КАФЕ ПАУЗА

Category: Слики и илустрации

  • Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

    Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

    Додека вие се обидувате да се згреете со шолја топол чај во овие студени денови, артистот Карн Грифитс му наоѓа друга примена на чајот освен за пиење. Кога решава да слика, тој ја потопува неговата четка, во многу шолји полни со разнобојни чаеви.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиrnrnТој црта прекрасни портрети на жени, за чија изработка, сè што му е потребно е мастило, платно и разни чаеви за пиење. Крајниот резултат на неговите уметнички дела е несекојдневен и креативен, бидејќи тој прво ги црта со туш контурите, а потоа им дава специфичен, непрецизен облик со разните бои сварени чаеви. Потоа тој го повторува целиот процес на потенцирање на контурите со мастило, па нивно разобличување со чаеви.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиrnrnВо неговото студио има многу различни вкусови чаеви… камилица, ванила и мед, ерл греј, зелен чај… Под влијание на артистите кои се занимаваат со надреална уметност и оние кои изработуваат везени дезени, Грифитс настојува да ги потегне набљудувачите кон неговата лична визија. На неговите карактеристични портрети може да се види профилот на модерните сензуални жени, од чие тело произлегуваат растенија и цвеќиња насликани во нивниот природен раст, што им дава еден особен „шмек“. Неговата работа зрачи со смелост, самодоверба, убавина и живост, а најинтересен ефект даваат протечените линии од чајот кон дното на платното.rnrnПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

  • Мили мачиња нацртани со молив

    Мили мачиња нацртани со молив

    Верувале или не, мачињава што ги гледате на сликиве не се вистински фотографирани животинчиња, туку се слики нацртани со молив. Тие се дело на хонгконшкиот графички дизајнер Paul Lung, кој не користи ни гума за бришење додека црта.rnrnМили мачиња нацртани со моливrnrnСè што му е потребно е техничко пенкало со дебелина од 0,55 мм, хартија во А2 формат и малку повеќе време, односно 60 часа за да комплетира еден цртеж.rnrnМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливrnrnЕдинствен проблем кој што тој го има, е тоа што луѓето честопати не му веруваат дека неговите слики не се фотографии. За да го докаже тоа, тој дури мора да го снима процесот на работа со видеокамера, за да им го докаже на скептиците, неговиот исклучителен талент.rnrnМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливМили мачиња нацртани со моливrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет

    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет

    Јирка Ваатаинен е студент по уметност кој многу умешно ги нацртал познатите принцези од цртаните филмови на Дизни како вистински жени. Неговите фото-реалистични манипулации се успешен обид да се доловат овие прекрасни ликови во реалниот свет.rnrn

    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Бела (Убавицата и ѕверот)
    rnrnОва серија на фотографии започнала сосема случајно, откако тој ја нацртал Урсула од „Малата Сирена“.rn

    „Отсекогаш сум го сакал тој лик многу, па си поставив пред себе еден предизвик. Толку ми беше забавно што не можев да престанам… и еве што се случи. Немам некој голем план околу овие илустрации, па затоа ќе продолжам да се забавувам и да ги претставувам ликовите од кои лично сум инспириран“ – вели тој.

    rn

    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Мулан
    rnrn
    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Ариел (Малата Сирена)
    rnrnТој наоѓа слики од ликот кој сака да го нацрта и ги комбинира во Фотошоп.rn

    „Не ги базирам ликовите на само една слика или една личност. Собирам и одбирам повеќе слики, ги комбинирам и ги соединувам. Потоа дигитално доцртувам за да добијам една убава целина.“

    rn

    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Аурора (Заспаната убавица)
    rnrn
    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Есмералда (Ѕвонарот на Богородичната црква)
    rnrn
    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Џасмин (Аладин)
    rnrn
    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Мегара (Херкулес)
    rnrn
    Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
    Покахонтас

  • Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Кога помисливте дека ги видовите сите методи на работа во уметноста, се појавува нов оригинален начин на сликање, кој ќе ве остави без здив. Дваесет и пет годишниот уметник од Торонто, Ејми Шеклтон, ги црта овие интересни, колоритни, водени цртежи, без да користи четка или прсти. Наместо тоа, таа се потпира на добро познатите закони на гравитацијата, вртејќи го повремено платното, додека црта со притискање на пластични шишенца со боја.rnrnСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаrnrnПогледнете го видеото за да го видите нејзиниот брилијантен стил на работа во детали. Работата на овие слики траела 30 часа, но во видеото е компресирана во само 2 минути, за да се доловат сите кул методи.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реална улична уметност

    Реална улична уметност

    Британскиот уметник Бокси, секојдневно станува сè популарен во Германија, бидејќи почнува да им ги маѓепсува уличните ѕидови, еден по еден. Иако најмногу е познат по неговиот постапокалиптичен стил, во неговата работа на овие графити повеќе се покажува човечноста.rnrnРеална улична уметностrnrnНеговите графити се цртани на ѕидови, изработени се во повеќе слоеви и се со реална големина. На нив можете да го забележите секојдневието и обичните луѓе, како човек што гледа во небото или некој како го чисти валканиот ѕид. Бокси ги завршил студиите за уметност на универзитетот „London St. Martins“ во 1996 година. Неговата работа е навистина импресивна, па да се надеваме дека ќе имаме причина повторно да напишеме за него.rnrnРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав

    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав

    Доколку сè уште се прашувате зошто уметноста е толку значајна категорија за човекот, присетете се колку пати досега, нечие уметничко дело успеало да допре до дното на вашето срце и да ги разбуди емоциите кои мислевте дека одамна  ги имате закопано. 24-годишниот илустратор и цртач Берк Озтурк сака да работи на мрачни и меланхолични теми, како што се смртта и изгубената љубов.rnrn

    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Невклопено дете“
    rnrnТој почнал да црта уште додека бил мало дете, а сега работи како илустратор на детски книги. Прекрасното во неговите цртежи е нивната едноставност, спакувана во длабока емоционална рана, која тешко зараснува. Ќе ве оставиме да уживате во вашите заборавени чувства гледајќи ги неговите фантастични илустрации, кои имаат и многу моќни наслови.rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Бакнеж од водени бои“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Расцепкани спомени“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Смрт и живот“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Татко и син“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Слоообоооодаааа“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Во заборав“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Слобода на мислење“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Палчето Том“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Ми недостасуваш Лион“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Се сеќавам на секој бакнеж“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Последната прегратка“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Св. Валентин“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Курт и Ејми“
    rnrn
    Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
    „Љубовници на гробишта“

  • Постери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лаги

    Постери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лаги

    Замислете што би се случило со светот доколку секој секогаш ја кажува вистината… Но, дали навистина мора ги користиме секојдневните лаги за да опстанеме? Постерите на Џастин Барбер од серијата „Truth and Lies“  ја зборуваат вистината зад секоја кажана лага. Овие лаги најчесто не повредуваат и не прават штета никому, но и понатаму, претставуваат расчекор помеѓу она што го мислиме и она што го кажуваме. Што би додале вие на оваа листа? Некој пример за лага-вистина од вашето секојдневие?rnrnПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златни плажи, сино небо, тиркизно море… безгрижно лето

    Златни плажи, сино небо, тиркизно море… безгрижно лето

    Златни плажи, силно сонце, сино небо, шарени чадори, тиркизно море, прекрасни луѓе, коктели, млеко за сончање… Премалку зборови за да се опише едно бескрајно, мрзеливо и безгрижно лето. Сликарката Касија Доманска од Полска својата инспирација ја пронаоѓа токму во овие убавини. Нејзините слики вистински го отсликуваат летото, како период на тотална релаксација и препуштање на убавините. Погледнете дел од нејзината извонредна работа.rnrnЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоЗлатни плажи, сино небо, тиркизно море... безгрижно летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Човечки раце претворени во животни

    Човечки раце претворени во животни

    Уметникот Гуидо Даниеле е роден во Соверато, Италија, а моментално живее и работи во Милано. Тој имал свои изложби и бил учесник во групни, уште од 1968 година. Во 1972 година, започнал да работи како хиперреалистичен илустратор, притоа соработувајќи со големи маркетинг компании, тестирајќи и експериментирајќи со различни техники на цртање. Во 1990 година тој се запознал со едно, за него, ново уметничко искуство – техниката цртање по човечки тела, при што тој ги црта телата на моделите, а така добиените цртежи се фотографираат и се користат како рекламни материјали, во модни настани и изложби.rnrnЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниrnrnОваа неверојатно интересна колекција т.н. „Handimals“ (Hand – рака и Animals – животни) ја започнал кога бил ангажиран од агенција за маркетинг, за да црта животни по голи човечки тела. Благодарение на неговата страст кон уметноста, веднаш добил нова, неверојатно креативна и оригинална идеја.rnrnЧовечки раце претворени во животниrnrn rn

    „Секое животно длабоко го анализирав, за да сфатам како можам да го нацртам на рака и да ја наместам така, за да изгледа како тоа да е живо.“

    rnЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниrnrnПрвиот „Handimal“ му бил гепардот, кој до ден денес му е омилен.rnrnЧовечки раце претворени во животниrnrn rn

    „Првото дело излезе совршено и тоа ми даде кураж да го комплетирам остатокот од колекцијата.“

    rnЧовечки раце претворени во животниrnrnТалентираниот Даниеле најчесто ги употребува рацете на неговиот петнаесетгодишен син и дваесет и двегодишната ќерка, како негово „платно за цртање“.rnrnЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниrnrn rn

    „Кога веќе трошам толку многу часови држејќи нечија рака, преферирам таа рака да биде на личност која ја сакам. Нема ништо полошо од работење со некој нервозен, непознат модел, чии раце се тресат.“

    rnЧовечки раце претворени во животниrnrnЗа да нацрта и прилагоди една рака во облик на животно, на Даниеле во просек му се потребни од три до четири часа работа. Но, некои бараат повеќечасовна работа. Така на пример, за да го изработи орелот со раширени крилја, му биле потребни десет часа.rnrnЧовечки раце претворени во животниrnrnДаниеле признава дека најтешкиот дел во неговата работа, не претставува самиот процес на цртање по човечки раце, туку тоа што е принуден да гледа како неговите уметнички дела секојдневно исчезнуваат, кога моделот ќе отиде да си ги измие рацете.rnrnЧовечки раце претворени во животниrnrn rn

    „Сè полека се навикнувам на тоа. На крајот на краиштата, секој ден го почнувам со ‘свежо платно’ за цртање.“

    rnЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниrnrnПогледнете ги уметничките дела на Даниеле, изработени за рекламни цели, каде што тој ги сликал рацете, така за да асоцираат на 27 различни земји од светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.