Зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи?
Живееме во чуден свет каде што статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот живот. Го оценуваме животот на некој според сликите и објавите на социјалните мрежи, а многу често грешиме во проценувањата. Еве неколку интересни причини зошто среќните парови не ги споделуваат целите нивни животи на социјалните мрежи.
Кога луѓето се во среќна врска, тие живеат во сегашниот момент
Кога сè оди по планот во нечиј живот, таа личност не гледа причина да троши време објавувајќи го својот живот на социјалните мрежи. Не дека тие личности никогаш не се фотографираат или не ги проверуваат нивните профили, туку нивните животи ги прават доволно среќни што немаат потреба да бидат одвратени од Интернетот.
Секој пар што ги споделува проблемите на Интернет за сите да ги видат, нема да добие ништо со тоа
Откривањето на вашите проблеми на секој пријател на социјалните мрежи е најмалку ефективен начин да ги решите истите. Ова само може да ја влоши ситуацијата во вашата врска.
Вистинската среќа доаѓа од среќната врска со некој што го сакате
Нема да добиете ништо доколку објавувате „докази“ за вашата среќа на социјалните мрежи. Радоста е во тоа да бидете заедно, а не да објавувате за тоа дека сте заедно. За луѓето кои го разбираат ова, постојаното објавување на социјалните мрежи не е од голема важност.
Никој не мора да докажува ништо
Луѓето кои се во вистински среќна врска немаат потреба да го користат тоа за да докажуваат колку се среќни. Тие се заедно бидејќи сакаат, и воопшто не им е грижа дали на нивниот Интернет профил пишува „во врска“ или не.
И најважното нешто…
Истражувањата покажале дека оние кои не користат социјални мрежи се многу посреќни од оние кои редовно ги користат. Ова се случува бидејќи луѓето кои не ги користат не се споредуваат постојано со нивните пријатели и колеги, кои некако секогаш изгледаат посреќни. Многу често забораваме дека она што е важно се нашите вистински животи, нашите врски, нашите искуства и нашите чувства, а не популарноста на социјалните мрежи.
Прочитајте повеќе информации на оваа тема: Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?