Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

Зошто одредени желби не се остваруваат кога вие сакате туку неколку месеци или години подоцна, кога веќе сте ги заборавиле?

Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?

Едно од објаснувањата е дека понекогаш чувствуваме очајна потреба за исполнување на одредени желби, па преку одредени постапки го форсираме нивното исполнување. Се фокусираме на желбата, но не обраќаме внимание на патот кој може да нè одведе до нејзиното реализирање.

Голема пречка на патот кон остварување на желбите е очајната потреба да се има нешто. Дали некогаш сте успеале да присилите некого да ве сака? Или да ја натерате личноста да биде весела? Желбите функционираат на истиот начин. Не можеме да ги принудиме да се остварат!

Само кога вашите лични вибрации ќе излезат од состојбата на очајна потреба и кога ќе почнете да се чувствувате опуштени и релаксирани, ќе ви биде полесно да ги остварите вашите желби.

Обидете се да ги најдете малите животни радости на патот кон желбата, наместо постојано да размислувате за стратегиите како да ја остварите вашата желба.

Не заборавајте дека понекогаш желбите не се остваруваат затоа што можеби не е дојдено времето за нив. Ова не значи дека треба да седите и да не правите ништо за да ја остварите вашата желба. На тој начин, пак, ќе ги намалите шансите за нејзиното остварување. Доволно е да им се посветите на желбите со радост, без стресови и очекувања, а потоа ќе видите како можностите ќе се зголемуваат сами по себе. Бидете трпеливи и никогаш не откажувајте се од вашите соништа!

Откако прочитавте за остварувањето на желбите, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 правила за остварување на желбите.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар