КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2012

  • Парфем креиран од 1.400 други парфеми

    Парфем креиран од 1.400 други парфеми

    Создаден од холандското уметничко дуо Ленерт и Сандер, „Everything“ е уникатен парфем создаден од 1.400 примероци од сите нови парфеми кои беа пуштени во продажба во минатата, 2012 година. Можете ли да замислите како тој би можел да мириса?Парфем креиран од 1400 други парфемиБизнисот со парфеми се развива подобро од кога било и изгледа како секојпат кога ќе отвориме списание или ќе го вклучиме телевизорот, да има реклама за некој нов парфем. Постојат буквално илјадници нови мириси кои се лансираат секоја година и изгледа како на светот да не му е доста од купување нови парфеми. Инспирирани од просперитетниот пазар, холандските артисти Ленерт и Сандер потрошиле цела година колекционирајќи 1.400 примероци од сите парфеми кои излегле во продажба минатата година и ги помешале сите заедно, создавајќи туба од 1,5 литри, која содржи моќен мирис, со право наречен „Everything“ (Сѐ).rnrnДоколку некогаш сте се запрашале како би мирисале сите парфеми на светот, помешани во еден, овие момци ви го даваат одговорот.rnПарфем креиран од 1400 други парфемиrn
    rn

    „Ние мислиме дека Everything мириса како една вообичаена парфимерија, оној миризлив ѕид кој ве удира во моментот кога ќе влезете во продавницата. Еден наш пријател мисли дека мириса на Шанел #5. Ние не мислиме така, но ни се допаѓа идејата дека сите парфеми од 2012 измешани заедно, создаваат парфем кој потсетува на најлегендарниот парфем во светот“ – велат артистите.

    rnНо, само затоа што претставува мешавина од 1.400 различни парфеми, не значи дека на сите ќе им се допадне, забележал Ленерт. Кога Ленерт прснал од парфемот на себе во студиото и потоа се качил во трамвај, згодниот маж кој седел до него, инстантно станал и си нашол друго седиште, после помирисувањето на „Everything“. „Но, Everything не е за секого“ – заклучиле двајцата креатори.rn

    rnЛенерт и Сандер го презентирале нивното миризливо дело во периодот 1-9 март во Париз во продавницата „Colette“ и им понудиле на нивните клиенти да се охрабрат да го помирисаат откачениот микс.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година

    Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година

    Автор: БојанаrnrnКоко Шанел сметаше дека жената без парфем е жена без иднина. Некогаш од жената се очекувало да поседува сопствена уникатна мирисна нота, но во денешно време, менувајќи ги секојдневно, парфемите се третираат повеќе како модни додатоци. Ова прави продажбата на парфеми на пазарот да зависи не само од самата миризба на производот, туку сè повеќе акцент се става на дизајнот на пакувањето, рекламите, заштитните лица итн.rnrnСамо во 2012 година, на пазарот беа лансирани повеќе од 600 нови женски парфеми. Магазинот „Форбс“ ја објави листата на десетте најекстравагантни и највозбудливи парфеми за изминатата година. При изборот земени се предвид фактори како што се уникатноста на производот, кампањата, медиумската покриеност, како и успешноста во продажбата.rn

    1. Bombshell Fantasy – Victoria’s Secret

    rnЗа „Victoria’s Secret“ се вели дека е компанија која дијамантите од венчалните прстени ги пренесе на долната облека. Минатата година тоа го сторија и со нивниот најнов парфем. Овој гламурозен парфем чини „само“ половина милион американски долари. За промоцијата да биде уште погламурозна, беше употребен 2,5-милионскиот градник „Floral Fantasy“ од 18-каратно злато со бели и розови скапоцени камења.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrnСамото шишенце на парфемот е уникатно и гламурозно, обложено со жолти и розови скапоцени камења и рачно изработена пеперутка, чие тело се состои од 10-каратни бели дијаманти. Кон неверојатната визуелна привлечност на производот придонесува и неговото заштитно лице, познатиот ангел Алесандра Амбросио.rnrnСигурно се прашувате како мирисаат овие половина милион долари? „Bombshell Fantasy“ е комбинација на виолетова пасифлора, шангри-ла божур и ванила орхидеја со горни ноти на танџело (хибрид од мандарина и цитрон), ананас и јагода, средни ноти на јасмин и суви основни ноти на мошус и дабова маховина.rn

    2. Burberry Body Crystal Baccarat Edition – Burberry

    rnСтанува збор за богата и заводлива интерпретација на „Burberry Body“, спакувана во рачно изработено кристално шише, промовирана во ноември минатата година. По повод 156-годишнината од основањето на „Burberry“, произведени се само 156 рачно нумерирани шишиња од овој парфем.rnrnОвој потентен женски парфем е зајакнат со арома на роза и топли тонка зрна, со цел да се интензивираат горните ноти на апсинт и праска, средните ноти на ирис и сандалово дрво и базичните ноти на кашмир, ванила и мошус. 45-милилитарското шишенце од овој парфем чини 3,500$.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    3. Gucci Premiere – Gucci

    rnОвој парфем е инспириран од колекцијата на свечени фустани „Gucci Premier couture“, која беше прикажана за време на Канскиот фестивал во 2010 година. Според креативниот директор на „Gucсi“, Фрида Џанини, миризбата на парфемот е женствена, интригантна и заводлива како совршен вечерен фустан.rnrn50-милилитарското шише чини 87$ и содржи ноти на бергамот и портокал, со основни ноти на кожа, пачули и сандалово дрво. Заштитно лице за овој парфем е младата актерка Блејк Лајвли, меѓу публиката позната како Серена во познатата американска серија „Озборувачка“.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    4. Coco Noir – Chanel

    rnНовиот парфем на „Chanel“ кој беше лансиран во август 2012 година, ја истражува магнетната длабочина и енигматичната елеганција на црната боја, со софистицирана миризба спакувана во впечатливо црно шише. Овој заводлив, динамичен парфем опфаќа горни ноти на грејпфрут и калабриски бергамот, со базични ноти на роза, јасмин, нарцис и листови од сардела.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    5. Big Pony Collection – Ralph Lauren

    rnПо успехот на машката колекција во 2010 година, во април 2012 Ралф Лорен ја лансираше женската колекција „Big Pony“ која се состои од 4 различни парфеми. За 55$, секое од четирите различно обоени 50-милилитарски шишенца, содржи уникатна миризба. Синото е свежо со нота на грејпфрут, розовото со боровинка и други овошни ноти, жолтото е освежувачко со нота на круша и мимоза, додека виолетовото е со нота на цреша и ориентални цвеќиња.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    6. Fabulous – Isaac Mizrahi

    rnВо септември 2012 година, познатиот њујоршки моден дизајнер Ајзак Мизарахи го лансираше својот прв парфем во чест на неговата љубов кон жените и инспирацијата која тие му ја даваат. „Fabulous“ е опишан како сензуален и безвременски парфем кој ја буди атмосферата на Њујорк.rnСамата композиција на парфемот е цветно-овошна, со интензивни горни ноти на бергамот, мандарина и нектарина кои ги будат сетилата. Средните ноти се женствени и вклучуваат тубероза, јасмин, фрезија и божур, додека основните ноти вклучуваат сандалово дрво, кедар и ванила. Дизајнот на шишето е инспириран од старите холивудски парфеми со пумпа, додека неговите момински розови нијанси му даваат на пакувањето шарм и современост.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    7. Aqua Oriens – Van Cleef & Arpels

    rnСе работи за лимитирано издание на оригиналниот „Oriens“, лансиран во 2010 година. Оваа верзија беше промовирана во април 2012 и истата се продава за 50$ за пакување од 50 мл. Парфемот има силни горни ноти на круша и лимон, следени од средни ноти на анамска рака и цвет од портокал. Базичните ноти кои вклучуваат мошус и килибар, го балансираат овошниот мирис со топла софистицираност.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    8. Armani Code Luna – Giorgio Armani

    rnrnМодната куќа „Аrmani“ во март 2012 ја лансираше новата интерпретација на оригиналниот „Armani Code“ од 2006 година. Месечината која е симбол на женственоста, мистицизмот, магнетизмот и сензуалноста, служеше како инспирација за новиот парфем. Името е исто така поврзано со новата состојка на оваа мирисна композиција. Магнетната моќ на месечината е претставена преку цвет кој цвета само навечер, познат како „Fleur de Lune“. Се работи за цитрусно-цветно-ориентална композиција на парфем.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    9. Dot – Marc Jacobs

    rnОвој парфем беше лансиран во јули 2012 година. „Dot“ повторно ги задоволува критериумите на Marc Jacobs, неодоливо слатко име, исто како и претходниците „Daisy“ (2007) и „Lola“ (2009) и подеднакво неодоливо пакување како што е шишенцето хибрид од буба мара и пеперутка, кое е толку интригантно што самата миризба на парфемот паѓа на второ место во мислите на купувачот.rnНо покрај слаткото име и пакување, овој парфем има силен карактер. Горните ноти вклучуваат црвени боровинки и питаја, следени од средни ноти на јасмин и цвет од портокал, додека основните ноти вклучуваат кокосова вода, ванила, дрво и мошус.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    Fame – Lady Gaga

    rnВо 2012 година и Лејди Гага го издаде својот прв парфем. Овој парфем e уникатен по тоа што течноста е црна, но не остава траги бидејќи штом дојде во допир со воздух, таа станува проѕирна. Оваа технологија за првпат се применува токму за овој парфем. Шишето е дизајнирано од самата Гага во соработка со фотографот Ник Најт. Парфемот е мешавина на атропин, темјан, кајсија и тигреста орхидеја.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најдобрите забранети реклами за 2012 година

    Најдобрите забранети реклами за 2012 година

    Како и пред секоја Нова година, така и пред оваа, доаѓа време кога се прогласуваат работите кои биле најдобри во тековната. Секогаш помеѓу омилените теми се рекламите кои биле најголем хит, а во 2012 година навистина се појавија одлични материјали од оваа област.rnrnНајдобрите забранети реклами за 2012 година rnrnПред вас се наоѓа изборот на десетте најдобри забранети реклами за 2012 година. Уживајте!rn
    rn

    1. Фитнес центар

    rn

    rn
    rn

    2. Тојота

    rn

    rn
    rn

    3. Вработување

    rn

    rn
    rn

    4. Зомбија

    rn

    rn
    rn

    5. Секси маица

    rn


    rn

    6. Порше

    rn


    rn

    7. Хјундаи

    rn


    rn

    8. Исус

    rn


    rn

    9. Премногу секси?

    rn


    rn

    10. Кејт Аптон

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најслатките видеа за 2012 година

    Најслатките видеа за 2012 година

    Уживајте во видеата кои во 2012 година беа многу гледани, поради тоа што уште на прво видување, ги стоплија срцата на сите гледачи.Најслатките видеа за 2012 годинаrn

    Американски маринец и неговото куче

    rnПрвата средба помеѓу еден американски маринец и неговиот бигл, после долгото отсуство од дома.rn

    rn

    Необичен предлог за брак

    rnАјзак ја повикал неговата девојка Ејми во куќата на неговите родители, го пратил брат му да ѝ стави слушалки на ушите и да ѝ пушти една песна, но нејзе всушност ја чекал спектакуларен предлог за брак.rn

    rn

    Слатко кученце „го убедува“ лимонот да си игра со него

    rn

    rn

    Мало девојче се расплакало од политика

    rnМалата Аби плаче затоа што веќе била уморна од долгата претседателска кампања на Барак Обама и Мит Ромни. Има среќа што не живее во Македонија. :)rn

    rn

    Флиперницата на Кејн

    rnДеветгодишниот Кејн си направил флиперница од картон во походот кон остварување на својот сон. Тој стана многу популарен и неговата флиперница беше многу посетувана.rn

    rn

    Родителите на гимнастичарката Али Рејсман

    rnАли Рејсман за малку не освои медал на Олимпијадата во Лондон, но нејзините родители дефинитивно заслужуваат златен медал за поддршката.rn

    rn

    Булдог посвојува диви прасиња

    rnОткако нивниот сопственик во дивината пронашол напуштени диви прасиња и ги донел дома, булдогот Бејби се погрижила да добијат мајчинска нега, масирајќи им ги стомачињата на прасињата, за полесно да ја сварат храната. Имала помош од булдогот Роња.rn

    rn

    Панди се лизгаат на лизгалка

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS

    H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS

    Автор: Симона РистоскаrnrnОваа година познатиот шведски бренд H&M ја посвети својата кампања за лето 2012 на борбата против ХИВ/СИДА . Целта е да се подигне свеста кај младите денес и да се поттикнат што повеќе да се информираат за тоа како да се заштитат од опасниот вирус. Она што е можеби најважно во врска со оваа кампања, освен вниманието што го привлекува, е фактот дека H&M ќе поделат 25% од приходот од колекцијата на четири различни организации кои помагаат во превенцијата од ХИВ/СИДА преку едуцирање и информирање.  За неверојатно краток период од лансирањето на кампањата, компанијата успеа да подигне преку 6,5 милиони долари. Ова е трета акција од овој тип што ја организира овој бренд.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSСамата колекција е интересен микс од весели парчиња со племенски принтови и  хипи стил креирани од интернационални артисти, дизајнери и илустратори со кои компанијата склучи партнерство за новата кампања. Она што компанијата успеа да го потврди е токму тоа што многу дизајнери претходно го имаат констатирано, модата не е само во облеката, модата е поврзана со идеите, начинот на кој живееме и сè она што нè опкружува.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSОсвен преку добар шопинг, компанијата им овозможи многу интересен начин на младите да се вклучат уште поактивно во целиот проект – „Бакнување за кауза“. Сè што треба е да ја зграбите драгата личност и да го овековечите бакнежот со добра фотографија. Логирајте се на fashionagainstaids.com и H&M ќе донира по 1 долар за секоја испратена фотографија.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емануел Унгаро – колекција пролет/лето 2012

    Емануел Унгаро – колекција пролет/лето 2012

    Историјата на Емануел Унгаро започнува уште од неговото детство, кога неговиот таткото, по потекло од Италија, кој бил кројач по професија, на својот син му подарил машина за шиење. На 22-годишна возраст, во 1955 година, Емануел Унгаро се преселува во Париз за да работи под покровителство на познатиот гениј Кристобал Баленсијага, кој го научил Унгаро на најважинте модни лекции. Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012По 10 години, во 1965 година, Унгаро започнал да создава своја линија на женска облека. Со текот на сезоните, тој станувал сè поразличен додека комбинирал монохроматски тонови и контрасти, точки и линии, цвеќиња и бројки, сенки и светлина. Резултатот од сето тоа денес е светски познат бренд кој заведува. Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Комбинирајќи ја модата од 80-тите и 90-тите години од минатиот век, Емануел Унгаро за колекцијата пролет/лето 2012 подготви нова суптилна мешавина на бои и дезени кои потсетуваат на неговите рани почетоци. Карактеристични за оваа колекција се специфичните текстури, материјали, графики, принтови и посебно летните нијанси на тиркизната, сината и црвената боја.Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012Емануел Унгаро - колекција пролет/лето 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фратели Карида – колекција пролет/лето 2012

    Фратели Карида – колекција пролет/лето 2012

    Приказната на семејството Карида започнува во Солун, Грција, со отворањето на првата продавница „Каридас“, која претставува едно од најпрепознатливите места на прометните градски улици. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Компанијата „Фратели Карида“ е едно ново поглавје во деловните активности на Константинос Каридас, во областа на модните додатоци, со две ексклузивни продавници во Солун. Во 2008 година, компанијата се прошири со уште две нови продавници, една во Лариса и уште една во Атина. Во продавниците на „Фратели Карида“ може да се најдат најдобрите чевли и најинтересните модни додатоци за мажи и жени. Најновите светски трендови, елеганцијата и врвниот квалитет се главните фактори во бескрајната потрага по безвременскиот стил.Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Во овие продавници, меѓу другото, можат да се најдат и дизајнирани чевли од Џорџо Армани, Долче и Габана, Марио Черути, Џон Ричмонд, Педро Гарсија, Марк Џејкобс, Живанши и многу други. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 За колекцијата пролет/лето 2012 Фратели Карида нудат сандали со високи потпетици, како и на плутена платформа, изработени во повеќе бои и дезени. Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 Фратели Карида – колекција пролет / лето 2012 rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција

    „Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција

    Автор: Александар НиневскиrnrnПул & Беар (Pull & Bear) е одлична шпанска марка за облека која постои од 1991 година, а последниве години започна да се проширува и на интернационалниот пазар. Компанијата се фокусира на опуштени, лежерни и секојдневни парчиња облека и додатоци за млади луѓе со урбан стил и по достапни цени. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и во Македонија да купуваме облека од овoј светски познат бренд. Сега погледнете ја нивната најнова рекламна кампања за сезоната пролет/лето 2012.„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекцијаrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дереон – колекција пролет/лето 2012

    Дереон – колекција пролет/лето 2012

    Автор: Ели РадескаrnrnСветски познатата модна куќа „House of Dereon“ оваа пролет изненадува со прекрасна колекција пролет/лето 2012, која е резултат од заедничкото работење на Бијонсе и нејзината мајка Тина Ноулс, кои со здружени сили ја доведуваат оваа колекција до совршенство.Дереон колекција Пролет/Лето 2012Фановите на модната куќа Дереон, оваа пролет можат да очекуваат најразлични модели за секоја пригода. Колекцијата изобилува со секакви парчиња облека, од женствени кратки здолништа за смело флертување до нежни фустани во светли бои. Целата колекција е инспирирана од жените ширум светот и љубовта кон модата и стилот.Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012За оваа колекција беше направено промотивно видео, каде моделите го носат гламурот по улиците промовирајќи ја колекцијата.rnrn

    rn

    Погледнете го и интервјуто на Бијонсе за оваа колекција, како и претставувањето на новитетите од Дереон на модните писти.

    rnrn

    rn

    rnПогледнете го и остатокот од модните парчиња од оваа колекција.rnДереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012Дереон колекција Пролет/Лето 2012
    rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичната кампања на „RED Valentino“ за пролет/лето 2012

    Магичната кампања на „RED Valentino“ за пролет/лето 2012

    Автор: Симона РистоскаrnrnНовата кампања на „RED Valentino“ за претстојната сезона е вистинска бајка која ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ја поттикне имагинацијата. Задржувајќи ја софистицираноста на Валентино, но сепак со чувство на современост и доза екстравагантност, таа ве воведува во една магична земја каде моделите се трансформирани во принцези, а модните писти во таинствени шуми. Кампањата е снимана во „Parco dei Mostri“ (Паркот на чудовиштата), кој е лоциран во Бомарцо, Италија.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Првичната идеја на креативните директори Марија Грациа и Пјер Паоло Пиколи била да ја доловат маѓепсаната шума, во која хероините постојано ги откриваат имагинарните и волшебни светови на романтични принцези и лоши кралици. Она што е сигурно е дека нивната идеја одлично изгледа спроведена на дело.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Она што новата колекција го нуди е истакнување на романтиката и женственоста. Слатки и симпатични фустанчиња, полни здолништа, деликатни машнички и куси палта, сè тоа во неутрални и пастелни бои. Колекцијата опфаќа од заводливи фустани до секојдневни шик парчиња, а дизајнерите тврдат дека во нив ќе се чувствувате како вистинска принцеза на модата!rnrnПодолу можете да погледнете избор од парчињата облека кои со сигурност ќе бидат и повеќе од актуелни во светот на модата оваа пролет и лето. Се надеваме дека оваа неодолива колекција ќе ве инспирира и ќе ве натера да го разиграте вашиот стил во топлите денови кои полека, но сигурно доаѓаат.Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012Магичната кампања на „RED Valentino“ за Пролет/Лето 2012
    rnrn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
    rn