Зошто се добри чиа семките и како се јадат?

Зошто се добри чиа семките и како се јадат?

Чиа семките не се само модерна храна туку тие се столб на здравата исхрана. Имаат благ вкус и затоа лесно можат да се додадат во солени или слатки јадења. Нивната текстура е одлична, а со потопување во вода од нив се создава густа маса. Денес можат да се купат во сите супермаркети и мали продавници за храна, а се ставаат и во салати, компири, колачи и густи сокови. Еве зошто треба да бидат дел од секојдневните оброци!

Содржат голем број хранливи влакна

Со внесување помеѓу 25 и 30 грама чиа семки секој ден ќе внесете 10 грама хранливи влакна. Тоа е дури 40% од дневните потреби, а ќе обезбедите и услови за развој на здрави бактерии што се неопходни за имунитет. Хранливите влакна влијаат на зголемување на здравиот и намалување на лошиот холестерол, па чие семките се важни и за здравјето на срцето.

Содржат омега-3 масни киселини

Растителните омега-3 содржат киселина позната под кратенката АЛА (алфа-линолеинска киселина) која ја подобрува циркулацијата и делува противвоспалително. Оттаму чиа семките можат да допринесат во смирување на воспалителните процеси на кожата, а им се од корист на сите што патат од воспаленија.

Добри се за коските

Чиа семките содржат неколку минерали што се клучни за здрави коски: калциум, магнезиум, фосфор и манган. Оваа комбинација од минерали со редовна здрава исхрана и физичка активност, ја штити густината на коските. Затоа чиа семките се посебно важни за луѓето што мора да ги избегнуваат млечните производи.

Како да ги јадете?

Најдобро е кога семките ќе се потопат во вода или млеко и така да ги искористите за подготовка на пудинг или десерт. Најдобро е да стојат барем 30 минути пред понатамошна употреба. Со натопување семето се „активира“ и така многу подобро можат да се искористат неговите драгоцени својства. Уште еден начин е да го смелете во прав, а таков можете да го додадете во кое било брашно и да го употребите за подготовка на солени и благи печива.

Дознајте кои видови храна имаат најмногу железо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар