Зошто се срамиме од комплиментите?
Комплиментите се „подароци од срце“, но има луѓе кои тешко примаат убави зборови и пофалби на своја сметка. Поточно, 70 проценти од луѓето ги поврзуваат комплиментите со срам и неудобност. Понекогаш тие толку се срамат што поцрвенуваат и се појавува вознемиреност.
Дали сте забележале колку често на еден комплимент се надоврзува друг комплимент? „Ми се допаѓа вашата јакна.“ „Благодарам, мене ми се допаѓаат вашите чевли.“ Во други случаи пак, има отфрлање на комплиментот – кога некој е пофален за неговата работа, па го намалува неговото достигнување презентирајќи го како „тимска работа“.
Зошто се случува ова?
Комплиментот предизвикува необичен пресврт во текот на социјалната интеракција. Сите ние, обично, не сме воспитни да кажуваме позитивни работи за себе и да се споредуваме со другите. Затоа ова може да го направи комплиментот непријатен.
Исто така, има момент на социјална корист во скромноста како одговор на комплиментот. На многу начини, срамот е поприфатлив одговор на комплимент, а вознемиреноста што ја чувствувате може да биде предизвикана од вашето несвесно сознание дека баш така треба да се чувствувате.
Не сте единствените
Во некои случаи, постои и сознание дека лицето кое го дава комплиментот не е искрено, па така непријатноста е уште поголема.
Јавните пофалби, исто така, ја зголемуваат непријатноста. Се покажало дека анксиозноста се јавува во ситуации во кои човекот добива позитивно внимание.
Кога некој ви дава комплимент, не ви укажува само на тоа дека сте направиле добра работа. На тој начин ви укажува и на тоа дека ве набљудувал. Дури и кога ја одобрува вашата работа, потсвесно вие можеби се навраќате на дел од процесот за кој посакувате да не бил забележан. А, можеби сте загрижени и за развојот на случувањата во иднина или стравувате дека вашите перформанси можеби не се достојни за комплимент. Ако имате тешкотија при добивањето комплименти, нека ви биде утеха тоа што на многумина исто така им е непријатно.
Постојат методи што можете да ги примените за комплиментите да ви помогнат да го поправите расположението, а не да ви предизвикаат срам.
Прифатете го комплиментот како да прифаќате подарок
Кога некој ви дава комплимент, тоа ви носи повратна информација за тоа како вашите активности влијаеле врз него. Тој не ве прашува дали вие се согласувате со тоа, туку само ве пофалува. Обидете се да го прифатите тоа како што прифаќате подарок и ако сте храбри можете дури и да прашате кои се специфичните причини за упатувањето на комплиментот.
Можеби ќе сакате да прочитате и за значењето на машките комплименти.