Зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?
Што можете да миете во машината за садови?
Аспиратор: Повеќето кујнски аспиратори имаат филтер кој може да се мие.
Кујнски сунѓери и четки: Секогаш кога ќе сакате да миете садови, ставете го и сунѓерот на горната решетка, а четките со рачка заедно со приборот за јадење.
Силиконски нараквици и четки: Најдобро е да ги ставите на горната решетка.
Чинијата од микробрановата печка: Кога ќе ја чистите микробрановата печка, најлесно е чинијата да ја ставите во машината за садови.
Кутиите и преградите од фрижидерот: Ако не сакате да ги миете рачно, само ставете ги во машината за садови.
Вазни: Повеќето вазни и декоративни садови за готвење може лесно да се исчистат во машината за миење садови. Сепак, не ризикувајте со деликатните фигури и украсите кои содржат злато или сребро. Не користете ја горната решетка за најтешките садови.
Светилки: Не мора рачно да ги миете стаклените лустери и свеќници.
Прекинувачи за струја: Тие може да бидат полни со отпечатоци од прсти. Избегнувајте обоени метални или прекинувачи од месинг и мијте ги само пластичните.
Решетки за вентилација од кујната и од бањата: Лесно ќе се отстрани насобраната нечистотија, дури и ако се челични или алуминиумски.
Прибор за пишување: Држачите за пенкала и за хартија или малите корпи за отпадоци одвреме-навреме треба да се мијат во машината.
Држачот за сапун и за четките за заби: За да го намалите развојот на бактерии, мијте ги еднаш неделно.
Гумената подлога за туширање што не се лизга: Закачете ја да се исуши по секоја употреба за да го спречите насобирањето нечистотија и мијте ја еднаш неделно во машината за миење садови.
Сунѓери и четки: Еднаш неделно мијте ги во машината за садови за да ги отстраните нечистотијата и бактериите.
Четки и чешли: Пластични четки и чешли може да ги ставите во машина, но никогаш не ги мијте во неа ако се направени од дрво.
Додатоци за маникир и педикир: Детергентот и топлата вода ќе ги убијат насобраните бактерии.
Играчки за во бањата: Играчките треба да се чистат најмалку еднаш месечно.
Пластични играчки и лего-коцки: Ставете ги малите фигури и лего-коцките во мрежеста вреќичка или на горната решетка.
Цуцли: Ставете ги цуцлите во покриениот дел од држачот за садови за да ги исчистите темелно.
Играчки за миленичињата: Пластичните и гумените играчки ќе изгледаат како нови по миењето во машината за садови.
Кутии за храна: Измијте ги керамичките, пластичните и металните кутии во машината за миење садови.
Некои алати од градината: Разните канти и другите пластични додатоци за цвеќиња ќе се измијат совршено во машината за садови.
Спортски капчиња: Ако одлучите да ги ставите во машината треба да бидете сигурни дека нема картон во нив и користете средство за миење садови што не содржи избелувач.
Погледнете ги овие трикови со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно.