Зошто токму втората љубов е онаа вистинската за вас?

Зошто токму втората љубов е онаа вистинската за вас?

Не велиме дека првата љубов никогаш не успева! Сите ние познаваме барем по еден пар што се заедно откако знаат за себе и се посреќни одошто можеме да замислиме. Но за жал, ова се случува многу ретко. Во реалноста, првата љубов започнува многу интензивно, со многу емоции и страст, и најчесто завршува на истиот начин. Скршеното срце што останува како последица, просто кажано, во тој момент делува како најлошото нешто што некогаш ни се случило. Но токму тогаш ние сфаќаме дека треба да продолжиме понатаму, посилни и подобри од кога било претходно.

Зошто токму втората љубов е онаа вистинската за вас?

На тој начин и учиме дека светот не се состои само од бајки и пеперутки во стомакот, и дека колку што има среќа, толку има и болка. Исто така, како што поминува времето, така сè повеќе се откриваме самите себеси и учиме што сакаме, а што не сакаме во една врска. Успеваме и да си изградиме подетална дефиниција за тоа покрај каков човек би биле најсреќни. Откако тоа ќе се случи, ние и свесно и несвесно почнуваме да ја бараме оваа личност. Затоа и втората љубов има потенцијал да биде епска!

Втората љубов е многу повеќе од едноставно површно заљубување. За разлика од првиот пат, сега свесно одбираме да бидеме ранливи, отворени. Кога се прави ваков ризик, си дозволуваме да се препуштиме со целото срце – ние сме позрели, сменети и овој пат знаеме што сакаме и како истото да го добиеме.

Втората љубов најчесто се случува неочекувано, по бавното и несигурно спуштање на ѕидовите што сме ги изградиле по првото скршено срце. Почнуваме и тивко да се надеваме дека нешто добро ќе се случи, и кога конечно ќе искусиме нешто такво, посакуваме да можевме да притиснеме пауза и подолго да уживаме во моментот. Сфаќаме и дека сме престанале со споредбите и дека немаме план за бегство, во случај на опасност. Преку смеа одново ја откриваме сопствената магија и во тој момент веќе ни небото не ни е граница.

Не постои ништо друго како љубовта на овој свет, ништо толку прекрасно, чисто, скромно, возбудливо, но истовремено и застрашувачко. Токму затоа и сосема е во ред да се плашите, но не смеете да очекувате неуспех бидејќи токму тоа и ќе го добиете. Имајте верба, вложувајте доволно труд и сè ќе биде како што треба.

Втората љубов ќе ве потсети колку навистина сте силни, колку храброст има во вашето срце. Па зарем има нешто посовршено од тоа?

Прочичитајте повеќе докази дека втората љубов е вистинската!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар