Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

Родителите не сакаат да имаат немирни деца. Тие се гласни, нивната активност е тешка за контролирање и можат да ги доведат родителите во социјално непријатни ситуации. Ова последното веројатно е клучната причина за нивниот лош углед. Но, тие всушност имаат квалитети поради кои заслужуваат почит и треба да ве радуваат како родители.

Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

Немирните деца се независни

Родителите често посакуваат деца кои слушаат и убаво се однесуваат, додека немирните деца мислат за себе со своја глава и прават онака како што им се прави во моментот. Оваа особина се цени дури кога детето ќе порасне, но треба да ве радува ако тоа покаже такви знаци уште од рана возраст.

Креативни се

Тие секогаш мислат поразлично од останатите. Нивната креативност не може да биде зауздана. Додека возрасните се трудат да мислат „надвор од кутијата“, немирните деца не ни знаат што е тоа. Тие никогаш не ни „биле во кутијата“ и не размислуваат така.

Чувствителни се

Тие понекогаш влегуваат во активности кои ги карактеризираат како немирни поради тоа што негодуваат на неправдите. Кога возрасните прават нешто кое детето го смета за неправедно, тоа реагира поради чувствителноста на таквите работи, а неговиот бунт се смета за немирно однесување.

Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

Имаат свои уверувања

Немирните деца не се прават паметни, туку навистина се. Формираат свои уверувања согласно својата возраст и цврсто се држат до нив. Тиранското однесување на родителите може само да ги инспирира да се спротивстават.

Силни се

Немирните деца се силни. Нивното однесување е осудувано, но тие се отпорни на притисоците. Имаат поинакви ставови и се облекуваат различно од другите демонстрирајќи храброст и силна волја.

Тежнеат кон тоа да бидат разбрани

Дури и ако одговорот на родителот е „не“, тие пак ќе се смират ако почувствуваат дека се разбрани нивните потреби. Не сакаат да им се наметнува авторитет, туку сакаат да бидат разбрани, макар последицата од тоа да биде негативен одговор на нивните желби.

Зошто треба да ве радува ако имате немирни деца?

Кажуваат што имаат на ум

Не се срамат да го кажат она што го мислат без никакво каење во гласот. Кога се тинејџери тоа значи искажување на ставови по разни прашања кои за некого може да се контроверзни. Кога се деца, не им е гајле што ќе мислите кога ќе ви кажат дека не им се допаѓа вашиот подарок. Не се стискаат да зборуваат како децата кои важат за добро воспитани.

Енергични се

Енергијата која ја гледате кај вашето немирно дете е онаа на спортистите, авантуристите и лидерите. Дајте им можност некако да ја канализираат таа енергија во продуктивни цели, но никако не осудувајте ги поради тоа.

Амбициозни се

Нивното однесување може да биде резултат на фрустрација поради разликата меѓу нивните визии и она што го остваруваат во практика. Тоа е демонстрација на нивната амбициозност.

Тие се научници

Не учат така што го повторуваат она што ќе им го каже наставникот или некој друг авторитет. Тие учат преку експериментирање и увид во работите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар