Зошто е убаво да се работи во средина со други жени?
Автор: Софија Сионова
Луѓето често мислат дека работењето со други жени многу наликува на сцена од филмот „Злобни девојки“, но всушност е баш спротивно. Кога жените се побројни во работната околина постојат многу предности. Погледнете какви.
1. Никој не ве вознемирува на новогодишните забави
Секоја жена барем еднаш во животот се соочила со нафрлање од страна на некултурен маж. Кога работите со жени, ваквиот проблем на забавите на кои мора да присуствувате, едноставно не постои.
2. Дури и да ве вознемирува некој, колешките веднаш ќе притрчаат на помош
Во случај на присуство на пијани мажи на забавата, вашите колешки веднаш ќе почнат да ве бранат, а тој вечно ќе биде нарекуван со погрдни имиња.
3. Помали шанси за романси во канцеларијата (што пак е секогаш лоша идеа)
Романтичното сценарио кое ве вклучува вас и згодниот колега ги прави работите непријатни кога станува збор за работното место. Кога работите со жени, шансите за романса се намалуваат за 50%.
4. Вашите колешки имаат супер пријатели со кои сакаат да ве наместат
И едвај чекаат да го направат тоа.
5. Студиите покажуваат дека жените се под поголем стрес дома, отколку на работа
Значи ако на работа имате еден куп релаксирани и убави жени, атмосферата ќе биде многу попријатна, а со стресот ќе се справувате кога ќе дојдете дома.
6. Можете да си разменувате облека
Женската облека е многу поскапа од машката, а да не зборуваме за чевлите.
7. Некој секогаш ќе ви покаже каде се наоѓа тоалетот на првиот работен ден
Мажите кои ви се претпоставени никогаш нема да го направат тоа.
8. Сте имале слични искуства
Без разлика дали во сферата на секојдневниот живот (љубовни состаноци, свадби и сл.) или во работата, се разбирате и можете меѓусебно да си помогнете.
9. Ги сакате истите ТВ серии и филмови
Како „Сексот и градот“, „Совршен глас “, „Портокаловата е новата црна“ и многу други кои секојдневно се тема на разговор во канцеларијата.
10. Роденденските изненадувања се најубави
За разлика од мажите, жените паметат многу повеќе детали, па затоа за вашиот специјален ден ќе се помачат, но сепак ќе го пронајдат совршениот подарок.
11. Најверојатно имате барем една повозрасна колешка на чиј живот и кариера се восхитувате
И таа жена ќе ве советува за ситуации кои вам ви изгледаат како нерешливи бидејќи сте млада.
12. Вашите колешки ве мотивираат да бидете подобри/попаметни/посмешни
Женското ривалство е една од најмоќните работи во бизнисот. Па, кога сте околу жени со добра смисла за хумор кои работат напорно, по автоматизам сакате да сте дел од нив.
13. Колешките генерално ве почитуваат како личност
Не ве гледаат како роб или како објект туку ја добивате почитта која ја заслужувате.
14. Во случај блузата да ви биде откопчана колешките љубезно ќе ви кажат, а нема да се ѕверат во деколтето
Дури и колешките-лезбејки би ви кажале, бидејќи секој знае колку непријатна може да биде ситуацијата.
15. Секогаш ќе бидете известени за попустот во вашата омилена продавница
Да не беа шушкањата на вашите колешки, немаше да ја имате таа прекрасна свилена кошула која ја купивте по двојно пониска цена.
16. Ако плачете во тоалетот некој веднаш ќе забележи и ќе знае точно што треба да направи
Колешка никогаш не би осудувала кога се работи за момче или некоја емотивна драма што на мажите би им била смешна.
17. Знаат кога треба да ве остават на раат
Жените понекогаш едноставно сакаат да бидат оставени на раат, без прашања, без нудење помош и можни решенија на проблемите. За разлика од нив, мажите уште при првата солза веднаш ќе се понудат да ве однесат во болница.
18. Некој секогаш има тампон
Секогаш.
19. Слободно можете да зборувате без да креирате нова персона за да им се допадне на вашите колеги
Не дека треба да се адаптираме на машкото мислење, но повеќето жени се грижат да остават впечаток дека тие не се „таков тип девојка“ или „онаков тип вработена жена“ во средина каде што доминираат мажите. Кога сте опкружени со жени ваков проблем не постои.
20. Никој не мисли дека премногу шефувате ако имате лош ден
Видете сѐ погоре. Ќе бидете разбрани и оставени на мир.
21. Некој секогаш има препорака каде да одите вечерта
Вечерта е секогаш позабавна кога сте опкружени со успешни и паметни жени, и плус ги знаете и посетувате сите позначајни случувања во градот.
22. Разбираат кога ќе дојдете по патики, а потпетиците ги оставате покрај бирото
Време е за вистината: Високите потпетици колку што се убави, толку се и болни за носење.
23. Го разбираат заминувањето на породилно и се борат за да го добиете
Постојат мажи кои сметаат дека носењето нов живот на свет е мала работа. Не дека и тие не излегле од истото место, но добро…
24. Жените се позагрижени за платите
Во средина каде доминира жената таа ќе се бори за доброто на сите. Помала е веројатноста дека жената нема да биде загрижена за доцнењето на платите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.