127 часа (127 hours)

127 часа (127 hours)

Нема ништо помоќно на Земјата, од волјата за живот. Приказна за човековата издржливост, инстинктот и преживувањето…

127 часа (127 hours)Режија: Дени Бојл

Играат: Џејмс Франко, Кејт Мара, Амбер Тамблин

Времетраење: 94 минути

Јазик: англиски

Премиера: 5 септември 2010

Жанр: драма, биографија

Веб-сaјт

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (46 гласа, просек: 9,43 од 10)
Loading...

________________________________________________________________________________________
Филмот кој на овие Оскари беше номиниран во 6 категории, меѓу кои за најдобар филм и за најдобра машка улога е нашиот избор за оваа недела. Иако не се закити со ниедна од статуетките, автобиографскиот филм е еден од оние кои се задолжителни за гледање. Адаптиран е според биографијата на Арон Ралстон „Between a Rock and a Hard Place“, а режисерот Дени Бојл може да добие само пофални зборови за моќното доловување на филмското платно. Филм одигран безмалку од еден актер, на едно место, но преполн со драма, пресврти и емоции. Доколку не сте го гледале до сега, неговото име веднаш мора да се појави на вашата листа и тоа со црвени букви.
________________________________________________________________________________________

Приказна: Арон Ралстон, е млад 27 годишен инженер, зависен од адреналин. Дејството се одвива во САД во 2003 година, каде што тој решава да помине целодневна маршрута низ кањоните на Националниот парк во Јута. Тргнува со моторно возило, кое другото утро го остава за да продолжи со велосипед, а на крајот завршува пеш уживајќи низ дивината и убавината на кањоните. Патем им помага на двете изгубени планинарки Кристи и Меган, да се вратат на правиот пат, но моментот го користи и за малку забава.127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)Неговата авантура продолжува, сè додека не му се случи мала незгода. Спуштајќи се по карпите, тој се лизнува и паѓа во тесниот кањон, и притоа огромна карпа целосно му ја приклештува раката за едниот ѕид. Тука работите стануваат интересни и непредвидливи. Со многу малку храна и вода, фото-апарат, камера, џебно ноже, батерија и неколку јажиња тој прави чуда за да преживее физички, но пред сè и психички, борејќи се со сопствените чувства и халуцинации.
127 часа (127 hours)
Камера и глума:
Глумецот Џејмс Франко дефинитивно ја одигра улогата на животот, но можеби во лоша година. Глумата дефинитивно заслужува Oскар, меѓутоа конкуренцијата за најдобра машка улога на годинешнето доделување на овие награди беше „страшна“. Со оглед на фактот што филмот е сниман претежно во многу мал и тесен простор, неизбежно е сите камери од кој било кадар, крупно да го фаќаат Франко кој со своите фацијални експресии совршено ги пренесува своите чувства на публиката. Кадрите се опфатени многу точно, па иако филмот ви делува клаустрофобичен, воопшто не треба да се секирате, туку да се препуштите на возбудата и напнатоста.127 часа (127 hours)Кога и како да го гледате: Филмот со сигурност нема да му се допадне на секого, со оглед на тоа што има неколку гадни сцени, но сепак, бидејќи е снимен според вистинска приказна, додатно си добива на тежина. Ќе ви го привлече целото внимание, така што воопшто нема да ви направи разлика во кој дел од денот ќе го гледате или пак каде ќе го правите тоа.127 часа (127 hours)Слични филмови: Закопан (Buried)

целосното


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар