Зошто емпатите се најдобрите пријатели кои треба да ги имате во животот?

Зошто емпатите се најдобрите пријатели кои треба да ги имате во животот?

Животот е ураган од настани и хаотични доживувања, па затоа понекогаш ни треба оддишка. Нема ништо подобро од оддишка која нѐ теши, разбира и разговара со нас. Токму такви се емпатите. Тие се грижливи, лојални и полни со разбирање. Доколку познавате вакви луѓе, сигурно знаете дека тие се најдобрите пријатели што можете да ги посакате. Ова се 9-те причини зошто е тоа така…

Зошто емпатите се најдобрите пријатели кои треба да ги имате во животот?

1. Лечењето ги прави среќни

Дали ви е смачено од тоа сите да ве игнорираат? Дали сте уморни од тоа сами да си ги лечите раните? Емпатите се тука за да се погрижат за вас. Сите ние имаме проблеми, но прашањето е кој ќе ги чуе? Емпатите секогаш ќе бидат тука за вас. Тие обожуваат да ги лекуваат луѓето. Всушност, тие наоѓаат среќа во процесот на лечење. Емпатите ќе дадат сѐ од себе за да заздравите од скршеното срце или загубата на блиска личност. Тие ќе поминат со часови со вас, лечејќи ја вашата психолошка траума. Не треба да чувствувате грижа на совест поради тоа што сте им го потрошиле времето. Тие со задоволство биле тука за вас.

2. Многу се лојални

Емпатите никогаш не би ве излажале. Довербата им е многу важна, бидејќи знаат каква е болката предизвикана од повредените чувства. Нивната чувствителна природа им помага да ја ценат довербата. Доколку имате емпати во вашиот живот, можете да бидете сигурни дека тие никогаш нема да ги издадат вашите тајни и секогаш ќе бидат тука за да ви помогнат на секој можен начин. Емпатите се најлојалните пријатели што можете да ги имате.

3. Знаат да слушаат

Емпатите ги слушаат луѓето. Тие не ги слушаат само зборовите, туку ги набљудуваат и гестовите, говорот на телото и лесно можат да препознаат нечии емоции. Можете да им зборувате со часови и тие нема да ве прекинат. Тие ќе почнат да зборуваат откако ќе завршите. Освен тоа, емпатите ќе ги запомнат сите најситни детали што сте ги споделиле со нив. Разговорите со нив ќе ви помогнат да се опуштите.

4. Даваат најдобри совети

Емпатите го познаваат светот и ве познаваат вас. Најчесто, сите ние заглавуваме во вечната борба помеѓу логиката и емоциите. Емпатите знаат како да воспостават рамнотежа меѓу нив. Тоа е така благодарение на нивното знаење и способност да ги разбираат емоциите на луѓето. Нивните совети ќе ве направат среќни и задоволни, бидејќи тие знаат што е најдобро за вас. Емпатите знаат дека сите луѓе се различни, па затоа ќе ви дадат совет што ќе одговара на вашата ситуација и околности.

Зошто емпатите се најдобрите пријатели кои треба да ги имате во животот?

5. Никогаш нема да ве изневерат

Можете потполно да им верувате на емпатите. Дури и да ги повредите, тие никогаш нема да ви се одмаздат и да ве изневерат. Наместо тоа, тивко ќе страдаат.

6. Можат да ве разберат

Емпатите не мораат да се соочат со вашите проблеми за да разберат како се чувствувате. Ако им раскажете сѐ, тие нема да ве обвинат дека сте премногу емотивни, слаби или гневни. Тие ќе разберат зошто сте реагирале на одреден начин и ќе ви помогнат.

7. Знаат дека сите луѓе се различни

Емпатите знаат дека не постојат две исти личности. Доколку луѓето ве исмеваат поради необичниот стил на облекување или поради вашето поразлично мислење, емпатите ќе останат покрај вас. Тие разбираат дека постојат различни луѓе и го почитуваат нивниот избор.

8. Ги почитуваат луѓето

Емпатите ја разбираат вредноста на почитта. Тие ги почитуваат сите луѓе без разлика на возраста, ставот или професијата. Емпатите пренесуваат позитивни вибрации поради што секогаш ќе уживате во нивно друштво.

9. Знаат да простат

Нормално е да правите грешки. Емпатите го разбираат тоа. Признајте ја вашата вина и тие ќе ви простат. Емпатите знаат дека простувањето е најдобриот лек за уништените врски.

Емпатите ни го прават животот едноставен. Тие ни ги решаваат проблемите и нѐ прават среќни. Создаваат позитивна средина околу нас и ни помагаат да го постигнеме нашиот личен развој. Тие се навистина прекрасни пријатели, се согласувате?

Доколку сакате да дознаете дали припаѓате во оваа група на луѓе, прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар