Знаци кои покажуваат дека сте „прегореле“ на работното место
Менталното прегорување на работното место станува сè почесто, а неговото влијание на физичкото и менталното здравје е навистина сериозно. Доколку почувствувате некој од следниве 5 симптоми, време е за промена.
- Болка: Болка во стомакот, мускулите и главоболки што се повторуваат.
- Гнев: Често експлодирате и лесно се лутите.
- Рамнодушност: Сте ги изгубиле мотивацијата и интересот за работното место.
- Цинизам: Се чувствувате песимистично и цинични сте кон сè што се случува.
- Замор: Без разлика колку добро сте спиеле, сепак се чувствувате уморно и пасивно.
Ако сметате дека навистина сте прегореле, секогаш можете да побарате помош од професионалец. Ако чувствувате кој било од симптомите подолго од две недели и ако тие ви го попречуваат нормалното функционирање, најдобро е да се обратите кај вашиот лекар. Исто така треба да размислите како можете и самите да си помогнете. За почеток добро е да се прашате како се грижите за себе и за вашите потреби.
Не треба да бидете престроги кон себе доколку сметате дека не се грижите доволно за себе. Повеќето луѓе би требало многу повеќе да се грижат за нивното ментално и физичко здравје. Доколку не знаете од каде да почнете, пробајте со вежбање, квалитетен сон, дружење и здрава исхрана. Истражувањата покажале дека здравите навики во овие области се од помош и за физичкото и за менталното здравје.
Можете да ги следите следниве совети за подобра грижа за себе.
- Вежбање: Секој ден вежбајте најмалку 30 минути. Можете да вежбате и во интервали, на пример 3 пати по 10 минути.
- Спиење: Потребно е да воспоставите ритам на спиење што ви одговара и да го следите секоја вечер, дури и за време на викенди.
- Свесност: Секој ден посветувајте 10 минути на себе и на размислувањето за вашите одлуки.
- Дружење: Секој ден дружете со пријателите и семејството. Тоа може да биде телефонски разговор, кратка прошетка и слично.
- Исхрана: Исфрлете ја преработената и брзата храна и водете дневник за исхрана.
Целта е истовремено да работите на сите области што влијаат на вашето физичко и ментално здравје. Не е добро да одберете само една, а да ги занемарите другите. Постепено воведувајте ги новите навики и ќе го подобрите вашиот живот.
Погледнете и како да се справите со стресот на работното место и да го зачувате психичкото здравје.