Зошто е добро да се пие јогурт?
Покрај тоа што е многу вкусен, јогуртот е и многу корисен за нашето здравје. Препорачливо е да се консумира секојдневно поради неговите благотворни дејства. Ова се само пет од нив.
Витка линија
Јогуртот е нискокалоричен и богат со калциум. Калциумот го поттикнува лачењето на хормонот кортизол, кој го олеснува губењето на вишокот килограми, додека аминокиселините во него помагаат при топењето на масните наслаги.
Бели заби
Иако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува појава на кариес. Бидејќи е богат со калциум, јогуртот ја чува белината на забите, додека млечната киселина ги штити непцата.
Целокупно здравје
Благодарение на корисните бактерии кои ги содржи, јогуртот нè штити од штетните микроорганизми. Доколку сакате да го регулирате варењето на храната и да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогнат јогуртите кои содржат посебна врста пробиотици. Поточно, пробиотиците делуваат како природни антибиотици и се многу корисни за спречување на настинки и развој на бактерии во организмот.
Витамини и минерали
Млечните производи се богат извор на протеини, минерали и витамини. Само една чаша јогурт изобилува со калциум, магнезиум, цинк, фосфор, јод, витамини Б5 и Б12 и многу други корисни материи.
Регулирање на притисокот
Дури 70% од луѓето во организмот внесуваат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумерната количина на внесена сол доведува до повишен крвен притисок, како и до болести на срцето и бубрезите. Калиумот и калциумот во јогуртот го исфрлаат вишокот од сол внесен во организмот, а преку тоа го намалуваат и притисокот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Корисни информации и совети во врска со јогуртот.
Благодарност!