КАФЕ ПАУЗА

Category: Десктоп позадини

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #23

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #23

    Свежо приготвеното кафе има незаменлива арома која веднаш ни ги дразни ноздрите и ни ја засилува желбата за првиот шмрк. Кафето од оваа шолја изгледа како да ќе излезе од вашиот монитор и директно ќе се најде сервирано на вашето работно биро. Комбинацијата од свежи нијанси на бои, ќе воведат ведрина и расположение во просторијата во која работите. Одлична декстоп позадина за пријатна работна недела.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #23
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    Погледнете ги и останатите избрани десктоп позадини со кафе, кое е главниот мотив во нив.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #22

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #22

    Колку пати сте посакале да го пиете вашето кафе послатко од вообичаено за да си ја заблажите душичката? Оваа недела во вашата шолја за кафе се крие слатко изненадување.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #22
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    Ако пак, сте од оние кои секогаш го сакаат своето кафе црно и незасладено, ви препорачуваме да изберете позадина со јако инстант кафе или со густо турско кафе.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #21

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #21

    Ќе ја започнеме неделава артистички, релаксирачи, кул и секако, во духот на кафето. Овој цртеж прекрасно ќе легне на вашиот десктоп, но доколку практикувате да го одржувате среден и чист. Креација е на Foxguise.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #21
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2208×1667) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #20

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #20

    По повод Денот на вљубените, Кафе пауза ви подарува едно утринско љубовно кафе со 2 шеќерчиња во форма на срце, едно за вас, едно за вашиот љубен. Се надеваме дека убаво ќе ве засладиме и оваа слатка љубов ќе ве држи дооооолго време.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #20
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×900) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Време е да се подготвите за Денот на вљубените на секој можен начин. Веќе сите зборуваат за тоа по медиумите, продавниците се полнат со меки и плишани предмети со црвена боја, еуфоријата расте. Вие ќе го одбележите денот со стил, веруваме во тоа, а во меѓувреме, не заборавајте да се чувствувате љубовно. Напијте се по едно кафе со срце. Има и за вас, и за вашиот љубен.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1680×1050) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Уживате кога утрото ќе ви започне со весник и топло кафе, убаво засладено, декорирано, со многу пена на врвот… Две коцки шеќер, тазе кафе во зрна и омилениот печатен медиум на вашето биро –  тоа е сè што треба и ова вкусно сервирано кафе ќе ви го направи денот. Време е да ја смените позадината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој. Ако сте љубители на тазе кафе, чиј јак вкус го сакате разблажен со неколку капки млеко, овој избор би требало да му прилега на вашиот десктоп оваа недела.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Густо еспресо на едната страна, чиста кафена подлога за вашите икони на другата… Љубителите на кафето и на боите на кафето сигурно ќе уживаат во оваа десктоп-позадина. Ќе ви овозможи уредност и естетика на работната површина.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×680) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Празниците официјално завршија. Расчистете сè што остана нерасчистено од лани и направете си уредна околина за работа за оваа година. Оваа црно-бела позадина е одличен избор за поставување на десктопот на вашиот работен компјутер.rnrnИнспиративна и уметничка, на оваа позадина можете да ги поставувате иконите на креативен начин, притоа вашиот десктоп секогаш ќе делува уредно и стилски.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1152×864) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Изберете ја вашата омилена шолја за кафе. Не занемарувајте ја ниту бојата, ниту обликот. Наполнете ја со тазе сварено кафе, поставете нова позадина и ослободете се од непотребните икони од вашиот десктоп.rnrnЗавршете ја годината со чисти мисли и без задачи кои ви висат во воздух за во 2011. Просторот од левата страна на позадината е голем и чист. Потрудете се таков да остане што подолго и во следната година.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn