Зошто треба почесто да консумирате смокви?

Зошто треба почесто да консумирате смокви?

Смоквите се користат во народната медицина со децении, а им се препорачуваат и на оние кои страдаат од висок холестерол, бидејќи содржат повеќе влакна од кое било друго овошје или зеленчук. Тие се особено богати со пектин и влакна, кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта.

Зошто треба почесто да консумирате смокви?

Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна. Смоквите се богат извор и на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.

Превенција од рак

Научно е докажано дека екстрактот од смоква, односно неговата состојка бензалдехид, придонесува за намалување на можноста за појава на тумори. Смоквите покажале одлични резултати во намалувањето на ризикот од рак на простата.

Го намалуваат холестеролот

Срцевиот или мозочниот удар може да се случи поради стеснување на артериите. Покрај холестеролот, зголемените триглицериди исто така штетно му влијаат на срцето. Докажано е дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта бидејќи одредени состојки кои ги содржат смоквите, како, на пример, стигмастерол и ланостерол, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.

Превенција од срцев удар

Смоквите се и добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.

Ја подобруваат меморијата

Редовното консумирање смокви ја спречува анемијата и ја подобрува меморијата. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот.

Спречуваат појава на акни

Со виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт и нанесете ја на лицето. Измасирајте го и оставете ја смесата на кожата околу 15-20 минути, па исплакнете. Истата маска можете да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртвите клетки.

Откако прочитавте кои се здравствените придобивки од смоквиге, можеби ќе сакате да прочитате и кои видови сушено овошје се најздрави за консумирање.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар