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдлеј, Расел Кроуrn

    4. Бел (Belle) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Овој филм е инспириран од вистинската приказна за Дајдо Елизабет Бел, вонбрачната ќерка од мешана раса на кралскиот адмирал на морнарицата. Нејзиното потекло ѝ овозможило одредени привилегии, но бојата на кожата ја спречува целосно да учествува во настаните и токму поради тоа таа се плаши дека никогаш нема да пронајде љубов.rnrnГлавни улоги: Гугу Мбата-Ро, Метју Гуд, Емили Вотсонrn

    5. Академија за вампири (Vampire Academy) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Роуз Хатевеј е половина човек, половина вампир. Таа е заштитничка на Морои, мирни и смртни вампири кои живеат во светот на луѓето. Нејзината задача е да ја штити најдобрата пријателка која е кралски член на прастара раса и можна престолонаследничка.rnrnГлавни улоги: Зои Дуч, Луси Фрај, Данила Козловскиrnrn

  • Избрана е бојата на 2014-та

    Избрана е бојата на 2014-та

    Компанијата Пантон која се официјално задолжена за контрола на комплетниот спектар на бои ја објави бојата која ќе ја одбележи 2014-та година.rnrnИзбрана е бојата на 2014-таrnrnОфицијалното име на бојата е Орхидеја која зрачи (Radiant Orchid), а нејзиниот технички назив е PANTONE 18-3224. Кога Пантон ќе ја одреди бојата на годината, потоа сè околу нас ќе биде во таа боја, од облека до технолошки гаџети и мебел за уредување на просторот.rnrnИзбрана е бојата на 2014-та
    rn

    „Radiant Orchid предизвикува и инспирира сигурност и зрачи со љубов. Тоа е виолетова боја која освојува, која привлекува кон себе со својот неверојатен шарм“, изјавува Леатрис Ајсман, извршниот директор на Color институтот.

    rnДали ви се допаѓа?rnrnИзбрана е бојата на 2014-та Избрана е бојата на 2014-та Избрана е бојата на 2014-та
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бијонсе се сликаше за секси календар

    Бијонсе се сликаше за секси календар

    Бијонсе реши да ги изненади своите фанови со својот прв официјален календар. Тој е достапен за нарачување од нејзиниот официјален сајт за 10,60 евра, додека во официјална продажба ќе биде пуштен на 15 октомври за 15 американски долари.Бијонсе се сликаше за секси календар
    rn

    „Наскоро ќе биде Нова година, па време е да се подготвите со првиот официјален Бијонсе-календар. Дозволете Бијонсе да ви помогне при организирањето на вашите дневни активности во 2014 година. Секој месец нуди единствена, преубава фотографија од Бијонсе, а календарот може да биде одличен подарок за вашето семејство или за пријателите“ – пишува на нејзиниот официјален сајт.

    rnБијонсе се сликаше за секси календарКалендарот ќе се состои од 14 различни фотографии, 12 за секој месец од годината, насловна и задна страна.Бијонсе се сликаше за секси календар Бијонсе се сликаше за секси календар Бијонсе се сликаше за секси календар
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.