Зошто е подобро да се трча ноќно време?

Зошто е подобро да се трча ноќно време?

Со години и години слушаме како е најдобро наутро да појдеме на трчање или да вежбаме по дома. Сепак неколку современи фитнес експерти истакнуваат дека многу е подобро да се трча навечер, бидејќи ноќно време се согоруваат поголем број масти, а дополнително се ослободуваме од стресот и напнатоста.

Зошто е подобро да се трча ноќно време?

Сите оние кои се оправдуваат со фактот дека поради тоа што до касно работат не можат да вежбаат, повеќе ќе немаат начин за оправдување за неактивниот живот. Токму после еден долг напорен ден, ноќта е совршеното време за вежбање, а притоа ќе имате и многу погодности. Научниците докажале дека оние кои трчаат ноќно време спијат подобро, подобро ја трошат својата енергија и поефикасно го спремаат телото за одморање.

Можеби дополнителен факт кој ќе ве мотивира да трчате навечер е тоа што наутро не морате да се форсирате за да стигнете да ги направите сите утрински рутини, да повежбате и притоа да стигнете навреме на работа.

Сепак, најголема предност од вечерното трчање е тоа што се согоруваат многу поголем број калории. После целодневното јадење, вечерното трчање доаѓа одлично за вашата линија.

Пред трчањето убаво истегнете се и не претерувајте со истрчаната должина доколку сте почетник. Исто така, не се форсирајте да трчате постојано. Трчајте одредена дистанца, па потоа поодете за да ви се опуштат мускулите и за да фатите здив, а потоа продолжете со трчање. Трчајте во светла облека, за да бидете повидливи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар