Зошто треба да ја скратите косата ако навистина сакате да го преболите раскинувањето?
Раскинувањето е многу непријатен момент, особено ако сте поминале подолго време со партнерот и сте се навикнале еден на друг. Во тие моменти сакате да направите сѐ за што побргу да се ослободите од тешкото чувство и да соберете сила за да продолжите понатаму. Покрај другите работи кои бараат повеќе време за лекување на вашите рани, треба да размислите и за промена на фризурата. Во продолжение прочитајте зошто е добро да ја скратите косата за полесно да го преболите раскинувањето.
1. Тоа е визуелен знак за промени
Потсетете се само колку шминката во филмовите служи за прикажување дека личноста поминува низ период на промени. Истото е и со фризурата. Со самото тоа што ќе ја скратите, вие покажувате дека нешто во вашиот живот се менува. Тоа е начин да му соопштите на светот, па и на самите себеси, дека без разлика дали сте спремни да прифатите или, вие вртите нов лист во вашиот живот. Нова фризура, нов лист, нова енергија, нова личност.
2. Тоа е симбол на ослободување од минатото
Буквално. Кога одите во салон и драстично ја кратите косата, вие ги отфрлате „мртвите“ краеви и со тоа симболично го оставате вашето минато и се ослободувате од тежината на рамената. Си заминувате од салонот полесно, и физички и психички. Така се фокусирате на тоа да продолжите напред, во ново светло и ново издание.
3. Новиот стил прави да се чувствувате подобро, како надворешно, така и внатрешно
Можеби тешко ќе ви биде да признаете, но кога гледате дека однадвор изгледате убаво, тогаш и однатре се чувствувате одлично. Кратењето на вашата коса и новиот изглед може да направат да се чувствувате како најубавата девојка во светот. Тоа може да ви ги истакне очите, насмевката и вашите најубави црти, што не сте можеле да го постигнете претходно. Кому не му е потребно ова?
4. Резултатот го имате веднаш
За разлика од другите драстични промени, како што е губењето на тежината, преселувањето во нов дом и поврзувањето со друга личност, менувањето на вашата фризура веднаш носи резултати кои се видливи уште истиот момент. Зошто не треба да се двоумите да го преземете овој чекор? Затоа што сепак со текот на времето вашата коса ќе порасне!
Во продолжение погледнете и што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување.