Знаци кои покажуваат дека на вашето тело му недостасуваат протеини
Протеините се важен дел од исхраната. Тие се одговорни за градењето мускули, за растот на косата и ноктите и учествуваат во создавањето на хемоглобинот кој го разнесува кислородот низ телото. Но бидејќи во последно време многу луѓе исфрлаат цели групи храна, важно е да знаете кои се знаците што покажуваат дека на вашето тело му недостасува оваа хранлива материја.
Желба за благо
Протеините го задржуваат чувството на ситост и го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Ако нивото на шеќер во крвта не ви е нормално, можно е да чувствувате намалена енергија, што значи дека треба да го зголемите внесувањето протеини.
Намалена концентрација
Без доволно протеини, нивото на шеќер во крвта се намалува, па ја губите и концентрацијата. Протеините му помагаат на мозокот да остане фокусиран во секој момент.
Слабост во мускулите
Ако сте забележале дека ви станува потешко да ги однесете намирниците од автомобилот до дома, тогаш виновен е вашиот начин на исхрана. Кога не внесувате доволно протеини, телото почнува да ги користи од мускулите и другите ткива. Со ова се намалува мускулната маса како и вашата сила, па може да имате проблеми со изведување дури и на наједноставните задачи.
Паѓање на косата
Протеините имаат важна улога во растот на косата и ја одржуваат цврстината на фоликулите на главата. Ако сте забележале дека ви паѓа повеќе коса од вообичаено, можеби треба да го зголемите внесувањето протеини.
Постојан замор
Овде станува збор за чувство на замор кое трае во текот на целиот ден. Доколку попладне чувствувате силна потреба за одмор, веројатно имате недостаток на протеини. Заморот не мора да е само физички, и менталниот недостаток на мотивација понекогаш е поврзан со намаленото внесување на протеини.
Чувство на глад
Протеините ве заситуваат и го потиснуваат чувството на глад до следниот оброк. Истражувањата покажале дека со консумирањето протеини за време на појадокот ќе си помогнете да јадете помалку храна во текот на денот.
Погледнете ги и работите кои би требало да ги знаете за протеините.