6 причини редовно да јадете ореви

Зошто треба да јадете ореви?

Треба да сте „луди“ за да ги игнорирате последните истражувања за оревите и ореовото масло.

(6)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Во последните неколку години, многу откритија покажаа дека само од една рака од овие мали семиња – да, всушност го јадеме семето – подобро ќе спиете, ќе се чувствувате релаксирано и полесно ќе се справувате со љубовните проблеми.

Веројатно не треба да сме изненадени. 30 грама ореви обезбедуваат 100 проценти од препорачаната дневна доза омега-3 масла, заедно со големи количества бакар, молибден, манган и биотин.

1. Оревите го подобруваат сонот

(4)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Ако спиете малку, може да умрете млади. Ако спиете премногу, може да умрете млади. Оревите се тука да помогнат. Тие содржат мелатонин, соединение кое помага во пренесување на пораките во рамките на телото за циклусот на менување на денот и ноќта. Со јадењето ореви го зголемуваме нивото на мелатонин и според тоа си овозможуваме мирен сон.

2. Оревите ве релаксираат

(3)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Оревите го намалуваат крвниот притисок. Истражувањата што се занимавале со врската помеѓу овие чудесни јаткасти плодови и стресот откриле дека оревите и маслото од ореви го намалиле крвниот притисок и стресот на испитаниците. Зошто? Бидејќи оревите се извор на антиоксиданси и незаситени масни киселини, конкретно алфа-линоленската киселина и омега-3 масната киселина.

3. Оревите помагаат… ах да, за вашата меморија

(2)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Интересен пример со ореви и глувци: Д-р Аба Чаухан и неговиот тим од Њујоршкиот институт за здравје откриле дека глувците кои не јаделе ореви страдале од значителен недостаток на меморија, потешкотии во учењето и проблеми со физичката и емоционалната контрола. Теоретски ова се случило поради присуството на витамин Е и флавоноиди во оревите кои помагаат за уништување на штетните слободни радикали кои предизвикуваат деменција.

4. Оревите ја намалуваат опасноста од рак

(0)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

На оваа тема повеќето истражувања се поврзани со животните, но откритијата се навистина зачудувачки. Во едно истражување, глувците кои биле хранети со ореви во текот на 18 месеци значително помалку заболувале од рак на простатата споредено со контролираната група која истата количина масти ја примала од други извори. Заклучокот е дека диетата со ореви го намалила процентот на заболување од рак на простатата кај глувците за 30 до 40 проценти.

5. Оревите помагаат при контрола на дијабетесот

(1)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Се докажало дека диеталните масти во оревите го намалуваат ризикот од посериозни компликации поврзани со дијабетес тип 2, како бубрежните заболувања. Истражувањето вклучувало 31 маж и 81 жена заболени од дијабетес и се открило дека кај возрасните луѓе со прекумерна тежина кои секој ден јаделе ореви значително се намалило нивото на потребен инсулин во споредба со тие кои не јаделе. Уште повеќе, овој ефект се постигнал во првите три месеци од истражувањето.

6. Оревите се борат со болести

(5)-6-prichini-zoshto-treba-da-jadete-orevi-kafepauza.mk

Кога ќе го слушнете зборот антиоксиданси, знаете дека тие се добри за вас – всушност, се верува дека тие помагаат во контролата на стареењето така што се борат со слободните радикали, главната причина за брзото стареење. За среќа оревите содржат неколку ретки антиоксиданси кои ретко се среќаваат во храната која секојдневно ја конзумираме. Тоа се танин телимаграндин, флавонол морин и кунон џaглон. Истражувањата покажуваат дека полифенолите го спречуваат хемиското оштетување на црниот дроб.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар