Зошто не сум во сериозна врска?

Зошто не сум во сериозна врска?

Се гледате во огледало и одразот е повеќе од просечен. Образованието – задоволително. Се трудите неколкуте килограми плус да ги покриете со гардеробата. Во друштвото одлично се снаоѓате, сите сакаат да излегуваат со вас, а вие и понатаму сте сингл. Во што е проблемот? Еве неколку ситници кои ќе ви помогнат да си одговорите на ова прашање.

1-zoshto-ne-sum-vo-seriozna-vrska-www.kafepauza.mk_

Работите многу: Состаноци, бизнис патувања, семинари… па ако имате малку време за себе, тогаш имате уште помалку за љубов. Мажите го гледаат тоа и затоа не очекуваат многу, и не пружат многу.

Не се одрекувате од ништо: Никогаш не би го откажале тренингот, чистењето на куќата, ручекот со пријателките и останатите задоволства, поради него? Зошто тогаш очекувате тој да вложи повеќе во вашата врска?

Правите драма околу сè: Малку драма е во ред, но ако постојано имате некој проблем, не очекувајте тој да го реши. Можеби и може, но вие потоа повторно ќе измислите нов проблем и така сè во круг. Таква не сте му потребна на никого.

Не знаете што сакате: И сакате и не сакате да сте во врска? Едно зборувате, друго правите? Со ова може да привлечете маж кој е исто така неодлучен како вас.

Многу барате, малку давате: Да, тој е ловецот, пуштете го да ве освои, но дајте му малку „ветар во грбот“. И тој ужива во комплиментите, сака внимание, подароци… сигнали кои ќе му покажат дека неговиот труд ќе биде возвратен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар