Зошто во многу врски пука тиквата во јануари?
Новата година е период кога луѓето сакаат да си ги расчистат старите сметки и да се ослободат од оние работи кои не им одговарале во минатата. Една од тие работи е секако и љубовната врска во која се чувствуваат несреќни.
Според едно истражување, јануари е идеален месец за прекинување на старата врска во која партнерите се чувствуваат незадоволни, и истовремено е период за нови почетоци. Дури и адвокатите за развод имаат изјавено дека се најзафатени на почетокот од годината, особено во јануари и февруари.
Една од причините поради која паровите се одлучуваат да раскинат во јануари е декемвриската празнична депресија која продолжува во новата година. Дополнително, фактот дека е нова година ни создава притисок дека треба да имаме и нов почеток, да свртиме нова страница, што во комбинација со временската состојба во овој период од годината, негативно влијае на нашето расположение. На ова се надополнува насобраниот стрес, финансиските проблеми и притисокот од родителите кои често имаат значајно влијание врз судбината на љубовните врски во кои се нивните деца.
Пред новата година исто така имаме тенденција да се преиспитуваме себеси, што сме направиле во текот на изминатата година, што сме постигнале, дали сме задоволни од состојбата во којашто сме… Во овој процес, многумина вината за својата несреќа ја наоѓаат во партнерот, па на почетокот на следната година, ова неизбежно избива на површина.
Но, не значи дека причината за раскинувањето се појавува токму за нова година. Луѓето обично трпеле дотогаш, а во овој период, под притисок на потребата за нов почеток се одлучуваат да го направат тој чекор. Многумина го чувствуваат нагонот за раскинување уште во декември, но поради желбата да ги поминат празниците заедно со партнерот, односно заради стравот да не останат сами, да не им пропадне договореното патување, да не ги пропуштат многуте забави, заедничката посета на родителите и размената на веќе купените подароци, го „одложуваат“ завршетокот на врската за во јануари.
На второ место според бројот на раскинувања е декември, додека трет е март.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.