Зошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?

Зошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?

Воспоставувањето рамнотежа помеѓу училиштето/професионалниот и приватниот живот е исто толку важно за возрасните како и за децата. Кога ќе пораснат тие ќе бидат соочени со предизвикот да го планираат своето време на ефикасен начин. Тоа ќе им помогне да ги постигнат своите цели и да ги реализираат своите планови. Постојат безброј начини на кои можеме да го трошиме времето и затоа е важно да усвоиме одредени вештини за негово управување. Тие ќе ни помогнат да донесеме правилни одлуки со тоа што ќе им посветиме време на оние нешта што се важни за нас.

Зошто е потребно децата да научат како да го планираат времето?

Свеста за концептот на времето е нешто што се развива подоцна во развојот на личноста и не постои човек кој не ги искусил негативните последици од непрепознавањето на неговата важност. Како да го научите детето да се справи со многубројните обврски – училиште, домашни работи, спорт, хоби? Децата учат доколку сте трпеливи со нив, но во голем дел од случаите тие ги имитираат родителите кога станува збор за управување со времето. Важно е да се знае дека управувањето со времето не е само одговорност на децата, туку тоа е колективна обврска на целото семејство, особено на родителите.

Еве на кој начин децата можат да станат повеќе свесни за концептот на трошење на времето.

1. Поставување реална цел

Треба да им поставите реална цел на децата во согласност со нивните способности. За таа цел треба да бидете свесни за тоа што можат децата да постигнат во даден временски период.

2. Развивање свест за времето

Изгубеното време не се враќа. Помогнете им на децата да развијат поголема свест за времето со тоа што ќе ги научите како да направат проценка на потребното време за извршување на рутинските задачи. Притоа, важно е да ги разберат и потенцијалните последици од доцнењето. За децата кои имаат потешкотии да се префрлат од една на друга активност, родителите треба да ги потсетат за преостанатото време од активностите.

3. Време за спиење

Децата на возраст од 5 до 12 години имаат потреба од 10 часа сон дневно. Поставете разумно време за одење в кревет и придржувајте се до него.

4. Планирање и организирање

Добро би било доколку ги поттикнувате вашите деца самите да си ги планираат активностите. Дали детето треба да ги пакува своите книги, тетратки и училишен прибор? Дали му треба спортска опрема после училиште? Можете да почнете на тој начин што ќе го насочите самото да си го спрема училишниот ранец, како и да си ги подготвува облеката и обувките.

5. Утврдување на работниот простор

Работниот простор е важен за стекнување работни навики кај децата, затоа потребно е да биде добро осветлен и проветрен. Децата треба самите да го спознаат својот ритам на учење. Кога ќе се утврди оптималното време за учење во текот на денот, важно е детето да го почитува секој ден. На тој начин тоа ќе создаде навика да ги извршува училишните обврски секој ден во истото време. Поттикнете ги децата да развијат своја рутина.

6. Отстранете ги „крадците на времето“

Доколку детето е зависно од телевизија, телефон, компјутерски игри или социјални мрежи, неопходно е да наметнете ограничувања. Интернетот може да биде добра алатка кога станува збор за истражување, но и причина за одложување на важни задачи.

7. Планирајте време за одмор

Покрај толкуте многу обврски, децата заслужуваат и одмор. Организирајте активности во природа каде децата ќе можат да се релаксираат и да ги наполнат батериите.

Откако дознавте на кој начин да го доловите концептот за ефикасно справување со времето кај децата, можеби ќе ве сакате да прочитате и кои се 8-те методи на воспитување што ги користат родителите на успешните деца.

Извор: centarzdravlja.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар