Мистериозна приказна сместена во скриените агли на Барселона, која ќе ве потсети дека љубопитноста понекогаш скапо се плаќа rnrn
Наслов на оригиналот: Marina – Carlos Ruiz ZafónrnrnЗа себе вели дека пишува затоа што нема друг избор. Често пати нагласува дека е во бизнисот на раскажување приказни и дека не би знаел да прави ништо друго во својот живот. А за писателите кои само што ги започнуваат нивните патешествија нуди само еден совет: „станете писател само доколку можноста никогаш да не бидете ве убие, или полошо“.rnrnДел од феноменалните книги на Зафон се „Сенка на ветрот“, „Играта на ангелот“, „Принцот на маглата“ и сите до една се возбудливи, магични и буквално оставаат без здив. Често го нарекуваат „генијалниот сликар на мислата“, а за неговите книги се вели дека ѝ служат на љубовта, а содржат доволна доза на магија и мистерија за да го задржат и најколебливиот читател. Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици, а тој е и добитник на голем број награди.rnrn
rn
Синопсис
rnКога сите ние би знаеле дека напуштените, стари куќи секогаш носат проблеми, а душкањето по туѓи предмети уште поголеми, никогаш не би се родиле возбудливите тинејџерски приказни. Па така, Оскар Драј – 15-годишно момче пораснато во интернат, лутајќи по улиците на Барселона завршува токму таму каде што не му е местото. На туѓ имот, во туѓ дом и со часовник во џеб којшто сигурно не е негов. Но кој би рекол дека токму тоа непромислено дело ќе го донесе до двајца прекрасни пријатели, незаборавна љубов и приказна од која лазат морници по целото тело?rnrnОскар ја запознава убавата Марина, неговата придружничка во оваа возбудлива приказна и двајцата, неочекувано, но можеби малку намерно, завршуваат како дел од историја која се повторува и која им ги менува животите засекогаш. Марина, надежна писателка во потрага по нова мистерија го носи својот пријател во запуштените градини на едни стари гробишта, омилената дестинација на тинејџери во потрага по проблеми. Таму заедно набљудуваат еден чуден ритуал кој се случува секоја четврта недела во месецот. Старата кочија повторно се приближува до гробиштата, дамата со темна наметка и покриено лице повторно носи една роза и ја остава на безимен гроб. На надгробната плоча е изгравирана само една пеперутка. Оскар и Марина се решаваат да ја следат и тука започнува лудата и опасна игра на таинствениот Михаил Колвеник, на борбата против смртта, подвижните силуети кои демнат од темни агли и подземниот свет на Барселона низ нејзините канали.rnrn
rn
Лична критика
rnДолго време размислував која книга од Зафон да ја изберам и веќе бев сигурна дека ќе почнам со феноменот „Сенка на ветрот“ кога ја здогледав „Марина“ на полиците. Иако секогаш успевал неповратно да ме зароби во неговите книги, кај „Марина“ имаше нешто посебно. Ме потсети на деновите кога со непомирлива љубопитност се врткавме околу напуштени куќи и дворови, измислувајќи страшни приказни за грозоморни ликови. Си дозволувавме чекор во туѓи, одамна заборавени приказни и секогаш споулавени од непознатото, со врескање бегавме што побрзо, вадејќи ги по малку од памет сите соседи. Зафон ме натера да се прашувам дали малку повеќе храброст ќе ни откриеше некоја возбудлива тајна, можеби ќе решевме некоја мистерија или ќе допревме до спомените на одамна заборавени љубови. Зашто секоја напуштена куќа има некоја тајна, исто како што сите ние чуваме под клуч некоја тајна на таванот на душата. Топло ви препорачувам да ја откриете таа на „Марина“!rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
