Зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?

Зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?

Бадемите се вистинска „ризница“ на хранливи материи. Богати се со витамини и минерали, а во помали количини и здрави масти. Но, пред сè, тие се многу вкусни! Сепак, пред да уживате во нивниот вкус, оставете ги натопени во вода преку ноќ.

Зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате?

Постојат неколку причини зошто е добро да ги оставите бадемите во вода преку ноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност. Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите доколку ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.

Главната причина поради која треба да ги оставите во вода е бидејќи на тој начин се намалува количината на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, што, од друга страна, може да ја намали апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување на големи количини полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот). На овој начин телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи и тие ќе бидат посварливи од вообичаеното.

Како да ги подготвите?

Бадемите можете да ги чувате во вода 20 минути или неколку часа, но најдобро е 24 часа. Во стаклена тегла со капак ставете приближно 250 грама бадеми и прелијте ги со топла вода. По 12 часа сменете ја водата и оставете ги во теглата уште 12 часа. Теглата можете да ја чувате во фрижидер. Пожелно е и да додадете една до две лажички сол по промената на водата.

Откако прочитавте за бадемите и начинот за нивна консумација, можеби ќе сакате да прочитате и за моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар