КАФЕ ПАУЗА

Category: Десктоп позадини

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #33

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #33

    Срцата ги исцртуваме во песокот за време на летните заљубувања, во средношколските тетратки додека мечтаеме за време на здодевните предавања, на роденденските честитки кои му ги упатуваме на нашиот сакан/а. Зошто да не исцртаме срце со зрна кафе?rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #33
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната… Со него се будите, благодарение на него ја задржувате енергијата во текот на денот… очигледно, вие сте вистински љубители на кафето. Еве една кафе-позадина која претставува убаво освежување за вашиот десктоп, додека истовремено е знак на вашата љубов кон вашиот омилен пијалак. Ќе им се допадне и на сите кои ја сакаат љубовта и го сакаат кафето, како и на оние кои сакаат чист простор за многу икони. Важно е дека срцето е во средината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————–

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

    Љубителите на кафето знаат како да уживаат во него во секое време. Но, се чини, за фотографите, кафето е инспирација во посебни моменти. На пример, моментот кога кафето е покрај весникот, кога пената е густо насобрана на врвот или неговата силна пареа кога е штотуку сварено. Што ќе се случи ако кафето рипне од шолјата и вие успеете да го замрзнете тој момент? Се случува неверојатна уметност. А кога ќе додадете и млеко, тоа е веќе совршена комбинација…rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #31
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    Потсетете се на фотографиите од најинтересните распрскувања на кафе.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

    Тазе подготвено кафе, сипано во вашата омилена голема шолја, која не сакате да ја користите со тацна… лаптопот пред вас и сурфате… работно или тотално релаксирачки, ова е вашата омилена поза. Еве една шик десктоп-позадина која ќе се вклопи во вашиот животен стил. Чиста, со многу простор за вашите икони на едната страна, а сепак, толку фраерска на другата. Девојки, оваа е за вас!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #30
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #29

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #29

    Пролетта пристигна. Времето полека се затоплува, денот почнува да трае подолго, а во природата околу нас, сè поприсутна станува зелената боја. Па, да бидеме во тек со временската сезона. Оваа позадина е вистински одмор за очите. Направете пролетна кафе пауза со тазе сварено кафе, сервирано во убава шолја. На здравје!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #29
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #28

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #28

    На многумина денот им почнува со мирисот на штотуку приготвеното кафе. Оваа арома е незаменлива, моќна, волшебна. Ако кафето го искомбинирате и со нешто слатко, мммм… добитна комбинација за убав ден. Поставете ја оваа позадина на вашиот десктоп, која буквално „ќе легне“ на екранот. Ова се малецки слатки манчмелоу колачиња кои лебдат над густо кремасто кафе…rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #28
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×800) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #27

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #27

    Се откажавте од чоколади, гирцки и секакви слатки, но калорични задоволства во име на летото што следува. Не би сакале да ве стрвиме, но оваа кафе позадина, може да ви послужи како замена за она што ви недостасува во исхраната. Поставувајќи ја оваа позадина на вашиот десктоп, ќе имате чувство дека во секој момент можете да шмркнете од преубавото кафе, да замезите од крупните лешници и на крајот да се засладите со две коцки чоколадо. Оваа кафе позадина, одлично му прилега на десктопот, но не преземаме одговорност за прекршени диети :).rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #27
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1519×1012) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #26

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #26

    Има нешто во пената од кафе… нешто што моментно ни ги буди сетилата, не стрви за следната голтка, не прави задоволни кога ќе ја шмркнеме. Утринското кафе е најслатко затоа што е првото кое го вкусуваме. Па, ако првата работа која ја правите наутро е вклучување на вашиот компјутер, оваа позадина, ќе ви го надополни уживањето.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #26
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×1024) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #24

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #24

    Кафето и весникот се секогаш добра комбинација за добро утро. Уште кога вака ќе ви почне неделата, си ги зголемувате шансите за пријатна и успешна работна недела. На здравје кафе!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #24
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.