Зошто излегуваме со момци кои не ни се допаѓаат?
Дали некогаш сте виделе пар каде дечкото и девојката воопшто не си одговараат еден со друг? Ви се случило ли да излегувате со некој кој не ви се допаѓа и ни малку не е блиску до вашите критериуми? Да, ни се случило на сите нас. Еве зошто некогаш девојките излегуваат со момци кои не им се допаѓаат вистински.
Здодевно ви е
Сакате да излегувате и да се забавувате а тој ви го нуди потребното внимание. Па што?
Сите ваши пријателки имаат дечковци
Искрено, тешко е да бидете тринаесетто прасе. Постојано ги гледате вашите вљубени другарки и сакате и вие некој покрај себе. Подготвени сте да се задоволите со некој кој не ги исполнува вашите критериуми.
Сексот е одличен
И во тој случај ќе му простите што не изгледа како Рајан Гослинг.
Загрижени сте дека вашите стандарди и критериуми се превисоки
Па можеби треба да се задоволите со нешто помалку од вашето замислено совршенство.
Тој е премногу љубезен
Толку е добар, прави сè како што треба. Каде ќе најдете некој кој ќе ве третира така? А дури и да сакате да не излегувате повеќе, ќе ви биде жал да му раскинете на толку добро момче.
Неговото тело е како извајано
ОК, можеби нема лице на фотомодел ама неговите стомачни…
Свесни сте дека нема да биде вашиот иден сопруг, па не се грижите многу
Се забавувате и не се грижите бидејќи знаете дека е само минлива фаза во вашиот живот.
Ви го разубавува денот
Знае да ве насмее и расположи дури и кога сте депресивни.
Смачено ви е од излегувања и трагање по вистинскиот
Барањето партнер може да биде тешко. Треба повторно да се впуштате во морето со луди ајкули и да се трудите да го најдете вашиот тип.
Сепак, не заборавајте дека колку и да ви е забавно и која и да е причината поради кој излегувате со него иако не ви се допаѓа, бидете подготвени да ставите крај. Таквата врска нема да ве исполнува и вие заслужувате многу повеќе од тоа.