Зошто кожата на партнерот е толку мека? Конечно го имаме одговорот!

Зошто кожата на партнерот е толку мека? Конечно го имаме одговорот!

Чувството на нежност кое го чувствувате секој пат кога ќе се припиете до кожата на вашето момче или девојка всушност не е реално, туку тоа е илузија која вашиот мозок ја креира за да го зголеми сексуалното задоволство.

0-zoshto-kozhata-na-partnerot-e-tolku-meka-konechno-go-imame-odgovorot-kafepauza.mk

Научници од универзитет во Лондон неодамна дознале зошто луѓето имаат чудно чувство на задоволство кога ќе се приближат до голото тело на партнерот. Според нив, овој феномен е само последица на активностите кои се одвиваат во мозокот за време на сексот. Просто кажано, нашиот мозок создава илузија за неверојатно мека и мазна кожа за да го унапреди сексуалниот однос или да го зајакне чувството на среќа и релаксација.

Луѓето кои учествувале во ова истражување, кожата на партнерот ја оценувале како „многу помека и посвиленкаста од сопствената“ без разлика дали тоа било вистина или не.

Според психолозите, илузијата е најсилна кога милувањето е во склад со специјализираниот систем во кожата кој е чувствителен на сексуални допири, кои со самото тоа го зајакнуваат сексуалното возбудување. Тоа значи дека човековиот нервен систем ќе даде најдобар одговор на бавни и исклучително нежни допири, типични за паровите во долги врски кои ги поврзуваат длабоки емоции.

Илузијата која тогаш настанува во нашиот мозок за партнерот со преубава кожа, всушност го открива механизмот на потсвеста според кој луѓето давајќи задоволство примаат уште поголемо задоволство и обратно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар