Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест

Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест

Сопствениците на кучиња честопати се прашуваат зошто нивните миленици јадат трева. Постојат неколку причини – прво, биолозите тврдат дека јадењето трева е нормална појава за кучињата, дури и за нивните диви „роднини“ (како волците) во природата.

Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест

Честопати кучето знае што му недостасува во исхраната, па затоа внимателно, преку избор на билки, го компензира она што му недостасува, објаснуваат ветеринарите.
Тревата може да биде добар извор на дигестивни ензими, калиум, хлорофил и растителни влакна. Затоа, не е неопходно да се крева паника секогаш кога кучето избра неколку вкусни стракчиња трева.

Кучињата понекогаш јадат трева од забава, бидејќи си играат на тој начин. Тоа не е проблематично, потенцираат ветеринарите, доколку тревата не е третирана со штетни пестициди.

Постојат ситуации кога јадењето трева може да укаже на посериозни проблеми и ќе биде потребна помош од ветеринар бидејќи постојат моменти кога кучето јаде поголема количина трева без да одбере специфичен вид и потоа повраќа. Во овој случај најверојатно станува збор за гастритис или гастроентеритис, состојба која кучето се обидува самото да ја реши преку гадење и предизвикување повраќање.

Ако тоа го прави повремено, неколку пати годишно, не треба да се загрижувате. Кучето веројатно изело нешто што не му одговара и инстинктивно си помага, велат стручњаците.

Но, ако забележите дека вашето домашно милениче редовно јаде трева и потоа повраќа, тоа сигурно има некаква форма на дигестивни проблеми и треба да се обидете да му ја промените исхраната, а доколку состојбата не се подобри, побарајте помош од ветеринар.

Можеби сакате да прочитате и зошто не треба вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар